СДСМ вети дека нема да коалицира со терористите, но сепак ја направи таа коалиција... ДПМНЕ галамеа против тоа, арно ама после неколку години направија коалиција со партија во која што има еден куп терористи...
Во врска со овациите за Тачи, таков потег НИКОГАШ не направиле симпатизери на СДСМ... На темата “Македонски или албански партнер во власта?“, нема гласови за опцијата СДСМ+ДУИ... Од симпатизерите на СДСМ никогаш не се отвориле теми од типот на “ДУИ испаднаа поголеми патриоти од ДПМНЕ“... Обратно, има многу примери
АБЦ, ако сакаш да ставаш знак за еднакво меѓу СДСМ и ДПМНЕ, направи го тоа и биди сигурен дека нема да згрешиш многу... Ама воопшто не пробувај да ставаш знак за еднакво меѓу едните и другите симпатизери!
И во однос на омраза кон политичкиот противник и во однос на заслепеност кон својата партија и во однос на култура... На форумов речиси и да нема навреда упатена од симпатизер на СДСМ кон симпатизер на ДПМНЕ... Обратно, колку што ти душа сака!
p.s. И колку да се вратиме на темата... Во врска со тепачката, симпатизери на ДПМНЕ се обидуваа(т) целата вина да ја посочат кон тој што ја започнал тепачката... Од симпатизерите на СДСМ не прочитав никаква селекција во тоа кој треба да биде обвинет!