Мислам дека ти се доволни 51% потписи од станарите.
Точно.
ахмм, ама не сакам па и да ми се налутат (иако и моментално не се изгледа многу сакаме според нивната реакција
) и да не ми прават проблеми нешто
За жал не можеш да ги бираш соседите и какви типови на луѓе ќе бидат.
Ако зградата ги има да речеме 10 станови, доволно ти се потписи од 6 станари, добредојдени се и потпис и печат од куќен совет или од фирма која ја одржува зградата - но не се обврзувачки.
Како и да е, доколку во зградата нема постоечка инсталација за оптичка мрежа, огромна е веројатноста дека ќе мора да се буши во станот на секој станар кој ќе сака да стави оптички Интернет од Македонски Телеком.
Многу се ретки исклучоците кај кои во зградата нема доводни оптички кабли од Македонски Телеком откако изградбата веќе била завршена, но сепак инвеститорот оставил празни црева до секој стан за секој случај, таквите се премногу ретки, колку за да не речеме дека се непостоечки.
Тотално небитно е што сакаат или не сакаат останатите соседи, ако имаш потписи од минимум 51% од сите станари, тогаш останува да чекаш од Македонски Телеком да пратат некој од приватните подизведувачи за да реализира техничко решение за поврзување на станбениот објект со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.
Откако приватниот подизведувач ќе ги спроведе доводните оптички кабли низ ходниците, си поднесуваш индивидуално барање до Македонски Телеком - за тебе лично како краен корисник, бираш пакет за Интернет и/или MaxTV, и чекаш да те контактираат за да закажат термин за инсталација.
Секако дека ќе треба да си испланираш каде и како да го спроведат завршниот оптички кабел внатре во станот, ако сакаш можеш да си ја олесниш работата на себеси и на монтерите со тоа што самостојно ќе си избушиш дупки таму каде што ти сакаш, со цел кога ќе дојдат монтерите да имаат помалку работа и побрзо и полесно да ја направат инсталацијата.
Важно е да земеш во предвид дека оптичкиот кабел не смее да се превиткува под агол од 90 степени или помал, не смее да се спроведува под тепих, под мебел, речиси секогаш го фиксираат на таван, односно по ќошевите на таванот, или над подна лајсна, со цел да биде максимално заштитен.