Тенис типови

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607
Овде пишувајте ги своите тикети (исклучиво тенис).

Со цел да не се пишуваат типови во темите за турнирите, овде ќе биде попрегледно и ќе може да прочитаме и дадеме по некој совет, кој тенисер би можел да киксне, интересен коефициент за игра итн. :)
 

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Може темата да се користи и за анализа на турнирите и мечевите, у коцкарска смисла нели :)

Треба нешо текст или голи типови само ?
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607
Може темата да се користи и за анализа на турнирите и мечевите, у коцкарска смисла нели :)

Треба нешо текст или голи типови само ?
Да

Може и голи типови, но подобро е да се напишат повеќе типови т.е. еден целосен тикет од барем 5-6 меча.

Доколку станува збор за " контра " играње т.е. на аутсајдерот е тогаш би било добро да се образложи со неколку реченици :)
 

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Со оглед на тоа дека утре почнува Вимболдон, а други турнири нема, би предложил да се проба со освојувач на турнирот Шарапова @ 4.00. Коеф е солиден со оглед на тоа дека Шарапчето оваа сезона гази се пред себе. Веќе стана прва тенисерка на светот, зеде еден Гранд Слам пред 2 недели коа го освои Ролан Гарос , пред тоа зеде Матерсот во Рим и турнирот во Штутгард , а играше и на уште 3 финалиња ( али трвда подлога ) во Мајами и Индиан Велс и во финалето на АО Опен. Практички се појави на 8 турнири годинава , освои 3 од нив , играше 6 финалиња , ниедна тенисерка го нема овој скор годинава. Инаку ова ќе и биде прв турнир на трева во 2012, у кариера има 65/13 на ваква подлога, а лани играше финале овде.
Најголема причина заради добрите резултати е нејзиниот сервис, повредата на рамото и е историја и поради тоа може добро да сервира, што и помага многу во мечевите.
Прва пречка е Родионова, по што следи една од Пиронкова/Долонц и во нејзината секција ко шо видов најопасна тенисерка е Клајстерс. Мислам дека Шарапова има широко отворени врати кон 1/4 финале.
Мислам дека коеф вреди да се уплати барем 4/10 од банката. Коеф е од Sportlife.


Е сега ко прв фаворит е ставена Серена @ 3.85, па Квитова @ 5.00 и Азеренка @ 7.00.

Азеренка нема голем успех на трева у кариерата 21/10 и најголем успех на Вимболдон и е ланското полуфинале. Оваа подлога не и леже многу ( hard court играч е ), сите титули што ги освои во 2012 беа на тврда подлога ( 4 вкупно ), и рачунајте дека со тек на турнирот тревата полека станува ко clay court , кај шо Азеренка немаше некој посебен успех во 2012. Мислам дека 1/2 и е најголем дострел.

Квитова за разлика од лани не може да се препознае. Еден освоен турнир на почетокот на сезоната , Хопман купот ( кој е без големо значење) и полуфинале во АО и Ролан Гарос. Во кариерата нема добар скор на трева 16/7 ( лани беше 11/1 ). Во 2011 го освои Вимболдон , а 2010 играше полуфинале, вкупно има 4 настапи на овој турнир. Статистиката може вика дека Квитова спаѓа во еден од фаворитите , ама ко шо ја следам цела година мислам дека 1/4 финале ќе и биде најголемиот дострел.

Серена е дефинитивно тенисерка со најмногу титули од Вимболдон од активните WTA тенисерки. 63/9 на трева во кариера ,12 настапи на овој турнир, 4 титули, 6 пати играла финале и оваа сезона има само 3 порази на сите подлоги. Проблем е тоа што сеуште влече повреда на грбот, па заради тоа се и повчеле од Рим. Не сум сигурен колку е опоравена, али не верувам дека ќе го освои повторно, дури мислам дека е можно да испадне од некоја тенисерка која е надвор од ТОП 50 , слично ко на Ролан Гарос , кога испадна од Резано во првото коло иако имаше водство од 1:0 и неколку меч топки. Мислам дека повредата е уште присутна и дкеа тоа ќе и наштети во трката за титулата.

Од другите тенисерки Радванска би ја вметнал ко една од можните освојувачки на титулата , ама премногу е ментално кршлива, посебно ако налета на Азеренка :D од која оваа година си наби тешки комплекси. Венус тешко дека ќе направи нешто , сеуште се бори со фитнесот и автоимуната болест, Вожниачки е во огромен пад на форма, Ли На е опасна може да изненаде, и ко последен можен освојувач ( мада многу мали шанси и давам ) е Клајстерс која поседува квалитет, ама ја гледав оваа недела со Шиавоне во Хертогенбош и играше лошо ,иако победи, а потоа се откажа поради болки во абдоминалните мускули.

Значи suma sumarum , според мене Шарапова ќеигра финале и би требало да го освои овој Гренд Слем.
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607
7008 Benneteau - Muller 40,5+ (1,90)
7056 Tipsarevic - Nalbandian 40,5+ (1,80)
7026 Harisson - Lu 40,5+ (1,90)
7039 Monaco - Mayer 1 (1,55)
7027 Isner - Falla 37,5+ (1,90)
7051 Seppi - Istomin 39,5+ (1,90)

Коефициентите и шифрите(во болд) се од SportLife, со 100че за 3635 денари. :D
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
7008 Benneteau - Muller 40,5+ (1,90)
7056 Tipsarevic - Nalbandian 40,5+ (1,80)
7026 Harisson - Lu 40,5+ (1,90)
7039 Monaco - Mayer 1 (1,55)
7027 Isner - Falla 37,5+ (1,90)
7051 Seppi - Istomin 39,5+ (1,90)

Коефициентите и шифрите(во болд) се од SportLife, со 100че за 3635 денари. :D
Мислам дека Бенето under ќе биди.
Утре ќе пишам мои типови.
 

Шеј Лонг

Koristam kirilica.
Член од
16 јуни 2010
Мислења
1.987
Поени од реакции
1.610
7008 Benneteau - Muller 40,5+ (1,90)
7056 Tipsarevic - Nalbandian 40,5+ (1,80)
7026 Harisson - Lu 40,5+ (1,90)
7039 Monaco - Mayer 1 (1,55)
7027 Isner - Falla 37,5+ (1,90)
7051 Seppi - Istomin 39,5+ (1,90)

Коефициентите и шифрите(во болд) се од SportLife, со 100че за 3635 денари. :D
Кај ги најде шифриве, гледам на спортлајф заденес уште нема додатокот искочено?
 
L

Löwe

Гостин
Малис - Матошевиќ 2 @ 2.9
Вреди да се проба. Матошевиќ е во добра серија од 8-2 победи порази. Оваа година е многу напреднат од 203то место на 72ро. Малис е веќе во залезот на кариерата и игра доста променливо. Во последните 10 натпревари има скор од 6-4 победи порази.
 
Член од
5 март 2012
Мислења
41
Поени од реакции
13
Малис - Матошевиќ 2 @ 2.9
Вреди да се проба. Матошевиќ е во добра серија од 8-2 победи порази. Оваа година е многу напреднат од 203то место на 72ро. Малис е веќе во залезот на кариерата и игра доста променливо. Во последните 10 натпревари има скор од 6-4 победи порази.
Малис точно дека е при крај на кариерата но трева како подлога му одговара на неговиот стил на игра ( serve&volley ). Во добра форма влегува на Вимблдон , имаше полуфинале во Истбурн и добра игра го гледав на 2 натпревари и иако не ми изгледаше дури ни толку фокусиран добро изигра посебно на свој сервис лесно ги зема гемовите. Матошевич искрено не сум го гледал но од резултатите досега на трева земено во кариерата тешко дека може да го изненади Малис кој на искуство ќе го земе натпреварот. Според мене највеќе што може Матошевич да земе е еден сет.

Тип на денот според мене е Троицки против Гранолер-Пујол @ 1.7. За шпанецот трева како терен воопшто не му одговара , од Вимблдон губел лани во прво коло а пред тоа во второ коло 2 години по ред , и оваа година нема никаков успех на оваа подлога додека Троицки редовно го мине првото коло без поголеми проблеми и после налетува на појаки противници. И оваа година во Хале испадна од Бердих а од Истбурн од Малис - овој натпревар го гледав и играта која ја покажа барем во првиот сет е повеќе од доволна да го победи шпанецот на денешниот натпревар. Вториот сет се откажа под ретпоставка дека сака да се спреми подобро за Вимблдон.

Со среќа
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
ај тој шо прати појче тенис, нека кажи липно мислење за типовите
троицки-гранолерс 1
в.вилијамс-веснина 1
 
Член од
5 март 2012
Мислења
41
Поени од реакции
13
ај тој шо прати појче тенис, нека кажи липно мислење за типовите
троицки-гранолерс 1
в.вилијамс-веснина 1
За првиот имаш погоре а за Вилијамс не вреди ни на тикет да ја ставиш , има проблеми уште со болест мислам не е опоравена до крај а за 1.2 коефициент имаш далеку подобри натпревари како Оудин 1 @ 1.3 , Пиронкова @ 1.35 итн.
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
За првиот имаш погоре а за Вилијамс не вреди ни на тикет да ја ставиш , има проблеми уште со болест мислам не е опоравена до крај а за 1.2 коефициент имаш далеку подобри натпревари како Оудин 1 @ 1.3 , Пиронкова @ 1.35 итн.
кој од овие е најсигурен по тебе? женски не играм многу!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom