Теми за размислување... [Што е форумот денес?]

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.849
Поени од реакции
11.509
Дечки остварете ја револуцијата, не само зборете како треба да се направи...па после вакви теми нема да се отвараат и сите среќни весели ќе дискутираме за било што на соодветно ниво.
 

Кент

Професионалец
Член од
16 февруари 2010
Мислења
255
Поени од реакции
15
Си ја исчитав темава од прва до последна страна. Дискусијава почнува да се движи од една точка па скока на друга. Тргна од зошто убави теми не се преточуваат во дискусија, па зошто некој пишувал кратки, некој долги постови....па стигна до тоа да се објаснува што е форум.
На форумов активна сум некои три години ако не се лажам, ама го читав уште од почетоците. Имам само некои 600 мислења кои ми се на точно избрана тема според вкус и интерес, да речам и според прилично доволно познавање за темата. Прво бев пасивна и читав за да си создадам некое поле на интерес на форумов. Дали тоа беше одредени членови и нивната одлична способност да преточат мисла или став во пост, дали беше начин на дискусија или добри информации за нешто.
Научив работи за кои прв пат прочитав тука, си го дооформив ставот за многу проблематики, видов секакви виртуелни(или можеби реални)карактери, прочитав многу текстови од талентирани форумџии кои се обложувам дека ако ја нема темата за прозни искри или пишуваме на зададена тема ќе беше многу сиромашен форумов(барем за мене).
Но едно нешто несфатив.....што е со форумов и темите сега?
И порано имаше личности што пишуваа на секоја можна тема, се обидуваа да напишат постови со што понеразбирливи зборови(демек тоа што повеќе членови нема да ги разберат ги прави попаметни од другите и сл.), имаше иронични, агресивно настроени што својата улога во форумот ја наоѓаа во контрирање на сите, но така најубаво се изразуваат или привлекување внимание дали намерно или ненамерно. И моите омилени што би ги нарекла упикувачи иако не ми се допаѓа како израз. Оние кои се ќе направат да им се упикаат на претпоставените на форумов.
Но, затоа се има избор и вкус. Јас ги сакам креативните теми и креативните постови.... читам таму и пишувам таму - ПРОСТО. Ги читам форумџиите кои стварно вредат да се читаат, а не ги ни приметувам оние кои не ми се допаѓа како се изразуваат, спамираат или се бламираат. Сакам иронија го читам Итар Пејо(се извинувам за именување) иако пишува и во ЧДА, ама му ги читам постовите во теми што мене ме интересираат а не и тие во фудбал и сл. друг па го прави тоа обратно.
Значи да сублимирам две работи. Начинот на кој некој дискутира и си ја сфаќа својата улога тука на форумот неможе да се коментира и објаснува зошто е индивидуално и нормално различно. Ако некој сака иронија, а некој не.... тоа е работа на вкус. Ако некој се изразува иронично, а некој не...тоа е работа на способност.
Има преубави и поучни теми, има забавни и безвезни теми. Некој сака забава некој сака дискусија, некој сака испуцување, некој сака катче за креативност.... За секој треба да има по нешто, затоа е и општ форум ако сакаш пушувај, ако сакаш читај, ако сакаш игнорирај .....имаш избор тоа е тоа:pipi:
И втората работа е агресијата која почнувам да не ја поднесувам на форумов и затоа и се помалку го посетувам и се помалку пишувам. Слободата некој да те направи од гомно подоле е апсурдна дури и кога оставаш една репутација на девојка што ниту ја познаваш ниту сакаш да ја знаеш, зошто и го оценуваш постот, а не неа.(искуство на еден форумџија од личност што 100 пати ја спомнаа, а за мене не е вредна да се спомнува затоа не именувам)
За се си во право. Поготово за последново.
Затоа и форум не е форум веќе, во смисла за дискусии. Зошто? Нема некој што ќе се обиде да те убеди дека не си во право, туку ќе биде тврдоглав, саркастичен и ќе се ослони на ремет. Тоа не се дискусии.

Сепак факт е дека со вакви дискусии нема ништо да се постигне. Лушето неможат да се променат. Поготово на интернет ;)

Имав едно мислење претходно... Сега да не го барам. Беше: Ова е интернет, секој може да биде што сака. (или така нешто во тој стил)
 

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Марсовка кога пишува барем те тера да прочиташ до крај.
А Јуникица:nesvest:...боже што се не има по земјава:kesa:

Заради ова само читам,без желба да пишам нешто.
 
Д

ДаркхарТ

Гостин
И кој е сега најпаметен од сите што ве има на темава?:uvo:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
А заради ова темите одат под клуч,па директива во канта.
 
Д

ДаркхарТ

Гостин
Дефинитивно не ти! :smir:
(no offense...ништо лично, чисто форумџиски)
Naah, стварно на ништо не личи. Некој ако сака да се зачлени на форумов и случајно ја кликне темава ќе се изначита што уште не. Убаво пиша Леандра неколку страни уназад. Доста ја тупите, трк по темите... И манс погоре дека револуцијата треба да се спроведе, а не да се мерат кој од кој е попаметен и да тажат по минатите времиња.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
А да си ги ставите на листа на игнорирање тие што според вас го расипуваат форумот и да не ги ни читате? И јас пред некој ден ставив едно 30тина на игнор листа, ни ги читам ни ништо, многу поквалитетен ми е форумов така.

Пробајте, ќе видите дека е многу подобро.:smir:
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Е на таквите како тебе алудирав.
Зашо нема квалитетни дискусии?
Зашо Дивајн тупи у теми у стилум "Драга Кајгана", "Дали би простиле неверство" и слични ми срања.
Али и се може.
И е авторитет.
И беше админ, sakamda sumadmin. Yeey! :)
Друга ствар.
Дали ја иам родители, дали идам у школо, уопште ти се не тиче, јасно?
На крај краева има мал миљон ко тебе, па ко ќе собереш два и два ќе сфатиш кај кого е проблемот.
Дотогаш повелела еден среден прст, од овој некултуреннеобразованмаливраг - Марија. :pusk:


Можеби не ми одговарало друштвото. :helou:
Знаев на кого алудираш, затоа ти пишав. Ваљда моите 30 години направиле да можам да прочитам една простотија како тебе. Иначе фала што си информирана толку многу за мене. Чим знаеш кај и како пишувам, си ме читала а? Ме пратиш нешто посебно, врз мене спроведуваш некои статистики или ме сакаш?:vozbud:
А админ бев и повеќе не сум, за да не сум во таа група на одговорни луѓе кои дозволуваат мрсулки како тебе да вреѓаат кого стигнат на еден ваков јавен простор.
А средниот прст? Пикни си го во твојата, ваљда погрда од мојава задница. Mwah!

Пер.
Тоа ми е муабетот.
Зашо нема квалитетна дискусија.
Па ете, у философија фатија прашина темине, а ваквиве за препуцавање 20 и кусур страни напраија. Јебеш га.
Битно да се занимааме.
Па фатија секако, кога денес е во мода човек да е ваков како тебе т.е. да не знае ништо друго попаметно да каже или помисли.

И пак осеќам дека не упатив доволно навреди. Брзам, па може ќе се поправам ако ми вратиш и на овој пост. :pusk:
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
2.681
Поени од реакции
182
Еј де, тајм аут. Само ја приметувам дека е овде нешто труло?
Дали е темава, кој ќе просере најмногу демагогии, крени два прста ако те иритира UG, кој ќе смисли подобра пцовка, или како до најдобрата навреда во три чекори?

На темава видов повеќе лични навреди отколку во последниве две години на цел форум, а не знам од кога тоа почна да се толерира. И тоа од личности за кои некој ќе помисли дека имаат барем малку акал. Забележавте кога го фрливте достоинството в шолја? Пуштај вода! Чшшшшшшшшшш.

Помислив дека Викторгг добро објасни, за базирањето на аргументите за отварање на темава на плацебо ефект, ама ова зазеде една сосема поинаква насока. Изгледа темава се претвори во проекција на тоа што е форумот денес.
Зарем толку може да ве исфрустрира, изнервира и изиритира некој што не го познавате, за да покажете такво ниско ниво на изразување со толку омраза? Особено знаејќи дека форумов допушта вишок слобода и "фаќаме левели за карактерот што сме го создале".

Дали некој кога ќе ја прочита темава, тоа ќе го поттикне да биде поквалитетен дискутант, или ќе се посомнева дека се развила една нова болест, форумско лудило, па ќе посака да се одлогира и никогаш повеќе да не се логира.

Oстана уште една паметна работа да се направи со темава, ако не тоа, барем да се смени насловот, за последните 5 страни да бидат он топик.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Еј де, тајм аут. Само ја приметувам дека е овде нешто труло?
Дали е темава, кој ќе просере најмногу демагогии, крени два прста ако те иритира UG
, кој ќе смисли подобра пцовка, или како до најдобрата навреда во три чекори?

На темава видов повеќе лични навреди отколку во последниве две години на цел форум, а не знам од кога тоа почна да се толерира. И тоа од личности за кои некој ќе помисли дека имаат барем малку акал. Забележавте кога го фрливте достоинството в шолја? Пуштај вода! Чшшшшшшшшшш.

Помислив дека Викторгг добро објасни.

Oстана уште една паметна работа да се направи со темава, ако не тоа, барем да се смени насловот, за последните 5 страни да бидат он топик.
Не ЗАБЕЛЕЖУВАШ самио ти, затоа е и темава. Нова беше темава и е споена со старата која веќе постоеше, затоа е насловот малку оф.

Онаа споменатата ми е под чест да ја коментирам, на игнор ми е со месеци. И не е за тоа, него за сите татини и мамини синчиња или исфрустрирани калаштурлаци од жени и момчиња кои патат од неебитис и освен сајберсекс, ништо не виоделе и своите фрустрации тука ги прикажуваат со што квалитетот оди постојано надолу.

Виктор се обиде, ама не успеа ништо да каже. Впрочем, одамна нема ни Виктор кажано, а зошто, исвини ГГ, ама и ти си паднал под влијание на дудл ми дис дудл ми дет.

Околу личните навреди. Рече Дивајн, некои треба да си ја исперат гнасната муцка со сапун, потоа со Листерин, а птоа да молкнат додека не научат да комуницираат.

Идејата на темава беше повторно да се идентификуваат нештата кои тераат да нема квалитетна дискусија и зошто многу членови претпочитаат д ане се логираат повеќе визави се поголемиот број дебилчиња кои место да прочитаат нешто, кажат нешо просеруваат и посеруваат теми постојано со доскочици кои се ненаместо, пастирања смајлија, дрвикурења до бескрај или со линкови до песнички мислејќи дека со тоа ќе бидат перцепирани како фраерчиња или фраерки.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Да читавте низ темите нешто повеќе од наслов, па да прочитавте на што највеќе се однесуваат постовите на претходните страни, ќе сфатите дека насловот и постовите во темава дури и премногу се поклопуваат.
Вака, до милион и назад да одите со констатации дека сите биле офтопик и се мразеле, никаде пак нема да стигнете.
Некој се почувствувал нападнат и одма потреба да се брани, што е нормална човечка акција.
Е сега, во зависност од културата на тие кои се напаѓаат, во темава го имаме она што го имаме.

Мислам дека од самата дискусија во темава се гледа зошто ги нема квалитетните дискусии толку често.
Полесно е некого да навредиш и да си го покажеш пред сите колкав ти е, отколку да пробаш разумно да продискутираш и изнесеш свој став.
Муабетов од темава ми иде накај:
Абе јас сум премногу паметен и знам сè па не ми се дискутира од што ми е смачено од толкаво знање.:tapp:
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Е на таквите како тебе алудирав.
Зашо нема квалитетни дискусии?
Зашо Дивајн тупи у теми у стилум "Драга Кајгана", "Дали би простиле неверство" и слични ми срања.
Али и се може.
И е авторитет.
И беше админ, sakamda sumadmin. Yeey! :)
Друга ствар.
Дали ја иам родители, дали идам у школо, уопште ти се не тиче, јасно?
На крај краева има мал миљон ко тебе, па ко ќе собереш два и два ќе сфатиш кај кого е проблемот.
Дотогаш повелела еден среден прст, од овој некултуреннеобразованмаливраг - Марија. :pusk:
Зашо мислам дека си ја утнала темата?Пошо сакаш да се праиш многу паметна повели тема и води дискусија, за пцуење преку компјутер сите имаме муда, ама некако у реален свет се губат мудата и останува пи*ка под кошула.:uvo:

Можеби не ми одговарало друштвото. :helou:
:wtf:
Ќе се потрудам да дискутирам како тебе за да ме разбереш "На р'ѓав к*р и влакна му сметаат".

За тебе а и за сите оние кои продискутирале на темава а се релативно нови членови си го поставувам прашањето:Зашо побогу ви е крива администрацијата?Да не случајно администраторите, модераторите раководат со вашиот мозок па на теми од општа култура на кои треба да се води дискусија, а не препуцавање или сеир, пишувате по цела една реченица?
Наместо да се прашувате што и како му се случува на форумов, размислувајте околу водење нормална дискусија, на ниво, а не чаламење на форум, препуцавање, разголување за да ви кажат дека сте секси и да ви дадат зеленко поради изглед овај цела една проста реченица во дискутабилна тема.:nesvest:
Ставрно е многу жалосно за младите членови кои многу тешко се вклопуваат на форумов, ама до некаде ги разбирам затоа што нивната асоцијализација доаѓа до израз баш преку нивните несодржајни постови, но секоја чест за некои млади членови со кои стварно може да се дискутира на доста теми.

Пер.
Тоа ми е муабетот.
Зашо нема квалитетна дискусија.
Па ете, у философија фатија прашина темине, а ваквиве за препуцавање 20 и кусур страни напраија. Јебеш га.
Битно да се занимааме.
Лицемерие до смрт :tapp:
Зашо нема квалитетна дискусија?Затоа шо некого го зачешало нешто и наместо да се почеша, отвара кајгана форум и сере по вакви ТЕМИ КОИ СЕ ЗА РАЗМИСЛУВАЊЕ, а не за препуцавање.....пошо е битно да се занимааме сфаќаш, кис4е....позз....4ао
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
[Што е форумот денес?]

За мене форумот преставува место за релаксација, место каде можам да дебатирам на разни теми, да слушнам различни мислења да останам упорна и доследна на мојот став и да го бранам моето мислење...навистина интересно нели!?
Значи форумот треба да се користи за забава, а не за препукување, карање, стварање нервози и возбудување за нешто што е безвезе и банално.
Можеби не сум доследна да зборувам за тоа каков бил форумот и каков е денес, но знам дека му фали многу квалитетна дискусија. За да се развие квалитетна дискусија треба паметни луѓе кој ке пишуваат паметни постови. А паметни луѓе не можат да бидат сите па затоа ке има и неквалитетни дискусии...
Што треба да направиме сите членови заедно!?
Да намалиме со реметот, заебанциите, трескањето глупости и бесрамното покажување на иронија спрема други членови во сериозни подфоруми...
Секој пост си има свое место, напишете го таму каде што и треба да биде...
Оние пасивните членови нека се обидат да го споделат своето мислење овде а не да го зачуваат за себе, така можеби ке се развие поголема дискусија, оти можеби тие знаат нешто повише од оние кој веке напишале и дискутираат.
И додека овде на ова тема се препуцавате кој епаметен кој е глуп и да ги групирате членовите кој во која група спаѓа, тркнете до подфорумите и најдете нешто у темите со што не се согласувате или сакате да додадете уше нешто паметно. И кога барем 30% од членовите би го направиле тоа форумов ке стане уше поинтересен и попривлечен од досега или пак од она што веќе претходно бил.
Од друга страна па многу сметаат дека веке се исцрпени темите и нема шо да се каже плус, но затоа па има толку многу теми од секојдневниот живот за кој се нема дебатирано. Да пробаме да отвориме по некоја и да се обидеме да развиеме квалитетна дискусија без сарказам, навредување, реметење посебно на членот кој ја отворил темата и кој сигурно не се поистоветува со неа.
Продолжи со добрата забава на свој начин достоен за форумов:smir: Не за другите, туку за себе!!!
:back::back::back:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom