Тешко ли е да се биде херој?

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Темава ја отворат тука, затоа што искрено прашањево е по малку филозофско. Ме интересира вашето мислење во следната насока:

Тешко ли е да се биде херој во животот? Тешко ли е да бидеш најдобар? Тешко ли е да се разликуваш од другите? Да бидеш посебен?

Дали е тешко да бидеш победник? Да бидеш еден и единствен кој сите ќе го сакаат и почитуваат?

Тешко ли е да станеш кошаркар, кој ќе биде гордост за македонците? Тешко ли е да бидеш доктор и секојдневно да правиш среќни еден куп луѓе? Тешко ли е да бидеш идол на луѓето? Што значи да бидеш човек омилен во средината?

Тешко ли е да бидеш Тоше и сите да те обожаваат?

Тешко ли е да најдеш нешто во кое ќе бидеш подобар или најдобар од другите?

Тешко ли е да најдеш професија со која ќе им помагаш на луѓето?

Тешко е да се биде херој?
 
Noorotic

пецач на риби
Член од
22 февруари 2011
Мислења
892
Поени од реакции
383
тешко ми е, да беше лесно сите ке беа...
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
Нив не им е тешко зашто го прават тоа што го сакаат, тешко е ако со сила се обидуваш да бидеш нешто што не си
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.249
Поени од реакции
12.260
Хм, јас сум како Печорин, лик од „Херој на нашето време“ од Лермонтов!
И не е воопшто тешко!
Херој не значи најдобар, најпаметен, најпожртвуван!
Значи да си надвор од стадото, над стадото!
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
Хм, јас сум како Печорин, лик од „Херој на нашето време“ од Лермонтов!
И не е воопшто тешко!
Херој не значи најдобар, најпаметен, најпожртвуван!
Значи да си надвор од стадото, над стадото!
Значи да не си овца туку биди овчарот:)
 
S

smexy

Гостин
Дали навистина постojaт дефинитивни атрибути и одлики кои треба да ги поседува еден херој?
Еден војник во Ирак ќе биде одликуван како херој, но за мене некој кој имал score count на тоа колку алах еклери и цивили убил, не е херој.
 
B

Black Guard

Зошто бе не е херој-добил наредба и ја извршува.
 
Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
Зошто бе не е херој-добил наредба и ја извршува.
затоа шо он отишол таму ради пари а не ради некоја друга цел... пр да ослободува некого.. отишол ради тоа шо дома не можел да најде друга работа која ќе биде толку добро платена како таа.. тоа мислиш дека го прави херој?
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
ХЕРОЈ!!!Порано тоа се правеше од патриотизам,а сега се прави за пари
 
Член од
18 мај 2010
Мислења
149
Поени од реакции
54
Херој лесно се станува, треба само да им се допадне на одреден круг на луѓе тоа што го правиш и ќе те сметаат за херој, потешко е да бидеш човек.
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.079
А што ке ти е да станеш херој.Тоа е една состојба кога покрај милион добри дела што си ги направил,сите очекуваат да кикснеш за да може да се ситат и да речат дека си лош.На крај само лошите дела се бројат,бар така функцонираат луѓето.
А поимот херој гледам дека го мешаш со пополарност и со професија.Херој би бил кога би влегол во запалена куќа за да спасиш непознат човек и др. слични примери.Значи треба својот живот да го ризикуваш за да спасиш некој друг или да направиш големо добро...и тоа успешно....за жртвата да не ти е за џабе :D
Но верувајми,колку добрини да направиш,колку храбри подвици да имаш,никој нема да те запамети.Денеска поважно е да се знае Кардашијан какви гаќи има,дали Бритни ослабела и кога ќе се мажи Анистон....
Ете затоа е тешко да се биде херој,помешани се вредностите.
Дури и да го спасиш цел свет од некоја катастрофа верувај ми дека на вестите ќе се појавиш во прилог пократок од 1 мин.
Бар така мислам.
 
Член од
1 февруари 2010
Мислења
120
Поени од реакции
41
Секако дека е тешко ... Тоа е голема одговорнос ... Останатите ќе се потрудат да те оцрнат на секој можен начин ... Има многу луѓе кои живеат да им наштетат на другите, а хероите секогаш им се мета :)
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
А што ке ти е да станеш херој.Тоа е една состојба кога покрај милион добри дела што си ги направил,сите очекуваат да кикснеш за да може да се ситат и да речат дека си лош.На крај само лошите дела се бројат,бар така функцонираат луѓето.
А поимот херој гледам дека го мешаш со пополарност и со професија.Херој би бил кога би влегол во запалена куќа за да спасиш непознат човек и др. слични примери.Значи треба својот живот да го ризикуваш за да спасиш некој друг или да направиш големо добро...и тоа успешно....за жртвата да не ти е за џабе :D
Но верувајми,колку добрини да направиш,колку храбри подвици да имаш,никој нема да те запамети.Денеска поважно е да се знае Кардашијан какви гаќи има,дали Бритни ослабела и кога ќе се мажи Анистон....
Ете затоа е тешко да се биде херој,помешани се вредностите.
Дури и да го спасиш цел свет од некоја катастрофа верувај ми дека на вестите ќе се појавиш во прилог пократок од 1 мин.
Бар така мислам.
1 минута ма нема шанси нема они да си пуштаат реклами да ќарат, тебе ќе те даваат една мин. за што дека си го спасил светот пфф :D Се е мавнато со воден чарап :pos:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom