Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата vmx
  • Време на започнување Време на започнување
Јас сум на тој пакет L Оптика од Телеком, престабилен е интернетот додека кај Телекабел нон стоп скоро паѓа, али тоа е друга тема во просек ако никој не го користи нетот ке имаш 100 download и upload мах 95. ама никогаш не сум ги видел и downloadot i uploadot под 94 да паднат. А вака просечно искрено таа брзина што ја рекламираат таа ја добиваш презадоволен сум нив еве веќе 1 година.
оваа брзина преку ВиФи ти ја дава, или преку Лан?

И ја сум на оптика Л пакет, имам од Хуавеи белите рутери, и на ВиФи максимум 50 ми дава, а преку лан кабел 100.
 
uste li gi koristat huawei ruterite za 4g fiksen net? ima li novi ruteri/resiveri ?
 
На Лан ја добивам таа брзина рутерот е бел Хуавеи HG8145V5

на Вифи брзината ти се гледа од телефонот или зависи од кај мериш зависи колку е моќен е ама тоа нема до толку врска зошто Телеком ти гарантира брзина на Лан дека ке биде толку на Вифи не можат да гарантираат дека ке биде иста.
 
Да прашам дали имате проблем со оптика во аеродром

Sent from my SM-A405FN using Tapatalk
 
Здраво, имав нешто проблеми со телекабел интернетот и плус не ми се допаѓаше нивната телевизија дека додека живеев со моите бев навикнат на телеком па сега одлучив да сменам и кај мене на телеком, е сега иако сум во нова зграда приклучок имаме само на телекабел (кога се градело само на нив им се дало согласност поради не знам која причина) и сега во помала зграда сум па од повеќето комшии собрав потписи ама има некои шо буквално само ми затворија врата и некои што не ги најдов дека не живеат стално тука. Што решение/алтернатива имам у овој случај а да не се враќам на телекабел?
 
Мислам дека ти се доволни 51% потписи од станарите.
 
Мислам дека ти се доволни 51% потписи од станарите.
ахмм, ама не сакам па и да ми се налутат (иако и моментално не се изгледа многу сакаме според нивната реакција :)) и да не ми прават проблеми нешто
 
Мислам дека ти се доволни 51% потписи од станарите.

Точно.

ахмм, ама не сакам па и да ми се налутат (иако и моментално не се изгледа многу сакаме според нивната реакција :)) и да не ми прават проблеми нешто

За жал не можеш да ги бираш соседите и какви типови на луѓе ќе бидат.

Ако зградата ги има да речеме 10 станови, доволно ти се потписи од 6 станари, добредојдени се и потпис и печат од куќен совет или од фирма која ја одржува зградата - но не се обврзувачки.

Како и да е, доколку во зградата нема постоечка инсталација за оптичка мрежа, огромна е веројатноста дека ќе мора да се буши во станот на секој станар кој ќе сака да стави оптички Интернет од Македонски Телеком.

Многу се ретки исклучоците кај кои во зградата нема доводни оптички кабли од Македонски Телеком откако изградбата веќе била завршена, но сепак инвеститорот оставил празни црева до секој стан за секој случај, таквите се премногу ретки, колку за да не речеме дека се непостоечки.

Тотално небитно е што сакаат или не сакаат останатите соседи, ако имаш потписи од минимум 51% од сите станари, тогаш останува да чекаш од Македонски Телеком да пратат некој од приватните подизведувачи за да реализира техничко решение за поврзување на станбениот објект со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.

Откако приватниот подизведувач ќе ги спроведе доводните оптички кабли низ ходниците, си поднесуваш индивидуално барање до Македонски Телеком - за тебе лично како краен корисник, бираш пакет за Интернет и/или MaxTV, и чекаш да те контактираат за да закажат термин за инсталација.

Секако дека ќе треба да си испланираш каде и како да го спроведат завршниот оптички кабел внатре во станот, ако сакаш можеш да си ја олесниш работата на себеси и на монтерите со тоа што самостојно ќе си избушиш дупки таму каде што ти сакаш, со цел кога ќе дојдат монтерите да имаат помалку работа и побрзо и полесно да ја направат инсталацијата.

Важно е да земеш во предвид дека оптичкиот кабел не смее да се превиткува под агол од 90 степени или помал, не смее да се спроведува под тепих, под мебел, речиси секогаш го фиксираат на таван, односно по ќошевите на таванот, или над подна лајсна, со цел да биде максимално заштитен.
 
Последно уредено:
Кај сите ли се зголемени брзините на М пакетот интернет на 40/20 или само кај корисниците на оптика? На веб страната сеуште им се поставени старите брзини 30/5.
 
Кај сите ли се зголемени брзините на М пакетот интернет на 40/20 или само кај корисниците на оптика? На веб страната сеуште им се поставени старите брзини 30/5.
Кај мене на бакар е исто...

13147189151.png
 
Кај сите ли се зголемени брзините на М пакетот интернет на 40/20 или само кај корисниците на оптика? На веб страната сеуште им се поставени старите брзини 30/5.

Телеком оптика, М пакет магента, пингот при аплоад бајаги висок.

IMG_20220513_102927.jpg
 
15 години сум на Кабелнет (кабловски интернет и телевизија во Струмица) и сега кога се преселив во новиот стан треба да ставам Телеком зошто они се единствени со поставена инфраструктура во зградата. Ако може да ми споделите како сте задоволни од Оптик М пакет што е со 3ТВ 40МВѕ/20МВѕ дали е стабилен и дали е точно дека телевизијата на Телеком го користела интернетот, дали значи дека брзината ќе ми се намалува кога ќе гледам телевизија и дали телевизијата ќе ми го троши интернетот (количински).

Благодарам однапред
 
Телезивијата ти зема од интернетот ама на таа брзина нема да ти прави проблем.На бакар имаме тв па немаме проблеми.Е сега зависи и колку ресивери ќе користиш .
 
Телезивијата ти зема од интернетот ама на таа брзина нема да ти прави проблем.На бакар имаме тв па немаме проблеми.Е сега зависи и колку ресивери ќе користиш .
А количина троши ли, пирмер ако цел ден гледам ТВ да ми истроши 20гб интернет (лупам од ракав бројки)
 
15 години сум на Кабелнет (кабловски интернет и телевизија во Струмица) и сега кога се преселив во новиот стан треба да ставам Телеком зошто они се единствени со поставена инфраструктура во зградата. Ако може да ми споделите како сте задоволни од Оптик М пакет што е со 3ТВ 40МВѕ/20МВѕ дали е стабилен и дали е точно дека телевизијата на Телеком го користела интернетот, дали значи дека брзината ќе ми се намалува кога ќе гледам телевизија и дали телевизијата ќе ми го троши интернетот (количински).

Благодарам однапред
Кај оптика не зема од интернетот сообраќајот, додека кај бакар зема од вклучените 3ТВ и се намалува брзината. Кај оптиката имаш посебни порти за телевизија кои не се зависни како кај бакарот и не одземаат од брзината на интернетот. Оптиката како технологија е најдобра, освен симетрични брзини нуди и стабилност.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom