На UPS порта за телефонски џек е само во случај да преку тел. кабел помине поголем напон од дозволениот. Нпр. при удар на гром итн. Така да напонот на тел. кабел нема врска со паѓање на конекцијата. Конекцијата најчесто паѓа заради неможност да се сихронизира на одредена брзина. Почесто од Upload speed. Најголеми проблеми на т-хоме има предизвикано качување на Up кај фирмите на 1Мбс. Затоа се обидуват да ја намалат брзината за да проверат. Меѓутоа ако и после намалување на брзините конекција се прекинува онда 90% проблемот не е до нив.
Дефинитивно имаш право, моја грешка. Телефонскиот кабел воопшто и не зависи од локалната инсталација на ЕВН, а јас не ни помислив на тоа. Во врска со синхронизирањето, старите D-Link модеми доколку имаат конфиг од 8/1mbps да речеме, а не може да се испорача таа брзина, постојано ќе паѓа конекцијата после одреден период. Новите Томпсони имаат можност конфигот да го модифицираат автоматизирано и да ја променат брзината на најголемата можна стабилна вредност. Затоа на претходните страни има и корисници со чудни вредности за download/upload.
Немам камера при рака, некој друг нека сликне ако му стигнала сметката за телефон.
Ако сакаш уште поголема брзина, тука е новиот пакет Premium со досега невидена брзина дури до 20 Mbit/s, и тоа за доплата од само 200 денари месечно*!
*Premium брзината е достапна само за корисниците на MaxADSL 100, Call & Surf Comfort + и 3 Max Comfort +, доколку постои техничка можност на бараната локација. Доплатата со ДДВ за пакетот Premium изнесува 236 денари.
Се јавив во техничка поддршка, типот вика од 16 март (понеделник) да се јавам на 171 за проверка на техничка можност. Јеботе, толку ли е комплицирана процедурата да видат линијата дали држи 20mbps или не? А да не збориме да им падне на памет да покачат дозволен сообраќај...