Терористички Напад во Париз, најмалку 12 загинати

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.967
Ако се вратиш наназад ќе видиш дека ти одговори на мислењето од герасим кое беше...

Кој ни е крив кога немаме традиција око за око...тие еден,ние сто и еден.........
Ако беше добро запознаен со правилата на крвната одмазда, немаше да ми реплицираш. Прво самиот твој цитат од Герасим се повикува на ТРАДИЦИЈА, а не на религија, а и по логика око за око = брат за брат, братучед за братучед и тн...

А убаво си реков дека на никој нема да ви реплицирам додека не го изгледате видеото, ама кога веќе не го гледате, тогаш ќе извадам цитати од него:

Во регионот на Кавказ се појавила некоја посебна синтеза: таму шеријатот е исламскиот закон е соединет со адатот - традиционалниот планински кодекс. Се појавиле дури и некое норми кои противречат на исламот, кои се вкорениле под вид на исламот. Класичен пример е крвната одмазда. Крвната одмазда, без сомнение, не е во склад со исламот. Праксата на крвната одмазда не е исламска пракса, неа Мухамед во свое време не ја одобрувал, затоа што Мухамед не барал крвна одмазда, туку судење пред шеријатските судови во рамките на заедницата. Таа пракса на крвна одмазда, секако, противречи на исламот, но сепак се одржува на Кавказот затоа што бил прифатен незнабожечки кодекс.
Истото важи и за Албанците-муслимани кои го практикуваат Канунот на Љеќ Дукаџини, но за разлика од Албанците-католици тие тоа го прават помалку!
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Можеби затоа што има разлика кога се заебаваш за реален крвав настан и кога се заебаваш за лик од сомнителна приказна од подалечна сомнителна историја, шознам...интересни прашања во секој случај.
Fair enough.
НО, дали заебавање со мртва личност исто би било категоризирано како hate speech? Или, мора одредена бројка на луѓе да се умрени за да не се заебаваш со настанот? На кој начин се одлучува дека некој ја поддржува идеологијата на убијците и заради тоа мора да се уапси и да му се скрати правото на слободен говор?
Мислам ептен се сиви зоните, а и секоја држава си има поставено свои непријатели и не дозволува слобода не говор на истите. Тоа ни е јасно. Но, тоа не носи до следниот парадокс - државата ако процени дека е под закана од внатрешни непријатели (пр. опозиција), дали тоа и дава за право да им го ускрати правото на говор?

Не знам, ама мене целава дебата free speech vs hate speech ми е срање. Се се сведува на “Нека има слобода на говор, но доколку на накој начин ме тангира - тогаш е говор на омраза“. Тоа е менталитет на 6 годишно разгалено детиште.
 
Член од
14 февруари 2014
Мислења
181
Поени од реакции
155
Претераа Французите со написите и карикатурите во весниците. Лошо звучи меѓутоа си го добија заслуженото.
 

831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.732
Поени од реакции
11.998
Fair enough.
НО, дали заебавање со мртва личност исто би било категоризирано како hate speech? Или, мора одредена бројка на луѓе да се умрени за да не се заебаваш со настанот? На кој начин се одлучува дека некој ја поддржува идеологијата на убијците и заради тоа мора да се уапси и да му се скрати правото на слободен говор?
Мислам ептен се сиви зоните, а и секоја држава си има поставено свои непријатели и не дозволува слобода не говор на истите. Тоа ни е јасно. Но, тоа не носи до следниот парадокс - државата ако процени дека е под закана од внатрешни непријатели (пр. опозиција), дали тоа и дава за право да им го ускрати правото на говор?

Не знам, ама мене целава дебата free speech vs hate speech ми е срање. Се се сведува на “Нека има слобода на говор, но доколку на накој начин ме тангира - тогаш е говор на омраза“. Тоа е менталитет на 6 годишно разгалено детиште.
Заебавање со мртви личности е сатира со црн хумор и тешко е да се земе генерално дали една ситуација е поцрна од друга затоа што знае да биде субјективно и тешко е да се претпостави кој како ќе реагира на каква ситуација. Јас сум бил stunned од реакцијата на личност која беше страшно навредена од слика со црн хумор што ја имав постирано на ФБ од која никогаш не би очекувал такво нешто.

Е сега кога станува збор за весникот може да се генерализира затоа што користи хумор кој допира до иста емотивна точка кај две различни социјални групи, двете се навредени, а само поединци претставници од едната се дрзнуваат да го ускратуваат право на живот т.е. убиваат и имаат скоро едногласна поддршка од групата. Хуморот и сатирата не се hate speech затоа што не убиле ниту повикувале некогаш на тоа и не претставува таков пороблем каков што претставува сериозната емоционалната нестабилност на огромно мнозинство кое често го ускратува правото на живот.
Не треба да се дозволи религиозно-фанатично-емоционално нестабилни личности преку терор и крв да диктираат што смее или не затоа што последен пат кога се случи тоа западнавме во темни векови.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.085
Поени од реакции
81.001
Еве нешто ново(нз дали се работи за џихадисти)

At least 3 people taken hostage at post office nr Paris - reports

http://rt.com/news/223347-paris-post-hostage-colombes/
E да бе, све само Муслиманите ги набедувате.
Овие можда се Џаинисти. Од кај знаеш дека не се, на пример, будистички екстремисти? А?

Све само да се валкало чесното име на Муслимните.....
 
Член од
7 ноември 2014
Мислења
444
Поени од реакции
1.007
E да бе, све само Муслиманите ги набедувате.
Овие можда се Џаинисти. Од кај знаеш дека не се, на пример, будистички екстремисти? А?

Све само да се валкало чесното име на Муслимните.....
Тоа е тоа.Еве типичен пример како злобните евреи ги местат мирољубивите Му'мини

 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Заебавање со мртви личности е сатира со црн хумор и тешко е да се земе генерално дали една ситуација е поцрна од друга затоа што знае да биде субјективно и тешко е да се претпостави кој како ќе реагира на каква ситуација. Јас сум бил stunned од реакцијата на личност која беше страшно навредена од слика со црн хумор што ја имав постирано на ФБ од која никогаш не би очекувал такво нешто.

Е сега кога станува збор за весникот може да се генерализира затоа што користи хумор кој допира до иста емотивна точка кај две различни социјални групи, двете се навредени, а само поединци претставници од едната се дрзнуваат да го ускратуваат право на живот т.е. убиваат и имаат скоро едногласна поддршка од групата. Хуморот и сатирата не се hate speech затоа што не убиле ниту повикувале некогаш на тоа и не претставува таков пороблем каков што претставува сериозната емоционалната нестабилност на огромно мнозинство кое често го ускратува правото на живот.
Не треба да се дозволи религиозно-фанатично-емоционално нестабилни личности преку терор и крв да диктираат што смее или не затоа што последен пат кога се случи тоа западнавме во темни векови.
Се согласувам со твоето мислење.

Лично јас би одел многу подалеку од она што се подразбира како слобода на говор во Европа или САД. Лично мене ми сметаат поддржувачите на квалификацијата "говор на омраза" и нивните критериуми и дупли стандарди за говор на омраза. Дали на поединечно или на национално/државно ниво.

А хуморот на Чарли Ебдо? На исто ниво е со хуморот на Адам Сандлер!
 
Член од
14 февруари 2014
Мислења
181
Поени од реакции
155
Зошто убиство е заслужено?
Некој премногу здраво за готово си ја зема слободата на говор.Имаа претходно многу закани дека пипаат нешто на кое половина свет му се поклонува и го почитува,меѓутоа сепак продолжија по старо и не ме изненадува воопшто што им се случи.Единствено жално е за полицајците кои што ги застрелаа како кучиња на улица.
 

831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.732
Поени од реакции
11.998
Се согласувам со твоето мислење.

Лично јас би одел многу подалеку од она што се подразбира како слобода на говор во Европа или САД. Лично мене ми сметаат поддржувачите на квалификацијата "говор на омраза" и нивните критериуми и дупли стандарди за говор на омраза. Дали на поединечно или на национално/државно ниво.

А хуморот на Чарли Ебдо? На исто ниво е со хуморот на Адам Сандлер!
Тешко е да се дефинира говорот на омраза затоа што за секого има различно значење. На пример говорите на Шешељ во почетокот на деведесеттите за мене беа а за стариот мој не беа говор на омраза а разликата е во пристрастноста, за него постојат усташи и четници а за мене ретарди во различно паковање.

За Чарли Ебдо како и сите останати дознав после „возбудливиот инцидент“ и не се заинтересирав повеќе а најблиску ми се до Монти Пајтон само троа пооштри. Адам Сендлер во последно време или не знае да глуми или прифаќа досадни филмови :)
 
Член од
7 ноември 2014
Мислења
444
Поени од реакции
1.007
Папата Франциско: Слободата на изразување има граници
http://press24.mk/papata-francisko-slobodata-na-izrazuvanje-ima-granici
Знаат што зборат католициве,кога велат дека слободата на изразување има граници.Баш поради тоа луѓето како Џордано Бруно и останатите двигатели на слободната мисла и наука ги запалија на клада.Безрбетници.
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.814
Поени од реакции
1.085
Знаат што зборат католициве,кога велат дека слободата на изразување има граници.Баш поради тоа луѓето како Џордано Бруно и останатите двигатели на слободната мисла и наука ги запалија на клада.Безрбетници.
Папата сака да каже дека мора да постои гранција во исмевањето на религиите на другите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom