Со оглед на тоа дека утре почнува Вимболдон, а други турнири нема, би предложил да се проба со освојувач на турнирот Шарапова @ 4.00. Коеф е солиден со оглед на тоа дека Шарапчето оваа сезона гази се пред себе. Веќе стана прва тенисерка на светот, зеде еден Гранд Слам пред 2 недели коа го освои Ролан Гарос , пред тоа зеде Матерсот во Рим и турнирот во Штутгард , а играше и на уште 3 финалиња ( али трвда подлога ) во Мајами и Индиан Велс и во финалето на АО Опен. Практички се појави на 8 турнири годинава , освои 3 од нив , играше 6 финалиња , ниедна тенисерка го нема овој скор годинава. Инаку ова ќе и биде прв турнир на трева во 2012, у кариера има 65/13 на ваква подлога, а лани играше финале овде.
Најголема причина заради добрите резултати е нејзиниот сервис, повредата на рамото и е историја и поради тоа може добро да сервира, што и помага многу во мечевите.
Прва пречка е Родионова, по што следи една од Пиронкова/Долонц и во нејзината секција ко шо видов најопасна тенисерка е Клајстерс. Мислам дека Шарапова има широко отворени врати кон 1/4 финале.
Мислам дека коеф вреди да се уплати барем 4/10 од банката. Коеф е од Sportlife.
Е сега ко прв фаворит е ставена Серена @ 3.85, па Квитова @ 5.00 и Азеренка @ 7.00.
Азеренка нема голем успех на трева у кариерата 21/10 и најголем успех на Вимболдон и е ланското полуфинале. Оваа подлога не и леже многу ( hard court играч е ), сите титули што ги освои во 2012 беа на тврда подлога ( 4 вкупно ), и рачунајте дека со тек на турнирот тревата полека станува ко clay court , кај шо Азеренка немаше некој посебен успех во 2012. Мислам дека 1/2 и е најголем дострел.
Квитова за разлика од лани не може да се препознае. Еден освоен турнир на почетокот на сезоната , Хопман купот ( кој е без големо значење) и полуфинале во АО и Ролан Гарос. Во кариерата нема добар скор на трева 16/7 ( лани беше 11/1 ). Во 2011 го освои Вимболдон , а 2010 играше полуфинале, вкупно има 4 настапи на овој турнир. Статистиката може вика дека Квитова спаѓа во еден од фаворитите , ама ко шо ја следам цела година мислам дека 1/4 финале ќе и биде најголемиот дострел.
Серена е дефинитивно тенисерка со најмногу титули од Вимболдон од активните WTA тенисерки. 63/9 на трева во кариера ,12 настапи на овој турнир, 4 титули, 6 пати играла финале и оваа сезона има само 3 порази на сите подлоги. Проблем е тоа што сеуште влече повреда на грбот, па заради тоа се и повчеле од Рим. Не сум сигурен колку е опоравена, али не верувам дека ќе го освои повторно, дури мислам дека е можно да испадне од некоја тенисерка која е надвор од ТОП 50 , слично ко на Ролан Гарос , кога испадна од Резано во првото коло иако имаше водство од 1:0 и неколку меч топки. Мислам дека повредата е уште присутна и дкеа тоа ќе и наштети во трката за титулата.
Од другите тенисерки Радванска би ја вметнал ко една од можните освојувачки на титулата , ама премногу е ментално кршлива, посебно ако налета на Азеренка
од која оваа година си наби тешки комплекси. Венус тешко дека ќе направи нешто , сеуште се бори со фитнесот и автоимуната болест, Вожниачки е во огромен пад на форма, Ли На е опасна може да изненаде, и ко последен можен освојувач ( мада многу мали шанси и давам ) е Клајстерс која поседува квалитет, ама ја гледав оваа недела со Шиавоне во Хертогенбош и играше лошо ,иако победи, а потоа се откажа поради болки во абдоминалните мускули.
Значи suma sumarum , според мене Шарапова ќеигра финале и би требало да го освои овој Гренд Слем.