да прочитав
Шампиони во лудоста
Маскирани припадници на фашистичкото движење „Златна зора“ упаднале завчера на промоцијата на првиот Грчко-македонски речник во Атина и бескрупулозно дивееле и кршеле во салата. Да биде срамот поголем, нападот не бил каде било, туку во прес-центарот кај Министерството за надворешни работи во Атина. Ова е уште еден доказ дека мала разулавена група луѓе со фикс-идеи за час може да го урне она што најстарата демократија во светот се обидува да го изгради. Ваквите удари врз демократијата мора да се осудат и да се поразат, каде и да се. На потег се грчките демократи.
неколку појаснувања '' Златна зора '' не е фашистичко движење тоа е антимакедонско движење. Што тоа најстарата демократија на светот се обидува да изгради ??? што е тоа што тие го градат навистина ме интересира ? и каде се Македонците во текстот на геро, против што тие ''заблудени момчиња'' влетааа на промоцијата и на кого му се закануваа. каде е реакцијата на молкот на бриселските бирократи, ако нашата државата неможе да се спротивстави тогаш нашиве новинари, да не ги ставам пак во наводници, можат да инсистираат на одговори ако треба до 1001 и назад