Ако приметеше, имаше неколку најавени прекини и на серверите на кајгана - одредени промени беа во тек ...Ми се има десено во последниве 2 недели едно 4-5 пати да снема интернет рано наутро и тоа како успева да се погоди се во исто време? 03:00 сабајле...
Мојата Моторола 5101 има најстандарден пакет, со неа работам 99% од времето и истата ме служи одлично - тестовите (со плафон брзина) се некогаш правени од една нова технологија на кабелски интернет која треба да биде наскоро во промет, но истата поради нејзината огромна пропусност е многу практична за тестирање на оптеретеност на УБР уредите и со тоа на расположливиот капацитет на мрежата ...Јаневски брат, џабе се нервираш, нетот нема да се оправи, треба некој со памет да го направи тоа, а фирма без школо неможе да го направи тоа. Boomerang и кај мене така неколку вечери по ред во исто време снемуваше интернет. па да речеме дека работеле нешто или им украле кабел, што е честа појава. Немој да се заебеш да си се јавувал да викаш екипа да ти дојде, за да ти провери сигнал, кај мене веќе доаѓаат 3 недели, ваљда по пат се, па после од кај мене ќе идат кај тебе![]()
Бидиков, да збориме реално, нема шанси да имаш ти "обичен" интернет од телекабел, сигурно нешо плус ти е пуштено, некој "посебен" пакет, што никаде го нема, бидејќи брзините ти се плафон. Тоа брзо ќе се среди, колкав временски период е тоа, да не е 2-3 месеци?
Сега телекабел направиле update на опремата. Претходно кога имаш висок пинг ти викаат да го оладип модемот, за да ти се среди, а сега, ладел , не ладел исто ти се фаќа тапа нет.
И информација од прва рака; Т-Home немале никаков проблем со нетот, изминативе неколку месеци
Јаневски, дел од твоите анализи имааат логика, дел по дефиниција ти се погрешни односно поради грешна претпоставка донесуваш погрешни одговори - мојот одговор за сигналите беше општо кажан, а ти си дозволи да коментираш ниво на сигнали без да имаш точна информација (и најлошо од се е фактот што сигналите не се идеални како што ти ги прокоментира - да нема варијации што е добро како показател)...
BrainTeaser: Како покрај сите тие:
- работи, секаде се добива ама баш иста слика со брзина и каснење? Нели тоа асоцира на централизиран проблем, со заедничка шема на однесување која што е распространета низ цело Скопје? Центарот на мрежата е - Телекабел, таму се ресурсите и правилата за распределба на соодветните ресурси - дали ќе има нет и ако има каков ќе биде тој.
Кога ми треба интернет, сакам да имам интернет безразлика што е ден надвор и сонцето свети, сонцето светеше и пред 2010 година па имав тогаш добар интернет преку Телекабел.
Муабетов на оваа тема ми сQRчи, идам да си земам сладолед и да си бркам работа, што сака нека се прави со интернетов ќе видиме за некој месец дали што и како ќе биде.
Поздрав :helou:
На ИНФО каналот имаше информација дека ќе има прекини - нели затоа и има ИНФО канал операторот ...Ако приметеше, имаше неколку најавени прекини и на серверите на кајгана - одредени промени беа во тек ...
Тоа некој не известил како корисници или мора да претпоставиме од која причина нема нет секој ден во исто време? И мојата нова моторола со 3 месеци гаранција, пошо е нова треба да ме служи 100%, пошо е 21 век, али она кутрата само 50% може, над тоа нејќе да чуе. Гледам нешто бројки си пишал од сите оператори, кој има проблем, кој нема, кога имал, немал и слично, башка тврдиш дека ми давале лажни информации за T-Home, но не навлегувам дали ти се точни информациите на тебе или не. Муабетот е, дали имаш некоја точна информација, кога Телекабел ќе ги средат проблемите, доколку имаш, слободно пиши ја, за да не им досаѓаме на луѓето во Телекабел.
Бидиков, моите анализи се соодветно аргументирани, тие се математички издржани и логички точни, и самиот верувам дека го знаеш тоа.Јаневски, дел од твоите анализи имааат логика, дел по дефиниција ти се погрешни односно поради грешна претпоставка донесуваш погрешни одговори - мојот одговор за сигналите беше општо кажан, а ти си дозволи да коментираш ниво на сигнали без да имаш точна информација (и најлошо од се е фактот што сигналите не се идеални како што ти ги прокоментира - да нема варијации што е добро како показател)...
Дека проблемот е до Телекабел не е претпоставка туку докажан факт [читај пак претходните постови]. Пасивата на Телекабел во глобала е во доволно добра состојба за да испорача скоро се што е потребно, проблемот е дали централата има ресурси и каков локален QoS спроведува?Од друга страна - твојата претпоставка дека имаме „централизиран проблем“ се коси со фактот што релано ти од ченто до централата на ТК поминуваш помалце нодови т.е имаш пократка патека (што јасно се гледа од разликата на трејсовите) а јас имам подобри карактеристики на пакетот ... од друга страна ти велиш дека со инсталацијата е се во ред, но дали си пробал да размислиш што може да направи на пример дивиот приклучок на комшијата една куќа пред тебе на истата магистрала ???
Разлики се можни, но разлики кои што ќе ти скратат петнаесет шеснаестини од услугата се неприфатливи. Прочитај назад пак во постовите, проблемот, трафик шејпингот, се појавува уште во самата внатрешна мрежа на Телекабел! Што ми зборуваш за надвор? Нема да добијам епилептичен напад и потоа да паднам во депресија ако речеш Border Gateway Protocol.Разлики во перфомансите во одреден период на денот се можни, а и проблеми со uptream провајдерите се исто така можни (имено во еден твој трејс и се гледа тој проблем кога пакетите од неотел пак се враќаат кај ТК па повторно одат кон неотел) и тогаш ТК нема многу опции за да направи нешто - пример денеска цели 17 минути линковите на МТ БЕА нестабилни (јас ова можам да го потврдам бидеќи за разлика од вас гледам БГП рути)...
Штом ми се обраќаш на мене и за тоа ајде ќе ти одговорам:Значи да не стане темава бојно поле, продолжете ја разумно дискусијата - и те молам нареден пат пожелно е овие анализи прописно да ги заштитиш од непотребни лични податоци ...
Кога веќе ме обвинуваш за бојните полиња:Јаневски, сите 3 анализи ги правиш од иста почетна точка (кај тебе дома) во Ченто каде што реално мрежата е послаба ...
Радувај се додека можеш, барем 1 месец да имаш убав интернет ќе бидеш среќен. И ние се радувавме како тебе.2 дена сум веќе на Телекабел, и сум задоволен. 950 даунлоад е за мене рај.![]()