Таков ми е периодот...

lidu6

искусен форумџија
Член од
8 јуни 2008
Мислења
181
Поени од реакции
8
Da epten e tesko koga ke padnes vo nekoja depresija, mene me faka i me pusta za kratko:pipi:
Koga ke se najdam vo taa faza nemam zelba za druzenje, nitu pak da se zabavuvam, ednostavno kazano se odale4uvam od ubavite raboti
Edinstven potencijal vo takov moment mi e da sedam pred pc, da slusam baladi,baladi i samo baladi i da bidam sama:toe:
 

*LittLe heart*

*најубави очи-ЗЕЛЕНИ*
Член од
14 јануари 2008
Мислења
751
Поени од реакции
289
Се почесто и почесто го слушам ова"Абе период ми е, ќе ми пројде"
Најчесто го употребуваме изразов кога ни самите не знаеме што се случува со нас,а чудни сме си и на себе си и на околината!
Сте имале ли вие такви некои необјаниви периоди!?
Или пак периоди на дивтарство,кога сте сакале да бидете излолирани од сите,а најчесто не сте биле разбрани поради истото?!Периоди кога сте биле презаситени?Период кога константно се што почнувате,лошо завршува и ништо не ви иде од рака?На што се должи тоа?
Или пак го употребувате ова Период ми е...кога не сакате на луѓето околу вас да им се отворите и да им кажето што навистина се случува со вас?
Што превземате кога сте во некоја таква фаза?
Ептен ми е погодена темава баш се чувствувам чудно кога ни сама не се сфаќам и го употребувам тоа "Абе остај ме период е ќе ми помине".Сакам да сум сама да ме остават сите не ми се прави ништо,затворена сум дома немам волја да искочам...неочекувам од другите да ме разберат зошто ни сама не се разбирам.Знам дека ќе ми помине несакам да ме прашуваат и да се обидуваат да ме расположат и сл. зошто имам чувство дека тогаш ќе им кажам нешто што ни самата не го мислам и ќе ги повредам.Ми се случувало и порано не е нешто ново.Едноставно ќе помине период е:smir:
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
да...на сите ни се случило и тоа не еднаш...периодот е таков...најчесто се дешава во пубертетските години...

јас пример ме фаќа периоди да не излагам во град, да не излагам надвор, да не ми се праи муабет, да не ми се социализира со луѓе општо...сакам да си седам сам....период...
 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
Во секоја доба од животот може да не зафати тој период на досада, нема правило, и не треба да ја бараме причината за тоа, затоа што понекогаш ни самите не можеме да сфатиме од каде таа рамнодушност кон се околу нас.
И мене исто ме зафаќаат такви периоди кога немам волја за ништо, кога тотално се пасивизирам и не ми се оди никаде, не ми се разговара со никого, и не можам да пронајдам логичен одговор од каде извира тоа "чудно" чувство. Мислам дека тоа е на некој начин духовен одмор од светот и посветување на себе и своите мисли, за после периодот да собереме нови сили за предизвиците на новото утре.
 

leila

.o0
Член од
10 октомври 2008
Мислења
862
Поени од реакции
46
Е мене од Нова година наваму, се така си велам, таков ми е периодот, ама никако да ми пројде....Ако, убаво ми е, нека не поминува :pipi:
 

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Сите во некоја фаза од нашите животи ќе се најдеме во ваков или онаков период...
Обично тие периоди настануваат поради некоја голема промена која настанува во животот,донесување на важна одлука,стоење пред раскрсница,двоумење..
Сите овие периоди се сосема нормална работа и неразделна..

Лично ми се имаат случувано а и ќе ми се случуваат вакви периоди..ги доживувам како затишје по бура..време да си средам мисли и се она што ми се случувало.Период кога не сакам да оптеретувам никој ниту пак да ме оптеретуваат..само јас и моите мисли ..
Период е де...:wink:
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.138
Поени од реакции
163
Sum imala i depresivni periodi, i periodi koa sum se nervirala za se i sesto, i koga sum sakala da bidam izolirana ali uvek sum gledala so pomalku da se zabelezuvaat posledicite od tie moi krizi, obicno me zabelezuvale samo onie so mi se najbliski i so me znaat najdobro.
 
Член од
8 јануари 2009
Мислења
929
Поени од реакции
21
Мене сеа ми е период на спиење...
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
да...на сите ни се случило и тоа не еднаш...периодот е таков...најчесто се дешава во пубертетските години...

јас пример ме фаќа периоди да не излагам во град, да не излагам надвор, да не ми се праи муабет, да не ми се социализира со луѓе општо...сакам да си седам сам....период...
Најчесто пред журки ти се дешава да те ебам....

и бтв.. мене ме тепа таков период... коа ни сам себе не се сфаќам онака.. дупка.. emptiness etc etc
 
Ј

јовица11

Гостин
Имам два периоди во животов, кои како две личности да се борат во моето битие.Едниот е оној период кога се однесувам како коњ кон луѓето кои најмалку го заслужуваат тоа, а другиот е периодот кога не знам што всушност сакам.Деновиве (неделава) ја живеам онаа втора етапа, имам потреба да се дерам, да ја лупам главата во ѕид, сакам да бидам сам, а истовремено толку проклето многу ме плаши самотијата.Понекогаш се прашувам, дали вреди да се биде она што сум, дали е време да завртам нов лист и да започнам одново...Мал милион прашања, уште толку недадени одговори на истите.Понекогаш помислувам да си го направам ова:tapp:, а понекогаш :tapp: сакам да им го направам на другите.Знам дека сум далеку од совршен, далеку од она што другите сакаат да бидам, или мислат дека треба да сум таков, но, пред се, и јас сум човек на кој понекогаш му е потребна само гушка и тогаш знам дека се ќе биде во ред.
 
М

Мрак

Гостин
Најчесто се употребува кога сакаме да не бидеме осудени поради промената во нашето однесување,кога и самите не знаеме што точно ни се случува,а па не да им објаснуваме на другите.Не е лошо да го кажеш тоа,не е лошо да побараш малку разбирање во тие моменти.Тоаш и самите сме доволно збунети,а другите ако започнат да се распрашуваат и да се обидуваат да поправат нешто уште потешко ќе ни биде,па ова е еден добар начин да е остават на мира.
Ако некој сака другиот да му се понуди,да го ислуша незнам зошто би рекол:периодот ми е таков..едноставно нек замоли за помош.Сигурно има некој што ќе сака да го ислуша и да се обиде да му помогне.Јас често го употребувам ова кога ни јас не знам што ми е,со цел да ме остават луѓето на мира,додека тој "период" не помине:smir:
 
L

LEPOTICKA_SWEET

Гостин
Често ме фаќаат периоди на депресија, чувство на осаменост, во тие моменти не знам ни што сакам не знам ни што да правам само знам дека сакм да исчезнам додека сето тоа да помине и потоа да почнам се од ново...ама не можам да исчезнам, па си седам си дремам ко будала загледана во една точка, ќе испијам 100 кафиња, ќе плачам, и ќе помине кога тогаш...потоа сум ко нова:kesa:
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
јсјсадф СУм бил на највисокот можно ниво кога сум владеел со светот,се ми оди од рака,кога ништо не влијаело врз мене,сигурен сум во себе и најважно стабилен. А колку е тешко да имаш па да немаш..

Од тоа паднав на нула, како и сите вие во останатите постови и тоа беше во многу скоро време. Се што ќе ми рече некој ме повредуваше,се сфаќав сериозно,не комуницирав со никој.Ми се лутеа другарките.. другарите.. сум ги игнорирал.
Дома со мојте и за најситни работи кревав револуција..
Најболното е што добро сум запознаен со човековата психологија,ги знам реакциите на другите и го гледам "скриениот свет" околу нас. И сум свесен дека ваквите периоди се многу негативни за себеси , и кај се нервирам за глупости па усте ДУПЛО се нервирам бидејки се нервирам (бидејќи знам дека секој е тапа кога се нервира )и ги нервирам другите околу себеси.. Но како и секогаш никогаш не се предавам,оптимист сум по природа и сметам дека жалењето е за лигуши...
Сето тоа го гледам како земање залет за да скокнам што е можно повисокот да го допрам врвот и да бидам на една стабилна граница каде што ЈАС ќе бидам тој што владее со мојот свет не другите, каде што ќе имам потполна контрола за се околу мене и ќе влегувам во предизвици со сигурност во себе (абе James bond 007:P) ;)

И така сега сум на едно стандардно ниво, и сеуште одам кон подоброто како што и времето се менува така расте и мојот критериум за вредноста на нештата околу мене , за да го достигнам некогашното ниво, дури и повеќе.
 
Член од
2 април 2009
Мислења
1.405
Поени од реакции
177
Периодов моментално ми е таков.
Се лутам за најмала глупост,што и да ми каже некој макар и на шала длабоко ме подзамислува,:( ништо не ми оди од рака,колку и да се трудам околу нешто пак доаѓа тоа на нулата,некако потешко ми е да кажам извини и ми треба повеќе време за тоа,се нервирам и за најситната работа која што на никој не би му значела,ненамерно ги повредувам луѓето околу себе со своите постапки, на некој начин се оддалечувам полека полека од сите луѓе кои што ми се важни во животов и во најубавата работа знам да најдам некоја маана...Ужасно ми е се некако :(:(:(
Периодов чуствувам дека ме смени [не којзнае колку ама прилично да] и се надевам дека брзо ќе помине зошто веќе скоро и невозможно е да се истрпи.
До некаде можда е и резултат од тинејџерскиве години,хормони ова-она глупости :nesum: ама ај...сигурно нема вечно да трае :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom