Тетоважи

ХулахопкиСоТочки

Out of step with the world
Член од
9 август 2014
Мислења
1.494
Поени од реакции
5.250
Дали би било во ред да се стави тетоважа доколу на местото каде што сакаш да ја ставиш имаш белег од раѓање, дали влијае на кожата или може да има некакви последици?
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.863
Поени од реакции
6.370
Има некој искуство со скалп микропигментација ? Тетовирање точки на главата, како замена за пресадување коса . Скоро имаше во весник дека Дадар во СК се бави со тоа и као е мегахит..... Јас сакам кај мојот локален тату мајстор да си го сгуснам скалпот, значи не мие е скрос опадната косата, туку ми е проретчена на скалпот. По интернет има доста добри примери, сите кој од кој позадоволен после третманот.... ШТо мислите ? Совети ? Има некој искуство ? Споделете.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Другарчиња да не знаете случајно некој во Скопје да прави тетоважи од кна на раце(мандала/менди) стил :)...позз
Провери во татуу студиото шо е на самата улица од влада према фонтана парк (спроти салонот на дадар) некаде на средина од улицата

Sent from my SM-G935F using Tapatalk
@bella_madchen во таков случај ако отидеш да направиш тетоважа од к'на на ова место кое ти го кажа @SaLt би те замолил ако сакаш да споделиш дали прават таму привремени тетоважи и ако прават која цена се и колку се безбедни:)

Има некој искуство со скалп микропигментација ? Тетовирање точки на главата, како замена за пресадување коса . Скоро имаше во весник дека Дадар во СК се бави со тоа и као е мегахит..... Јас сакам кај мојот локален тату мајстор да си го сгуснам скалпот, значи не мие е скрос опадната косата, туку ми е проретчена на скалпот. По интернет има доста добри примери, сите кој од кој позадоволен после третманот.... ШТо мислите ? Совети ? Има некој искуство ? Споделете.
Не сум нешто претерано упатен на тема микропигментација, но еден период и јас истражував за микропигментацијата, затоа што и јас мислев да ја направам со цел да се покрие келавоста, и дојдов до неколку заклучоци. Микропигментацијата се преви со краткотраен пигмен (читај пигмент со трајност од 1 - 3 години), а не со траен пигмент како за трајна тетоважа. Потоа микропигментацијата ја прават со микроигла со едно специјално апаратче кое многу се разликува од тетовирањето со класична машинка за тетовирање кај обичен мајстор за тетоважа. Ако ја импровизираш микропигментацијата кај мајстор за тетоважа со траен пигмент, подоцна ако сакаш да ја отстраниш единствениот начин ти е ласерско отстранување на тетоважа што не ти гарантира 100% непознавање на тетоважата. И како последно и доста важно, микропигментација кај фризери и не е нешто најсигурно, а можеби и не е најестетски добро. Подобро упати се во некои клиники за естетика, трихологија или антиагинг центри, какви што има во земјите од соседството.
 
Последно уредено:

Малку ме подуплаши сега.. бидејќи веќе имам закажано термин. Инаку мојов тату мајстор рече дека ќе ги прави точките со најмалата игла ... А боите рече доколку се изложувам почесто на сонце дека ќе се изгуби.. ќе избледне.. што е нормално.. Инаку зошто би сакал да ги одстранам со ласерски третман? Не е слика, стандард тату, туку се работи за имитација на коса.. само би можел да ја повтарам некогаш кога би избледнале боите.. каква е таа специјална машинка за микропигментација ? Благодарам на споделеното друже....
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Исто ли е ова со тие веѓи што тетовираат? Ако е исто, тогаш изгледа убаво.
 
Саркастичен си o_O ? Мене тетовирање веѓи ми изгледа грозно... Микропигментација е тетовирање микро точки на главата... е сега убаво незнам дали изгледа, но сигурно е поубаво од предходно кога си ќелаф...
 
Не бе, озбилно, коа бев да се тетовирам последен пат една жена праеше веѓи и баш убаво изгледаа, секако поубави од цртани со молив.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Саркастичен си o_O ? Мене тетовирање веѓи ми изгледа грозно... Микропигментација е тетовирање микро точки на главата... е сега убаво незнам дали изгледа, но сигурно е поубаво од предходно кога си ќелаф...
Не бе, озбилно, коа бев да се тетовирам последен пат една жена праеше веѓи и баш убаво изгледаа, секако поубави од цртани со молив.
Тоа мислам дека спаѓа под трајна шминка :) Се заинтересирав зошто по грешка ми се јавија еднаш на телефон дали сум правела трајна шминка :pos: и пишав на гугл да видам што е :D Доста жени го прават.
 
Може и тоа е, со едно како пенкало и точкаше по веѓите а не со класична машинка за тетовирање. :D
 
Boogie

no pain no game
Член од
4 декември 2005
Мислења
985
Поени од реакции
544
Саркастичен си o_O ? Мене тетовирање веѓи ми изгледа грозно... Микропигментација е тетовирање микро точки на главата... е сега убаво незнам дали изгледа, но сигурно е поубаво од предходно кога си ќелаф...
Да не бидам негативец но морам да сум искрен - некој многу те лаже или па и тој што ти го кажал ова поима нема што е микропигментација. Исто како и со трајната шминка кај нас ке завршите со трајна тетоважа бидејќи боите за микропигментација се специјални, боите се многу скапи и обично само веѓи коштаат 200-300 евра а да се истетовира коса поооо треба многу боја :)
Кинезите го ебаа светот, се има фалш но и многу опасно по здравје, внимавај на што ке налеташ,прашај за искуствата,побарај слики дали има работено и какви се искуствата за после тетовирањето - не е играчка тетовирањето!
Барем не за мене!

Sent from my iPad using Tapatalk
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Малку ме подуплаши сега.. бидејќи веќе имам закажано термин. Инаку мојов тату мајстор рече дека ќе ги прави точките со најмалата игла ... А боите рече доколку се изложувам почесто на сонце дека ќе се изгуби.. ќе избледне.. што е нормално.. Инаку зошто би сакал да ги одстранам со ласерски третман? Не е слика, стандард тату, туку се работи за имитација на коса.. само би можел да ја повтарам некогаш кога би избледнале боите.. каква е таа специјална машинка за микропигментација ? Благодарам на споделеното друже....
Мој совет ти е да си откажеш што побрзо, затоа што еден ден ќе се каеш за стореното. Еве и поопширно ќе ти објаснам во неколку точки, затоа што и јас еден период мислев да го направам тоа за да ја прекријам келавоста.

1. Обичната тетоважа премногу се разликува од микропигментацијата, па одтаму и се разликува и начинот на правење на трајната тетоважа од начинот на правење на микропигментацијата, како и обученоста на мајсторот за тетовирање и обученоста на оној кој ја работи микропигментацијата.

2. Ни најмалата игла од машинката за тетовирање не одговара на иглата од машинката за микропигментација. Меѓу другото, длабочината на навлегување на иглата за обична тетоважа и длабочината на навлегување на иглата за микропигментација е различна.

Машинката за тетовирање личи вака.......

А машинката за микропигментација личи вака.........

3. Пигментот за трајна/обична тетоважа и пигментот за микропигментација не е ист вид на пигмент, како по трајност, така и по функција. Пигментот за трајна тетоважа трае цел живот, а пигментот за микропигментација ќе се изгуби во рок од некои 3 години (може и помалку, може и повеќе, се зависи од изложеноста на сонце и од активноста на лимфниот систем врз пигментот). Тоа што ти рекол мајсторот за тетоважа дека со тек на времето ќе избели е точно, но избели и исчезне не е исто. Се надевам дека не сакаш после одреден број години да имаш избелени зелени точки во главата, туку нешто што визуелно ќе наликува на тоа дека имаш коса. Кога пигментот од микропигментацијата ќе исчезне ти ќе можеш повторно да направиш микропигментација, но и тешко дека сите избелени точки од тетоважата ќе ги повториш идентично и истото ќе изгледа природно. А ако се решиш на ласерско отстранување на трајните точки/тетоважа, најпрво ќе минеш низ еден болен и подолг процес кој не ти гарантира дека целосно нема да се познава избришаната трајна тетоважа.

4. Потоа гледано и од медицинска страна, за која најверојатно голем број од љубителите на тетоважа ќе ја промрчат. Трајниот пигмент поретко, но сепак знае и да направи проблем при правење на магнетна резонанца, за разлика од пигментот за микропигментација кој најчесто e на растителна база и најважното од се е антиалергисики.

5. Дебелината на обичната игла за тетовирање, нејзината длабочина на навлегување во кожата, како и бојата и квалитетот на пигментот се поразлични од оние за микропигментација. Оние кои се наменети за тетовирање служат за создавање уметност, да не речам цртање, за разлика од оние на микропигментацијата кои се наменети во естетски, па и во медицински цели. Сега можеби некои мајстори за тетоважа ќе речат дека и они знаат да ја работат микропигментацијата, но верувај дека не е тоа тоа. Се надевам дека со овој потег сакаш да ја подобриш естетиката, а не да ја нарушиш.

Веројатно сакаш да добиеш со микропигментација ваков ефект........

..., а не ваков.....................

Тоа ти е истиот пример за кој ти рече дека тетовираните веѓи ти изгледаат одвратно. Има разлика помеѓу тетовирани веѓи кои изгледаат вака.......

........ и веѓи изработени со микропигментација, кои изгледаат вака..........

6. Исто така сите луѓе немаат ист праг на болка. Некои од мајсторите за тетоважа користат анестетици во вид на креми, но некои и не користат. За разлика од обичното тетовирање при микропигментацијата се користат и ефикасни анестетици во вид на креми, но може да се користи и блага локална анестезија.

7. Точка за кој мислам дека е и најбитна. Микропигментацијата е нешто кое се прави исклучително кај професионалци. Веѓите ги работат многу козметички студија, но само од неколку козметички студија можеш да видиш веѓи за кои неможеш да препознаеш дали е нешто правено на нив или не. А конкретно за микропигментацијата кај нас тоа е нешто невидено и несигурно. Мое студио Дадар почнале да го работат, но јас лично незнам колку е добро да направиш микропигментација на скалпот кај фризер. Колку и професионално они да работат сепак е тоа нешто ново, па донекаде и неиспробано и невлезено во секојдневна пракса, за разлика од некои земји во соседството. А и цената е доста голема кај него. Мој совет ти е да се распрашаш и консултираш со Micro Hair Clinic од Србија. Јас веќе еднаш дојдов во контакт со нив и добив повратен одговор дека цената за микропигментација за тип на келавост како мојата изнесува околу 600 - 700 евра.

Се надевам дека колку толку ти помогнав и дека ќе го направиш вистинскиот избор и ќе не известиш што си направил:)
 
Последно уредено:
Член од
15 март 2010
Мислења
5.863
Поени од реакции
6.370
@Sungerot Bob Госпо здравје да ти даде брату. И јас денес пребарував повеќе околу ова, и јас дојдов до слични заклучоци. Со твојот пост уште толку ми се запечати одлуката место тетовирање коса, терминот да го искористам за тетовирање Јуве стајл тетоважа :icon_mrgr: ... па за ова косава понатаму ќе му ја мислиме здравје боже...
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
@Sungerot Bob Госпо здравје да ти даде брату. И јас денес пребарував повеќе околу ова, и јас дојдов до слични заклучоци. Со твојот пост уште толку ми се запечати одлуката место тетовирање коса, терминот да го искористам за тетовирање Јуве стајл тетоважа :icon_mrgr: ... па за ова косава понатаму ќе му ја мислиме здравје боже...
Драго ми е што ти помогнав. И мој совет ти е да не ја оставаш косата за понатаму. Од мое искуство ти го кажувам тоа. Подобро да спречиш на време, отколку еден ден да лечиш. Закажи си на дерматолог и добиј мислење, но не прифаќај и секаква терапија. Јас минав и низ тие стравови за келавоста, и низ одолговлекување на лекувањето на келавоста, и низ размислување за микропигментација и некои други останати алтернативни решенија, и низ терапија, и од се можам да заклучам дека нема ништо подобро од трансплантацијата на коса. Штета што немам пари за да ја направам, но ни една тетоважа, ни една терапија неможе да ја замени и да го направи она што со неа може да се направи.
 
Член од
3 мај 2015
Мислења
206
Поени од реакции
180
@bella_madchen во таков случај ако отидеш да направиш тетоважа од к'на на ова место кое ти го кажа @SaLt би те замолил ако сакаш да споделиш дали прават таму привремени тетоважи и ако прават која цена се и колку се безбедни:)

Не сум нешто претерано упатен на тема микропигментација, но еден период и јас истражував за микропигментацијата, затоа што и јас мислев да ја направам со цел да се покрие келавоста, и дојдов до неколку заклучоци. Микропигментацијата се преви со краткотраен пигмен (читај пигмент со трајност од 1 - 3 години), а не со траен пигмент како за трајна тетоважа. Потоа микропигментацијата ја прават со микроигла со едно специјално апаратче кое многу се разликува од тетовирањето со класична машинка за тетовирање кај обичен мајстор за тетоважа. Ако ја импровизираш микропигментацијата кај мајстор за тетоважа со траен пигмент, подоцна ако сакаш да ја отстраниш единствениот начин ти е ласерско отстранување на тетоважа што не ти гарантира 100% непознавање на тетоважата. И како последно и доста важно, микропигментација кај фризери и не е нешто најсигурно, а можеби и не е најестетски добро. Подобро упати се во некои клиники за естетика, трихологија или антиагинг центри, какви што има во земјите од соседството.
@bella_madchen во таков случај ако отидеш да направиш тетоважа од к'на на ова место кое ти го кажа @SaLt би те замолил ако сакаш да споделиш дали прават таму привремени тетоважи и ако прават која цена се и колку се безбедни:)

Не сум нешто претерано упатен на тема микропигментација, но еден период и јас истражував за микропигментацијата, затоа што и јас мислев да ја направам со цел да се покрие келавоста, и дојдов до неколку заклучоци. Микропигментацијата се преви со краткотраен пигмен (читај пигмент со трајност од 1 - 3 години), а не со траен пигмент како за трајна тетоважа. Потоа микропигментацијата ја прават со микроигла со едно специјално апаратче кое многу се разликува од тетовирањето со класична машинка за тетовирање кај обичен мајстор за тетоважа. Ако ја импровизираш микропигментацијата кај мајстор за тетоважа со траен пигмент, подоцна ако сакаш да ја отстраниш единствениот начин ти е ласерско отстранување на тетоважа што не ти гарантира 100% непознавање на тетоважата. И како последно и доста важно, микропигментација кај фризери и не е нешто најсигурно, а можеби и не е најестетски добро. Подобро упати се во некои клиники за естетика, трихологија или антиагинг центри, какви што има во земјите од соседството.
@SaLt да не знаеш случајно како се вика студиото кај влада?
@Sungerot Bob ќе прашам и ќе ти кажам позз
 
Kajgana Shop

На врв Bottom