Терористички напади во светот

Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.285
Поени од реакции
43.054
mental health discussion: *exists*
me: *summoned*

Никој не се раѓа со психолошки дисфункции (избегнувам да ги нарекувам болести бидејќи тие не се буквални болести туку се само начини на справување со болка). Тоа што во меинстримот имаме потреба да ги нарекуваме „болни“ луѓето кои направиле нешто што ние го сметаме за лошо, произлегува потребата ние да си го дистанцираме егото (сликата за себе, како ние се гледаме себеси) од таа личност и тоа што го направила таа личност.

Постои голема емоционална девијантност во светот, а тоа доаѓа примарно од емоционалната неписменост. Оди до степен до кој не ни приметуваме дека постои некаква емоционална дисфункција, затоа претпоставуваме дека личност со нездрав психолошки склоп доаѓа од нормално семејство, па велиме дека таа личност е така родена, нешто и фали итн.

Во суштина, она што се подразбира под „нормално“, односно во склад со нормата, просечното, го подразбира и колективниот нездрав начин на емоционално бидување и справување со сета емоционална болка која се протега над нашите модерни општества - почнувајчи од најрано детство. Генерално сите дисфункции доаѓаат од длабокото врежување на тие нездрави емоционални шеми во нашиот ум кога сме деца, бебиња, кога речиси и немаме свесност или меморија. Но, умствената структура има меморија, нашето тело има меморија и во себе го складираме секој плач, секој недостаток на љубов, внимание, секоја незадоволена автентична емоционална потреба. Ете од таму, доаѓаат оние луѓе кои ние со цело задоволство сакаме да ги означиме како „болни“, само за да избегнеме да препознаеме дел од себе во нив.

Убаво кажа, Анон :) :

Секако дека секој си сноси одговорност за себе и за својот живот. Секој од нас носи одговорност за своите дела, без разлика кој е коренот. Сепак, одговорност не е исто што и каменување, отфрлање, деградација на битието, непризнавање на валидност на емоционално искуство итн. Не сме виновни за она што ни се случило, но имаме обврска да станеме емоционално писмени за да се разбере сами себе, а со тоа, да станеме доволно емоционално писмени за да го разбереме и другиот, без разлика дали тој друг е наркоман, убиец или вршител на било какво дело кое ние не го одобруваме.

Само така можеме да им овозможиме простор за закрепнување и регенерација на оние кои крахирале со своето ментално здравје, меѓутоа, и на оние кои навидум се претставуваме како „нормални“, при што таа наша дисфункционална нормалност се јавува исклучиво како адаптација на нашите емоционално дисфункционални општества.

Да сте ми живи, здрави и емоционално писмени.
Све е генетски, тоа вие не го сфаќате, околината само помага тие ствари да се експонираат. Може некој не е криминален ум и цел живот да го помине во хармонија и љубофф, но ако му се укаже една шанса он има да ја искористи.
 
Strictly

word is bond
Член од
9 јуни 2019
Мислења
486
Поени од реакции
1.645
Да не ги заборавиме и болно амбициозните родители кој што несвесно им го ставаат светот на рамења на своете деца правејќи им притисок да остварат некое постигнување кое они како жедни родители сметаат дека нивните деца е достојно да го имаат, што резултира во синови и ќерки со професија што не самошто не ги исполнува, туку и ги убива, или синови и ќерки со ниска вредност према себеси...
Не велам дека не е тешко во животов да успееш бааги и тоа да си го препишеш на себе... но поубаво би било кога заслугата ќе ја поделиш со господ и со добрите услови...
ама кој сум јас да кажувам :/
Автоматски споено мислење:

Све е генетски, тоа вие не го сфаќате, околината само помага тие ствари да се експонираат. Може некој не е криминален ум и цел живот да го помине во хармонија и љубофф, но ако му се укаже една шанса он има да ја искористи.
Па мене вака, по твојата сигурност, ми личи дека ти си еден од тие луѓе..
Од што се плашиш? Биди храбар, пробај си ја среќата!
 
Последно уредено:
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.947
Поени од реакции
41.128
Секако дека треба Фиљан или како и да се викаше да одговара. Жан Митрев не треба да одговара ама се надевам дека си носи некоја грижа на совест во себе.
Работата е што скоро сите девијантни однесувања најчесто се последица од сиромаштија, дисфункционално семејство, лошо воспитување/недоволно посветено внимание. Тоа со себе си носи лоши друштва, полесен процес на brainwashing, и таќе... така да, според мене си носи кривица и Жан ама за да одговара потребни се промени за кои човештвото не е спремно сеуште :)
Дали сакаш да кажеш дека промената што треба да се случи е да одговараш за постапките на други луѓе или јас лошо те имам разбрано?
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.415
Поени од реакции
30.879
Све е генетски, тоа вие не го сфаќате, околината само помага тие ствари да се експонираат. Може некој не е криминален ум и цел живот да го помине во хармонија и љубофф, но ако му се укаже една шанса он има да ја искористи.
Све е генетски, тоа вие не го сфаќате, околината само помага тие ствари да се експонираат. Може некој не е криминален ум и цел живот да го помине во хармонија и љубофф, но ако му се укаже една шанса он има да ја искористи.
Ne si vo pravo.
Ima situacii kade poradi genetika luge so asperger ili autizam, najcesto psihopati zbesnuvaat i pravat nasilni raboti, ama vo nekoi situacii se luge koi se izrasnati vo loshi uslovi i kriminalot im e pribeziste i resenie na site nivni problemi.
Dali loso detstvo pridonesuva kon steknuvanje psihoza, toa ne znam.
 
Strictly

word is bond
Член од
9 јуни 2019
Мислења
486
Поени од реакции
1.645
Дали сакаш да кажеш дека промената што треба да се случи е да одговараш за постапките на други луѓе или јас лошо те имам разбрано?
Вардарски глеј го видеово можеби ќе разбереш нешто
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.744
Поени од реакции
27.744
Дали сакаш да кажеш дека промената што треба да се случи е да одговараш за постапките на други луѓе или јас лошо те имам разбрано?
Утописки ми е муабетот, не би навлагал. А и не би ги категоризирал моите деца како „други луѓе“.
 
Strictly

word is bond
Член од
9 јуни 2019
Мислења
486
Поени од реакции
1.645
Разговараш со луѓе што треба да се оженат со аждаја, или да створат деца што ке завршат во исис, за да сватат дека они самите не се под винкла.. А најверојатно и тогаш ќе смислат некое смешно оправдање дека воопшто не е до нив
Автоматски споено мислење:

Инаку лошите умови немора да значи дека се продукт на недоволна љубов, напротив може да се продукт на претерана љубов, или поубаво кажано вештачка љубов
Пример деца што нивните родители цело време им посочуваат дека се вундеркинд, ниту еднаш не пробуваат да им дадат до знаење дека постојат и други деца со вредност(или без, безразлика)
На крај сето тоа завршува жално и за детето и за родителот, ама они најчесто не сваќаат ништо бидејќи толку многу се навлечени на илузија што се им е безмислица
Еве на пример на бургунди мама никад не му кажала дека и другите дечиња чуствуваат, некој дури и многу повеќе од него
 
Последно уредено:

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Член од
14 август 2006
Мислења
45.393
Поени од реакции
84.650
Сега Франција ќе го спроведе познатиот метод, кој се покажа успешен после сите муслимански напади на недолжни луѓе, и после масакрот на посетители на концерт, и после Шарли Ебдо, и после сите останати вакви (исламско-инсприрани) напади врз каурите таму:
- Секој момент очекувам да излезат на улица со Je suis натписи.

Тоа би требало да ги спречи овие напади некое време. Проверено.
Следечо клање у име на Алах - пак излeзите им со Je suis натписи, па нека видат они убаво...

fun fact - 40% од анкетирани муслимани во Франција сметаат дека исламскиот закон во Франција треба да биде над законот на Републиката. (75% од анкетираните биле под 25 години)
 
Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.121
Поени од реакции
9.526
Сега Франција ќе го спроведе познатиот метод, кој се покажа успешен после сите муслимански напади на недолжни луѓе, и после масакрот на посетители на концерт, и после Шарли Ебдо, и после сите останати вакви (исламско-инсприрани) напади врз каурите таму:
- Секој момент очекувам да излезат на улица со Je suis натписи.
Liberte, egalite, decapite :)
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.393
Поени од реакции
84.650

ова се само празни муабети и лош ПиАр
се до следниот напад

Попара ги направија исламистите изминатава деценија. Извадок од текстот:

"...од нападот врз еврејското училиште и француските војници во Тулуз во 2012 (7 мртви), преку оној врз редакцијата на сатиричниот весник Шарли ебдо поради објавата на карикатурите на Мухамед, кои професорот Пати неодамна им ги покажал на учениците, и врз продавницата за еврејска кошер храна во јануари 2015 (17 мртви), нападот на рок-концертот во клубот Батаклан во Париз и фудбалскиот стадион Стат де Франс во ноември 2015 (131 мртов), нападот со камион врз минувачите за Денот на Бастиља на шеталиштето во Ница во 2016 (86 мртви) до помалите напади во последните години.

Тука се убиството на свештеникот во Нормандија во 2016, на двајцата полицајци на Шанзелизе во Париз во 2017, двете девојки во Марсеј во 2017, полицаец и тројца цивили во Каркасон и Требе во 2018, четворицата полицајци во париската полициска станица во 2019, двете жртви во Роман сур Изер во април годинава и двајцата тешко ранети во повторниот напад врз Шарли ебдо во септември годинава, при што напаѓачот отишол на старата адреса, на која редакцијата веќе не се наоѓа...."

Толку напади, ништо не превземаа, нема ни сега.
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148

Можда ништо нема да се преземе на дело од рајата освен ко што викаш жесуи ____insert victim name here____, али тешката десница како лапа пораст и гласови...

Не сум најдобро упатен у балансот на моќта на политичките партии у Франција искрено, ама ми се чини дека Ле Пен ќе шиба нагоре на избори. Тоа више и те како може да донесе тектонски промени.

1603240395027.png
 
Kajgana Shop

На врв Bottom