Терористички Напад во Париз, најмалку 12 загинати

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.134
Поени од реакции
4.773
На крајот ќе испадни дека Чарли сами си го наместија нападот, за неколку кратно да го зголемат тиражот, а со тоа и профитот. :facepalm:
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.967
Има многу примери за вакви намештаљки, не само од Мосад и тоа е позната пракса на тајните служби. Ако мислиш дека ваквиот начин на делување е фикција и теорија на заговор погледај на пример документарец за НАТО операцијата ГЛАДИО кога подметнуваат бомбашки напади на “комунистички радикали“.
Точно така, со цел да ги дестабилизираат владите кои за време на студената војна не играле по нотите на Западот т.е. на НАТО. И не само Операцијата Гладио, на пример и Операцијата Ергенекон (во Турција), која е продолжение на Гладио е разоткриена и повеќе не станува збор за некакви „теории на заговор“, туку за класични намештаљки.
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Дечки, може некој да ми објасни каде точно завршува слободата на говор, а каде почнува говор на омраза (hate speech)? И, зошто заебанции на сметка на Холокаустот не се сместени во слобода на говор?
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.322
Поени од реакции
1.160
Дечки, може некој да ми објасни каде точно завршува слободата на говор, а каде почнува говор на омраза (hate speech)? И, зошто заебанции на сметка на Холокаустот не се сместени во слобода на говор?
Прашањево тие за докторска работа и тешко дека може да се одговори на него зошто светот е составен од многу народи со многу различни обичаи и традиции во кој многу работи се сосема спротивни,па така каде некаде се смета навреда некаде се смета за пофалба.
Но пред се и да се обиде да се изврши кодификација сето тоа ќе пропадне токму заради таквите двојни стандарди кој како пример и ти си ги навел.
Така да сега засега тоа ќе се користи како политичко оружје за напад врз некого и за "легитимно" вмешување во внатрешните работи на суверените земји.
 
Последно уредено:

831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.732
Поени од реакции
11.998
И, зошто заебанции на сметка на Холокаустот не се сместени во слобода на говор?
Можеби затоа што има разлика кога се заебаваш за реален крвав настан и кога се заебаваш за лик од сомнителна приказна од подалечна сомнителна историја, шознам...интересни прашања во секој случај.
 
Член од
4 август 2010
Мислења
318
Поени од реакции
188
Ова што го објави нема благе везе со КРВНА освета...
.
Ако се вратиш наназад ќе видиш дека ти одговори на мислењето од герасим кое беше...
Кој ни е крив кога немаме традиција око за око...тие еден,ние сто и еден.........

Има многу примери за вакви намештаљки, не само од Мосад и тоа е позната пракса на тајните служби. Ако мислиш дека ваквиот начин на делување е фикција и теорија на заговор погледај на пример документарец за НАТО операцијата ГЛАДИО кога подметнуваат бомбашки напади на “комунистички радикали“.
А за Мосад листата е навистина долга, еден од најдобрите примери кои веќе го приложив на темава докажан поради фаќањето на агентите кои ја спроведувале акцијата. Тоа беше големо фијаско на Мосад и опишано е во бројни репортажи од тоа време.

Не знам зошто по секоја цена мора да ги отфрламе сите можности. Ако тоа е само нечија лична антипатија кон муслиманите не значи дека мора да се сложиме сега, вие и понатаму ќе си имате свое мислење без разлика на овој настан.
Секако дека постојат и такви пракси, посебно од Мосад, но овде работите се повеќе од очигледни. Доколку не беа фатени извршителите и не го направеа тоа што го направија ќе имаше простор за вакви дебати и сценарија.
За антипатијата кон муслиманите, секако дека постои и тоа не по наша кривица. Некои тврдат дека поради непознавање на исламот постои антипатија, а јас велам обратно, колку повеќе го разбирате исламот толку поголема е и антипатијата.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.006
Поени од реакции
8.574
Точно така, со цел да ги дестабилизираат владите кои за време на студената војна не играле по нотите на Западот т.е. на НАТО. И не само Операцијата Гладио, на пример и Операцијата Ергенекон (во Турција), која е продолжение на Гладио е разоткриена и повеќе не станува збор за некакви „теории на заговор“, туку за класични намештаљки.
A Oперацијата Рефлектор чија е?
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
Дечки, може некој да ми објасни каде точно завршува слободата на говор, а каде почнува говор на омраза (hate speech)? И, зошто заебанции на сметка на Холокаустот не се сместени во слобода на говор?
Јас мислам дека одговорот можеш да се најде во овој напис...
Џихадистите од терористичката организација Исламска држава објавија...
http://kajgana.com/dzhihadistite-objavija-video-od-detski-voen-kamp-vo-kazahstan
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Значи Мосад изврши напад во кој беа убиени евреи и со нападот ја зголеми популарноста на десничарските партии во Европа, многу од кои не се љубители на Израел. Таа е логиката?
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.200
Поени од реакции
16.609
Значи Мосад изврши напад во кој беа убиени евреи и со нападот ја зголеми популарноста на десничарските партии во Европа, многу од кои не се љубители на Израел. Таа е логиката?
Логиката, истотака вели, дека Израел би требало да е најголемиот непријател на исламистите и исламистички групи налик ИСИС, па тоа не го спречуваше Израел да врши воздушни напади врз позициите на САА и со тоа да му помогне на истиот тој ИСИС,кој глеј чудо, убива исклучиво Муслимани* додека Нетенјаху изјавува дека е добро додека непријателите(на Израел) меѓусебно војуваат.

Логика?

*добро, успат и по некој Христијанин
 
Последно уредено:
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Логиката, истотака вели, дека Израел би требало да е најголемиот непријател на исламистите и исламистички групи налик ИСИС, па тоа не го спречуваше Израел да врши воздушни напади врз позициите на САА и со тоа да му помогне на истиот тој ИСИС,кој глеј чудо, убива исклучиво Муслимани* додека Нетенјаху изјавува дека е добро додека непријателите(на Израел) меѓусебно војуваат.

Логика?

*добро, успат и по некој Христијанин
Па, не е добро кога непријателите војуваат?

И на Израел најголеми непријатели можат да му бидат Иран, Сирија - земји со авијација, морнарица, милионско население, можност за развивање на нуклеарно оружје, а не ИСИС.
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.814
Поени од реакции
1.085
По се изгледа нападите се изрежирани , а инаку масовноста се губи, никој во светот повеќе не верува на нападите како што беше например во 2001 за време на терористичките напади во САД.. Големите сили треба да измислат некоја нова финта, например да има изрежирани напади од вонземјаните со некоја нај софистицирана технологија на САД..
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.200
Поени од реакции
16.609
Па, не е добро кога непријателите војуваат?

И на Израел најголеми непријатели можат да му бидат Иран, Сирија - земји со авијација, морнарица, милионско население, можност за развивање на нуклеарно оружје, а не ИСИС.
Јас не негирам дека Израел одлично се служи со максимата divide et impera и дека истата не му оди во корист.

Иако, со вториот дел од постот не би можел да се согласам, зашто сметам дека некоја идна Исламска Држава, да претпоставиме дека работите би се одвивале во тој правец, за десетина години, би имала сериозен капацитет да го загрози Израел, иако во моментов истата не пројавува никаков антагонизам кон објектот на самата нивна идеологија, те.е негирањето на ционизмот и правото на постоење на еврејска држава. Барем на хартија е така, а праксата говори инаку, што е многу симптоматично.

Прашањето кое го постави во врска со логиката, би сакал да дополнам дека во моментов не е опипливо сериозно јакнеење на десницата ширум Европа, иако има некои најави и протести кои набрзо ќе бидат маргинализирани, ако веќе не се, и ќе им се припише, т.е. накалеми неонацизмот и хулиганството, а гледам дека веќе тоа и се прави. Единствено би сакал да видам, дали случката во Париз ќе има влијание врз одлуката на Франција за признавање на независна палестинска држава. Доколку се откажат таквите намери, мислам дека работите би станале многу појасни.

Јас се воздржувам од донесување на прерани заклучоци и според мене сите опции, вклучително и теории на заговор, се во игра.
 
Последно уредено:
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
На крајот ќе испадни дека Чарли сами си го наместија нападот, за неколку кратно да го зголемат тиражот, а со тоа и профитот. :facepalm:
Може(а и најверојатно) не е(само) тоа целта, но факт е дека-
Изданието на Шарли ебдо што излезе по масакрот заработи 10 милиони евра
http://www.mkd.mk/svet/vesti/izdanieto-na-sharli-ebdo-shto-izleze-po-masakrot-zaraboti-10-milioni-evra
 

Kajgana Shop

На врв Bottom