Дали има оптика во село Радишани ?
Можеби ќе има - ама само можеби - во текот на 2022 година.
Визбегово, Скопје Север и Бутел 2 се веќе покриени, Бутел е речиси целосно покриен од едната страна на улица Хо Ши Мин - и тоа баш оваа страна од кај улица Бутелска и улица Андре Мазон кои водат кон Радишани, што значи дека останува оваа година да го покријат Бутел од другата страна на улица Хо Ши Мин, од кај улица Александар Урдаревски, канал Серава и гробиштата кои водат кон Шуто Оризари.
Доколку Македонски Телеком работи активно на проширување на својата оптичка телекомуникациска мрежа кон Радишани во текот на 2021 година, изводливо би било првите корисници на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком во Радишани да бидат поврзани веќе во 2022 година. Ќе биде вистинско изненадување доколку тоа се случи оваа 2021 година.
Од летото 2019 е пуштена во употреба новата оптичка телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком во реон Ченто - Хиподром, Маџари, Триангла, Ченто, Сингелиќ, Стајковци и останати села во тие краеви;
од крајот на 2020 година пуштена е во употреба новата оптичка телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком во Драчево - реон Кисела Вода;
од почетокот на 2021 година пуштена е во употреба новата оптичка телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком во населба Даме Груев и Ново Село, а се продолжува со нејзино проширување и кон Волково - овие 3 населби спаѓаат под реон Ѓорче Петров;
по логика на нештата, ќе треба да се продолжи кон Радишани - реон Чаир - до крајот на 2021 година, а веќе во текот на 2022 година да бидат поврзани првите корисници на нова оптичка телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком во Радишани.
Но сето ова останува само претпоставка, има населби кои со години чекаат да бидат поврзани со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, а се граничат со населби кои од поодамна се поврзани со истата.
Керамидница на пример, не е покриена со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, а од сите страни се граничи со населби кои се поврзани со истата. Единствено ФОН Универзитет, Бриколаж и Нептун се првите објекти кои се поврзани со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком од нивната страна во Керамидница, но тука завршува оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком во тој дел од Керамидница.
Алкалоид, Пивара Скопје, Европа, Меркур и останатите индустриски и деловни објекти во таа улица - иако спаѓаат под населба Автокоманда, сепак технички доводните оптички кабли доаѓаат од кај Годел и Триангла.
Населба Лисиче и Ново Лисиче од поодамна се поврзани со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, но Горно Лисиче и Долно Лисиче со години чекаат допрва да бидат поврзани со истата, иако заедно спаѓаат под реон Кисела Вода.
Така да, ова со претпоставката за поврзување на Радишани со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком во текот на 2022 година останува само претпоставка под знак прашалник.