Нони е најстажуваното лековито растение во последните 10-15. Во 1998 тројца фармаколози добија Нобелова награда за нивната работа на нонито и неговото дејство на комуникација меѓу клетките.
Содржи 155 активни материи,
7 есенцијални витамини – Б1, Б2, Б3, Б6, Ц, Е.
10 есенцијални минерали – натриум, калиум, железо, манган, магнезиум
18 аминокиселини
4 ензими кои делуваат на клеточно ортомолекуларно ниво: ксеронин, проксеронин, скополетин и дамнакантал. Еден од нив е proxeronin, кој во нонито го има 800 пати повеќе, отколку во најблискиот по застапеност – ананасот. Овие ензими се важни бидејќи придонесуваат болните клетки повторно да функционираат, а здравите да ја одржат функцијата. Исто така ја поттикнува активноста на т-клетките, важни во борбата против канцерогените клетки.
Нони сокот како додаток во исхраната, покрај адаптогено, антиканцерогено има дејство на поттикнување на биосинтезата на азот моноксид, кој учествува во сложените процеси во мозокот, во процесот на собирање и ширење на дишните патишта, отчукувањето на срцето, ширење на крвните садови, во регулација на работата на цревата, во функииите на крвните клетки, имуниот систем. Со еден збор не постои важен клеточен одговор или физиолошко дејство, во организмот, во кое азот моноксидот не е вклучен.
Ксеронинот и проксеронинот имаат извонредно антидепресивно дејство. Овие материи го забрзуваат лачењето на ендорфинот, чие ослободување резултира со веселост и добро расположение. Покрај тоа ги намалуваат и болките при воспаление на зглобови при што не се создава зависност. Покрај тоа ксеронинот го подига во телото механизмот за заштита од воспаленија, а истотака ја зголемува и отпорноста на бактерии и вируси. Поради тоа нонито се препорачува на сите кои често заболуваат од воспаленија на горните дишни патишта.
Благодарејќи на присуството на дамнакантал, Нони сокот извонредно штити од малигните заболувања, односно го успорува растот на веќе настанатите тумори. Во случај на појава на тумор во организмот се намалува количината на ензимот ксеронин, проксеронин и проксерогеназа, кои нони сокот ги содржи во значителна количина. Благодарејќи на адаптогеното дејство, во состојба е да ги нормализира клетките кои неправилно функционираат. Тој има еден вид на улога – надзорник на делбата на клетките и ткивата и „не дозволува“ делбата да излезе од контрола. Бидејќи учествува во изградбата на оптимални нивоа на таканаречените Т- клетки и B-клетки, како и одбрамбените лимфни клетки, ја олеснува работата на имуниот систем кој на таков начин е способен да ја победи болеста. Со редовна употреба на нони сокот во многу се допринесува за ефикасна заштита од малигните заболувања.
Кралицата на овошјата содржи 18 аминокиселини, кои го поттикнуваат развојот на мускулите. Ова повеќекратно се исползува при редовни тренирања. Покрај тоа содржи и такви специјални материи кои ја забрзуваат размената на материите помеѓу клетките, така што имаат регенеративно дејство.
Скополетинот ја поддржува функцијата на штитната жлезда, го подига нивото на сератонин и на мелатонин во организмот, спречувајќи ги промените на расположението, односно поволно влијаее на способноста за прилагодување на дневните промени и го регулира циклусот на сонот. Нони сокот овозможува опуштање на артериите, со што игра значајна улога во намалувањето на крвниот притисок, кој е резултат на напнатост и стрес. Покрај тоа учествува во подобрување на циркулацијата на крвта, ја намалува можноста за згрутчување на крвта, со што го штити организмот од инфаркт и излив. Со своето антиоксидативно делување штити од оксидација на ЛДЛ-холестеролот, значи има важна улога во превенција од кардиоваскуларни заболувања.
Бидејќи нони сокот го помага лачењето на соковите за варење, ги намалува голем број од проблемите со дигестивниот тракт.
Може да биде корисна дополнителна терапија во разни болести на зависност, од пушење, алкохолизам, наркоманија, бидејќи со употреба на нони сокот се намалуваат симптомите на одвикнување, со што процесот се поднесува многу полесно.