Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата vmx
  • Време на започнување
Член од
20 јануари 2008
Мислења
387
Поени од реакции
27
Веќе знаете дека во дел од Скопје е пуштена оптиката, па сега се тестира стабилноста на корисниците кој имаат оптички интернет. Со оглед на тоа дека скоро се е одлично брзо и стабилно, би требало набрзо да почне со покривање и на останатиот дел од Скопје.

Како и да е доколку ти си од Скопје пробај да побараш барање на оптички пакет. Доколку е можно веднаш ќе се пушти оптичко влакно до твојот дом.

До крајот на годинава би требало 80 % од Македонија да е со оптика.
 
P

Princ

Гостин
Да изнесуваш невистини можам да толерирам. Океј, некој тип на невистини.
До крајот на годинава би требало 80 % од Македонија да е со оптика.
За 1 (една, цела) година, т-хоум 4 улици во Скопје покри со оптика. Од кај довербата дека до крајот на горинава 80% од Македонија би била покриена со оптика?
Јас би бил пресреќен ако до крај на годинава 10% од Македонија е покриена со оптика. Ама реално, во 10% од територијата на РМ им можност за поврзување со оптички кабел.

А она муабетот за покачување брзини ми е многу смешен. Не дека т-хоум не сака, туку дека т-хоум не може да ги зголеми брзините повеќе. Тоа што не ни требаат поголеми брзини (туку поголем лимит) е башка муабет.
Инфраструктурата која ја има телеком, е искористена до максимум веќе. Брзините се максимални што може да ги издржи бакарот/централата.
Тоа е тоа. Не очекувајте покачување на брзините. А знам и дека тоа не ве радува многу кога гледате и дека сегашните 4 или 6Mbps не можете раат да ги користите.
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
387
Поени од реакции
27
Никакви дезинформации не ширам. Луѓе кој работат на оптиката ми кажаа дека до крајов на годинава би требало поголемиот дел од Македонија т.е. 80 % да има оптика.

Како и да е брзините ќе се накачат само кај ОНИЕ КОЈ ИМААТ ТЕХНИЧКА МОЖНОСТ(и тоа најверојатно само за 3 макс корисниците поради HD каналите).

Зошто така збориш? Имам куп другарчиња во Тетово и на сите им поддржува линијата над 20 мбпс. Мислам дека ти беше од Кондово, па најверојатно имаш послаба телефонска линија. Јебига, тоа е. =)

Ќе најде решение телеком.
 

su

Член од
31 октомври 2005
Мислења
189
Поени од реакции
4
a dali ke ima promeni na kolicinava na paketive
10gb-->15 ili 20gb
25gb-->50gb
???
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Никакви дезинформации не ширам. Луѓе кој работат на оптиката ми кажаа дека до крајов на годинава би требало поголемиот дел од Македонија т.е. 80 % да има оптика.

Како и да е брзините ќе се накачат само кај ОНИЕ КОЈ ИМААТ ТЕХНИЧКА МОЖНОСТ(и тоа најверојатно само за 3 макс корисниците поради HD каналите).

Зошто така збориш? Имам куп другарчиња во Тетово и на сите им поддржува линијата над 20 мбпс. Мислам дека ти беше од Кондово, па најверојатно имаш послаба телефонска линија. Јебига, тоа е. =)

Ќе најде решение телеком.
Каква техничка можност кај оптичкиот кабел? Од главниот кабел пример во една зграда се спроведува оптички кабел со дебелина на рибарски конец до секој дом.
Техничка можност постоеше и постои кај оние што имаат бакарен спроводник и брзината не може да се зголеми доколку ја зголемат на веќе постоечкиот пакет на корисникот бидејќи ќе дојде до нестабилна врска.
И апсолутно не е точно дека за 1. година ќе ја покријат цела држава еве за пример види ја мапата на главната страна за adsl само во Скопје има едвај неколку реони покриени. Точно е дека се работи забрзано ама ќе им треба повеќе време.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
403
Поени од реакции
7
нема шанси до крајот на годинава да покријат 80%, може ако и навечер работат.
прикаски за мали деца само.
и поголема брзиан на интернет на 80% од корисниците не им треба. поголем сообраќај им треба.
6мегабита е доволно, 10ГБ сообраќај не е ни приближно доволно.
некои луѓе и ги одбиваат за 20мбита брзина, а интернетот и телевизијата им се катастрофа. ништо не е стабилно.
 

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Веќе знаете дека во дел од Скопје е пуштена оптиката, па сега се тестира стабилноста на корисниците кој имаат оптички интернет. Со оглед на тоа дека скоро се е одлично брзо и стабилно, би требало набрзо да почне со покривање и на останатиот дел од Скопје.

Како и да е доколку ти си од Скопје пробај да побараш барање на оптички пакет. Доколку е можно веднаш ќе се пушти оптичко влакно до твојот дом.

До крајот на годинава би требало 80 % од Македонија да е со оптика.
Па побарав уште тогаш, ми се јавија еднаш, си направив муабет со тетката што студирам и слично. После по 1 недела пак ми се јави еден тип, и со него си направив муабет што и како, и само на муабети остана работава:)
 
Член од
24 август 2009
Мислења
535
Поени од реакции
72
Јас од Јули негде сум корисник на "Call & Surf", досега ме немаа разочарано, ама вчера и денес незнам катастрофа ептен,брзината е за нигде,паѓа на 2 минути,неможам да се јавам ни до техничка подршка бидејќи ни телефонот не ми работи.. Има некој ваков сличен проблем или само мене ми се дешава??
 

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Јас од Јули негде сум корисник на "Call & Surf", досега ме немаа разочарано, ама вчера и денес незнам катастрофа ептен,брзината е за нигде,паѓа на 2 минути,неможам да се јавам ни до техничка подршка бидејќи ни телефонот не ми работи.. Има некој ваков сличен проблем или само мене ми се дешава??
Јас па да не го урочам, неделава интернетов ми е како што не ми бил до сега во изминативе година и пол на Call & Surf додека сум. Изгледа новиот рутер си го прави своето:)
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484

Резултати на оптика ... со напомена дека треба да се работи на подобрување на квалитетот на врската, вака е слаб.
Е сега ... пошто ставив оптика, го гледав процесот и начинот на монтирање неколку заклучоци:

  1. На една локација нема шанси да потрошат помалку од 2 часа (1 час монтажа 1 час тестирање и активирање)
  2. Значи еден тим поделени на монтери и махери повеќе од 10 стана дневно ни под разно. Односно до крај на година може да ја покријат Македонија само главните магистрали (back-bone), а поврзување до секој дом веројатно со ова темпо за 100 години (и покрај тоа што на монтажа се ангажирани и луѓе од кабелски оператори кои веќе имаат искуство со оптика)
  3. Внатре оптиката ја ставаат во канал (црево) а надворешните инсталации им се очајни:
    • обичен правоаголен тенок канал секој може да го отвори и да ти го с*ебе влакното (одлично сценарио за освета на комшии кои се бучни, ти паркираат пред гаража и сл.)
    • нема аголници па на многу места при монтажа се јавува прекршување
    • прекршување на влакното, односно губење на сигнал, снемување на струја и сл. значи и немање на телефон (бакарните парици се демонтираат), интернет, видео сигнал и сл. заеб (освен во сценариото со комшијата нели :) )
    • при наредна интервенција (читај: додавање на оптика кај комшијата) голема е веројатност да се јави прекршување кај твоето влакно а со тоа и намалување на сигналот или губење
Како и да е ... мој совет за оние кои се во реон во кој може да се постави оптика. Паметно е да се постави, па и ако после 3 месеци се откажете и се префрлите на стариот пакет. Зошто?
Прво. Ќе добиете оптички кабел, монтиран, кој може да го користите во иднина (се сомневам дека после оваа промоција монтажа би била бесплатна), 30-тина метри оптичко влакно, црево и надворешни канали, некој друг да ви буши дупки, друг да тестира конекција, внатрешен 15 метарски мрежен канал од рутер до десктоп и сл.
Второ. Потпишувате договор на 1 година со напомена дека после 3 месеци може да се откажете од оптиката за да не ги плаќате дополнителните 300 денари (ако остане да се плаќаат, а се шушка дека нема) со кој договор добивате Linksys WRT54GH рутер, па ако до сега сте немале уред за безжично поврзување на лаптопчињата (кои на децата сте им ги купиле за да учат а впрочем вие ги користите за покер) варијантата со 300 денари месечно цела година е исто како да сте го купиле во продавница на 12 рати без камата (а имате оптика за остатокот од парите кои и така ги давате).
И трето, добивате втора линија, која со оглед на пенетрацијата на мобилните е непотребна, но факт е дека може да послужи посебно кај млади кои запенуваат на телефон.
Единствен трошок при монтажата беа 10 кафиња кои морав да ги варам, и ред пријатен муабет со 5-6 луѓе кои се испоизменија за се ова да проработи.

Едит: Не работам во Телеком :)
 

trickster

Remember the name …
Член од
19 август 2007
Мислења
452
Поени од реакции
14
Каков ви е нетот деновиве само ја го јадам стапот или глобално е, се што е надвор од мк отвара со судни маки ритплај кон останати сервери околу 200мс...
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Каков ви е нетот деновиве само ја го јадам стапот или глобално е, се што е надвор од мк отвара со судни маки ритплај кон останати сервери околу 200мс...
Само што пастнав резултати, еден пост изнад твојот ... стабилно е генерално од средина на јануари наваму.
 

trickster

Remember the name …
Член од
19 август 2007
Мислења
452
Поени од реакции
14
Само што пастнав резултати, еден пост изнад твојот ... стабилно е генерално од средина на јануари наваму.
Ако добро сконтав ти имаш оптика,прашањето ми беше до корисниците на мах адсл , сепак фала за одговорот.
 
P

Princ

Гостин
Јас па да не го урочам, неделава интернетов ми е како што не ми бил до сега во изминативе година и пол на Call & Surf додека сум. Изгледа новиот рутер си го прави своето:)
Исто и кај мене. Изгледа до рутерот беше :)
 
Член од
20 јануари 2009
Мислења
108
Поени од реакции
1
Каков ви е нетот деновиве само ја го јадам стапот или глобално е, се што е надвор од мк отвара со судни маки ритплај кон останати сервери околу 200мс...
I kaj mene e tapa.. stranski strani tesko otvara... eve 2 dena vise
 

Kajgana Shop

На врв Bottom