Кокиченце, пардон девојченце, и како што одеше песната, мнозина тука знаат кој сум и што сум, затоа не си ги мери думите и умојте со мене, особено кога велам нешто или кога ука и поука давам, особено за политички дејанија, активности и слични ...ности!
Џабе писма, џабе книги и фермани, џабе прогласи и сенешта кога никој не ги чита, ниту на нив се обѕира освен како материјал за потпала на убава од народни пари купена скара.
Единствено, иако пре-пре-предоцна, спасение за името наше насушно, а загубено, е НАРОД, да се стори НАРОД во Македонија и тој НАРОД, да не слуша гнасни партиски кујни и мензи како килаво пролетерче на новиот поредок и нередок, туку како НАРОД да излезе на браникот на татковината, ако треба и гологлави, со празни раце пред тенкови.
Но, како многупати досега, да се преповторам: нема народ, има само малудошен пишман народец и партископлакатолепачки послушници.
Повторувам, како безнадеж, но сепак со тронка надеж дека белким нешто конечно некому ќе му влезе во главата.
А, сепак, досега се покажува дека онака вековно напупени, нам полесно во г'з ни влегува отколку в гла'а!
Терајте, размислувајте. Еден ден кога како некој горни или северни ќе се разбудите, предоцна ќе биде, ама нејсе, минавме турско, ќе минеме и пишман македончешко.
П.С. Не ширам дефетизам, ширам реализам. Окоотворенија се обидувам да направам, ама попусто.