Имаш и трета најевтина варијанта а тоа е Чај од Женшен и Зелен чај 180 денари е(мешани)Ова оди со Малтекс(јачменов слад-то е како мед по форма ама витамини е фулл оди во тегла али не мора-јас го пијам со млеко...една лажичка у млекото)-ал тебе не ти треба малтекс....освен ако не пушиш кутија цигари дневно минимум и не работиш премногу..мислам психички ептеен премногу..
Еве бујрум инфо за зелениот Чај и жен шен...
елениот чај и неговото благотворно дејство за човечкиот организам биле познати уште пред 3000 години.
Содржи многу значајни супстанции кои внесени во организмот предизвикуваат позитивни ефекти.
Во најголем процент тие ефекти се должат на присуството на катехините, кајо и витамините; Ц, Е и А. Катехините кои се еден вид танини се застапени околу 20% и кога ќе се растворат во вода му даваат поголема моќ на чајот. Испитувањата кои се прават за да се утврди делотворноста на зелениот чај, се однесуваат на неговото инхибиторно дејство на растот и развојот на туморалните клетки, како и превенцијата од појава на рак. Како зелениот чај ќе му помогне на Вашиот организам?
И жен-шен-от
д Зелен чај со Жен Шен збогатен со цвет од роза од палетата на Виталиа. Жен Шен или гинсенгот е билка која живее и до 100 години, а од неа се употребува само коренот кој по својот изглед, потсетува на фигура од човек. Има специфичен мирис и нагорчлив вкус. Коренот содржи тритерпенски сапонозиди наречени панаксозиди, витамини од Б групата, како и супстанции со хормонски својства, смоли, минерални материи и етерско масло. Коренот на Жен Шенот е едно од најценетите природни лековити средства во традиционалната медицина. Дејствата на Жен Шенот се многубројни, па затоа се нарекува еликсир на животот и лек за сите болести.
Кои се неговите лековити својства?
- Корисен е во контрола на процесот на стареење и зачувување на виталноста
- Особено е полезен при промена на годишните времиња, кога организмот треба да се адаптира на новите климатски услови
- Е ефикасен напиток за нормализирање на крвниот притисок - Го адаптира организмот на стресни ситуации и се употребува во превенција од стрес
- Делува на ендокрините жлезди со што се зголемува концентрацијата, се продолжува работната способност, се подобрува расположението и се намалуваат хипогликемските кризи. - Поволно делува при појава на настинки, кашлици и грипови
- Го подобрува метаболизмот на витамините и минералите
- Составните компоненти на овој чај ја јакнат мозочната активност и позитивно влијаат на менталните и физичките функции -
Кај стари и изнемоштени лица е забележано т.н антизаморно дејство односно делува освежувачки на организмот, го одстранува заморот и го подобрува памтењето.
- Го олеснува и забрзува одстранувањето на холестеролот и жолчните киселини - Помага при ревматизам, болки во коските, анемија, несоница, главоболки - Го регулира менструалниот циклус - Спречува прогресивно уништување на забите
- Го подобрува развојот на мускулите и го намалува недостигот на кислород, поради што е добар за спортисти - Добар е во борбата против ракот
- Ја зголемува сексуалната енергија и го подмладува целиот организам Цветовите од ружата содржат танини и етрични масла кои добро делуваат на дигестивниот систем, особено на желудникот и цревата. Особено благотворно дејство има кај луѓето кои се склони кон проливи, а добри се и за белодробни заболувања. Всушност мешавината од Зелен чај и Жен Шен на Виталиа конзумиран редовно влијае стимулативно на целокупниот метаболизам и е вистински пријател на Вашето здравје.
Начин на подготовка: Се става една лажичка од чајот во чаша за чај и се потопува со топла вода (околу 80 Ц), стои три минути, се процедува и се пие.
- Го намалува холестеролот, инхибирајќи ја неговата ресорпција и балансирајќи го неговото ниво во крвта или поточно односот ХДЛ/ЛДЛ.
- Ја спречува аглутинацијата на крвните плочки - тромбоцитите, со што го намалува ризикот од појава на тромбоза.
- Делува инхибиторно на активноста на ензимот кој се излачува од бубрезите и кој предизвикува зголемување на крвниот притисок
- Делува инхибиторно на покачување на шеќерот во крвта, поради што е поволен и за дијабетичари
- Го спречува растот и развојот на патогените бактерии кои предизвикуваат труење преку храна
- Спречува појава на кариес (расипување) на забите
- Го зајакнува имунолошкиот систем и делува антивирусно
- Правење гаргара со него помага при проблеми со грлото и устата
-Делува инхибиторно на хистамините (супстанции кои предизвикуваат алергиски реакции) со што ги олеснува придружните симптоми на алергиите
Пиењето зелен чај во Јапонија и Кина е секојдневна појава, а неговото благотворно дејство се потврдува со фактот дека во областите во Јапонија, каде што многу се пие овој чај, појавата на малигни заболувања е многу ретка.
Начин на подготовка:
Се става 1 лажичка зелен чај во 250мл. врела вода, се остава да стои три минути, па се процедува и се пие секогаш свежо подготвен.
Ја лично би ти ја препорачал последнава варијанта-значи Чајот,Или пак Капсулите Со гуарана+женшен+кола(флаконите се поарни ал има 12 а капсули имаш 30...пак ист состав...
Гарант ќе имаш позитивен ефект,ова е се природно.....јас инаку имам пиено корен од женшен т.е јадено измешан алое вера течност...ама ме изгорија 40 евра:pos2
коренот како изгледа е прикажан на амбалажата на женшен+рапид енерџи.
И уште еднаш одбери ил Чајот ил Женшен+рапид енерџи(оти имаш ем кола,ем Гуарана ем витамини А+С+Е)...овие две би ти ги препорачал,најарно купи женшен+ рапид енерџи-30 капсули се ИЛИ чајот со жен шен...нема потреба да трошиш пари купувајќи два производа природни а со иста намена ОК.
А на познаникот ОБАВЕЗНО Да Прекине со ПИРАЦЕТАМОТ-СИНТЕТИКА Е!!!!:smir:
Ете тоа е тоа со кое ја имам искуство и одбрав Гуарана таблети а и чат пат купувам од флакончињата(ради вкјусот бе)...инаку добра опција е и матичен млеч...ал не ти треба ако конзумираш мед.
ЛОее сабајле да се косам Пирацетам му давале без рецепта....ццццц Е***и Медицинската етика за кој к*р учат бее
туку ај да не одам оф топик..тоа пријателе од мене.
Не сум земала, ниту пак планирам да земам. Имам слушано дека можеле да предизвикаат негативен ефект или пак зависност.
Најдобро би било да се заменат со некое парче овошје, витамински напиток, кафе или пак да се направи една убава прошетка пола сат (по можност сам или со некоја позитивна личност ) Еве јас лично пред испит секогаш пиев кафе или нескафе и ми се разбиструваше умот во секундата, или кога учев, ќе направев пауза со прошетка без воопшто да мислам на учењето.
Секој нека си го пронајде својот начин за поттикнување на меморијата, но не препорачувам никакви таблети, барем не за деца и млади луѓе.
Епа тоа разбистрување ВО СЕКУНДА е оти кофеинот од кафето НАГЛО се апсорбира срцето чука побрзо крв имаш повеќе во мозокот бла бла.....за разлика од Гуараната која е со продолжено ослободување
П.С нема зависност од вакви природни препарати...на крај краеви клинички се испитани и ефектите се мерени,а и се позитивни:helou:
абе да ти кажам ја и неверувам баш у тоа апчињата до толку... дуовит се за подобра концентрација билобил слушнав нешо ко повеќе се запамтувало али господ знае дали е точно....
Поентата е повеќе кислород во мозокот а и повеќе како да кажам индиректна исхрана,жен шен на пример е адапто ген и има повеќе корисни дејства...гуараната го убрзува метаболизмот,а со тоа и чистењето на организмот од токсини паралелно носејчи + појќе кислород на мозокот а и има тро стимулирачки ефект-рачунај 200 мг кофеин се ослободуваат во период од 12 часа-значи за еден час идат негде19-20 мг-додека во едно кафе имаш 80мг кофеин...многу полошо........дуовит се витамини+минерали секако дека со Б групата витамини помага во концентрација,исто е и кај гинкото,но за да има ефект треба минимум 3 месеци...
Ова прашај Доктор или подобро нутриционист па ќе ти каже..
Овие другиве препарати се клинички докажани...башка шо со матичен млеч и Zell oxygen додека нуркам издржувам појќе од 1 мин и 15 секунди....и тоа со движење...без движење...1и 25.
А без ништо т. е во базент се свртуваш во обратна положба(главата кон дното(не мисли на јаките типки ОК
) за повеќе од крвта да оди таму...1 мин и45 секунди...и тоа без никакви антиоксиданси ил помошни средства оти сега оранизмот ми е навикнат...нејсе јас ептеен ретко пливам-повеќе сум како делфин...земам воздух длабоко и метар ил метар ипол подвода нуркам...потоа опет се кревам на површина и пак воздух земам..хаха ко германска дизел подморница ...но сега организмот ми е адаптиран и автоматски сам носи повеќе крв во мозокот кога нуркам....отии уште од 10 години тоа го правам....
А да и да го додадам најдоброто решение барем по мене(то го користам кога неам матичен млеч(како сега) се вика оксибор а составо е
20мг
проантоцианидин(ова е екстракт од семе од грозје-чиста храна за мозокот...знаете мозокот се храни со гликоза...епа ова е реди ту јуз)
10мг
Коензим Q10
има селен малце.
Цинк 75мг Витамин С 80мг
Магнезиум 45 мг
Витамин Е 10мг
Бета каротен и манган заедно 5мг.
Како што гледате од самиот состав верувам јасна ви е веќе неговата намена т. е има јака антиоксидативна моќ која ги засилува заштитните механизми на организмот против слободните радикали,значи добар е и против холестерол но воглавно покрај тоа намената е Против СТРЕС,Психофизички замор и се разбира го забавува процесот на стареењето тоа коензим-от Q10.(цинкот,магнезиумот се многу важни покрај Q10)
Е сега ова чини 700 денари и има 30 таблети (1 на ден)-и ова е Закон но за разлика од другите поскап...тоа е што знам...воглавно тоа сум користел и користам,затоа ме сакаат женските покрај природната надареност...мај бјути
Нема негативни ефекти,но нема потреба од повеќе-П.С не пијте кока кола...ова мислам општо само ќе го изгубите цинкот и останатите минерали-има тема за Кока Кола(америчката хех...ОТРОВ....ете тоа е штетно).
http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=23351
Еве овде Андроник и Бацилус убаво објаснија за кока-кола...па сами пресудете.