Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата vmx
  • Време на започнување
Член од
21 ноември 2011
Мислења
1.601
Поени од реакции
959
moze internet fiksen na 4G, brzinata e 15/1, dodeka A1 nudi 100/10 Combo Box paket
Автоматски споено мислење:

zosto uste imate adsl so brzina pod 10??? zosto??? pa vo najlos slucaj A1 Combo ke izvadi 30/5 brzina na 4G, bilo kade niz zemjava.
Имав комбобокс и го вратив за 10 дена..ич не беше стабилен и брзината варираше претерано. Одвај беше и за сурфање не пак за стриминг или download.
Плус мора договор од 2 години...за такво нешто не би се врзал..мачка во вреќа
 
Член од
12 април 2012
Мислења
12
Поени од реакции
0
Здраво на сите,
една недела сум корисник на оптика од Телеком, модем/рутер Vantiva FGA 2235, брзина 200/100 - брзината е одлична и сите мерења се совпаѓаат со понудата, но една интересна појава е тоа што пингот на download e стабилен 8-9 ms, додека на upload оди преку 150-200-250 не стабилно.

Во нормална употреба ништо од ова не смета, но приметив на ModernWarfare пингот доста варира, од некои си 50 до 80 ms.

Некој да го имал овој проблем и да го решил?

Наидов на некои поими како Bufferbloat, што можат да се решат со рутери опремени со QoS или SMQ... ако тоа е воопшто случај овде.

Поздрав :)
 
Член од
9 јануари 2021
Мислења
1.072
Поени од реакции
1.129

Извини касно што ти одговарам, пингот нема никаков проблем да ти прави врз upload линкот, особено нема да приметиш да ти прави проблем. Ако сакаш низок пинг, ќе активираш Gaming booster што го даваат за 300 денари со L пакетот или ќе преминиш на 300/150 Mbps пакетот и ќе го активираш за 0 денари пакетот и uploud ќе ти биде 300 Mbps.
 
Член од
23 февруари 2025
Мислења
3
Поени од реакции
2
Здраво, јас живеам на малку повисоко место, а моментално користам оптички интернет на Телекабел но имам големи проблеми со пинг и лаг во игри. Сакам да ставам оптички интернет од Телеком но ми рекоа дека не можат на ова место. Дали има некакво решение?
 
Ќе си пријавиш во Телекабел да ти ја следат линијата ако имаш проблеми некои во линијата и тоа е решението.
Немаш гајле со оптиката на Телекабел, ако има можност за VDSL од Телеком, премини на VDSL , ама збогувај се после со големите брзини.
 
Ви благодарам за одговорот, дали можете да одвоите неколку минути, да разговараме во приватна порака?
 
Член од
9 јануари 2021
Мислења
1.072
Поени од реакции
1.129
Можете ли да ми го дадете вашиот Инстаграм?
Пишете ми овде во приватна порака и прашајте ме се што ве интересира, а јас согласно моето слободно време кога ќе можам ќе ви одговарам.
Оптичкиот интернет е одлична технологија која нуди можност за развој на огромни брзини над 1/1 Gbps. На македонскиот пазар имаме оператори кои ја нудат оваа технологија и како напредна технологија бара малку повеќе вложување, но на крајот придобивките крајни ги гледа корисникот од користењето на оптика. Во твојот случај најдобро е да останеш на Телекабел оптика и да не се замараш премногу со пингот, односно да не мислиш дека ќе имаш проблеми некои позначајни, но ако имаш ќе пријавиш во техничката служба на Телекабел.
DSL ( Digital subscriper line) е технологија преку телефонска жица, оваа технологија нуди брзини преку 50 Mbps co VDSL најновата технологија која е воведена. Опремата се менува во кабинетот кај што е од македонски Телеком, а кај крајниот корисник се менува рутерот. ADSL е најшироко распространета во Макеоднија и за жал оваа технологија е стабилна само линиите ако се правилно поврзани и бакарот уште функционира.
4G домашен интернет е најнова технологија, развива најголеми брзини до 150 Mbps, но тука стабилноста не е загарантирана. А1 нуди максимална брзина до 100/10 Mbps, а Телеком до 15/1 Mbps. Исто така, може корисник лд мобилен оператор да купи сим картичка и сопствен рутер од продавниците кај што продаваат 4G рутери и во него да стави припејд картичка и да активира интернет пакет и да го користи во викендица.
Сепак, на крајот стабилноста и брзината се сведува на технологиите преку кабел, а 4G е само за места каде што се крш линиите.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom