Резултати на оптика ... со напомена дека треба да се работи на подобрување на квалитетот на врската, вака е слаб.
Е сега ... пошто ставив оптика, го гледав процесот и начинот на монтирање неколку заклучоци:
- На една локација нема шанси да потрошат помалку од 2 часа (1 час монтажа 1 час тестирање и активирање)
- Значи еден тим поделени на монтери и махери повеќе од 10 стана дневно ни под разно. Односно до крај на година може да ја покријат Македонија само главните магистрали (back-bone), а поврзување до секој дом веројатно со ова темпо за 100 години (и покрај тоа што на монтажа се ангажирани и луѓе од кабелски оператори кои веќе имаат искуство со оптика)
- Внатре оптиката ја ставаат во канал (црево) а надворешните инсталации им се очајни:
- обичен правоаголен тенок канал секој може да го отвори и да ти го с*ебе влакното (одлично сценарио за освета на комшии кои се бучни, ти паркираат пред гаража и сл.)
- нема аголници па на многу места при монтажа се јавува прекршување
- прекршување на влакното, односно губење на сигнал, снемување на струја и сл. значи и немање на телефон (бакарните парици се демонтираат), интернет, видео сигнал и сл. заеб (освен во сценариото со комшијата нели )
- при наредна интервенција (читај: додавање на оптика кај комшијата) голема е веројатност да се јави прекршување кај твоето влакно а со тоа и намалување на сигналот или губење
Како и да е ... мој совет за оние кои се во реон во кој може да се постави оптика. Паметно е да се постави, па и ако после 3 месеци се откажете и се префрлите на стариот пакет. Зошто?
Прво. Ќе добиете оптички кабел, монтиран, кој може да го користите во иднина (се сомневам дека после оваа промоција монтажа би била бесплатна), 30-тина метри оптичко влакно, црево и надворешни канали, некој друг да ви буши дупки, друг да тестира конекција, внатрешен 15 метарски мрежен канал од рутер до десктоп и сл.
Второ. Потпишувате договор на 1 година со напомена дека после 3 месеци може да се откажете од оптиката за да не ги плаќате дополнителните 300 денари (ако остане да се плаќаат, а се шушка дека нема) со кој договор добивате Linksys WRT54GH рутер, па ако до сега сте немале уред за безжично поврзување на лаптопчињата (кои на децата сте им ги купиле за да учат а впрочем вие ги користите за покер) варијантата со 300 денари месечно цела година е исто како да сте го купиле во продавница на 12 рати без камата (а имате оптика за остатокот од парите кои и така ги давате).
И трето, добивате втора линија, која со оглед на пенетрацијата на мобилните е непотребна, но факт е дека може да послужи посебно кај млади кои запенуваат на телефон.
Единствен трошок при монтажата беа 10 кафиња кои морав да ги варам, и ред пријатен муабет со 5-6 луѓе кои се испоизменија за се ова да проработи.
Едит: Не работам во Телеком