Македонски Телеком ги заболе за постоечките корисници! (Простете на израз)
Мобилните услуги во пост-пејд им ги користам уште од времето на Мобимак, или пак Телеком како се викаа на почеток? 3 Мах пакет склучив во првите две недели одкако искочи на пазарот (секако за тоа време имаа одлична грижа за корисници и беа одлични нивните услуги). Со тек на време почнаа проблемите со интернетот и телевизијата, доаѓаа истиот ден на повик и средуваа. Договорите ги продолжував на секое истекување (Секогаш те известуваа дека се истечени и ти нудеа нешто за да го продолжиш). Но кога почнаа при пријава на проблем да доаѓаат после една недела, и на мобилните да не добиваш ништо повеќе од она што си го добивал години уназад, решив еден од трите броја кои ми беа во пакет со 3 Мах-от да го префрлам во Вип. Од тогаш никогаш повеќе не ми се јавија да ме известат дека договорите ми се истечени и да ми понудат нешто за да го продолжам. Сам се јавував да прашувам кога ми завршуваат и при продолжување добивав ист избор на уреди како некој прв пат да потпишуваше договор, но потпишав уште еден договор. Тој ми истече пред неколку месеци, повторно се јавив јас да прашам кога ми завршува и според кои тарифи да гледам кои телефони која цена ми доаѓаат. Од контакт центарот добив одговор дека претплата веќе не постои и за телефонски уреди можам да ги гледам цените на Пензионер тарифата! (Цени како од мобилара без договор да го земам нов телефонот)
Ми понуди да се префрлам на Магента и ќе сум добиел буџет, услугите ќе ми биле исти како сега, но претплатата ќе ми била 800 денари повеќе! Не се нормални.
Веќе денес Вип имаат опција каква што ми одговара, како кај телеком - телевизија, интернет, фиксен во пакет со две мобилни линии. Мобилните веќе од 12 часот ми се на Вип, денес потпишувам договор за Комбо. Добивам дупло канали, интернет 100 мегабита (во телеком 12 мегабита, никогаш не решија да донесат до кај мене оптика, реални 6 ги добивав), од фиксниот иако не зборам ќе имам неограничено кон сите домашни (во телеком секоја секунда ми ја наплаќаа +), и кај мобилните се повеќе од претходно.