ТИФОМАНИЈА!

Член од
18 септември 2020
Мислења
1.039
Поени од реакции
5.766
Пелистер-Силекс Куп финале 1994

На 25-ти мај, во среда било закажано финалето од купот на Македонија. Поради големата тензија пред финалето(3 дена пред финалето се одигра Вардар-Пелистер на истиот падна Чкембари портокаловото знаме и два дена потоа и Комити Скопје и Ѓорче), се правеле различни обиди Чкембари да не присуствуват натпреварот. Имало договорен навивачки воз, но на денот на натпреварот возот им го откажале. Па, во последен момент договорени биле 6 автобуси. Кога автобусите пристигнале на бутки, настанала “тепачка” за тоа кој попрво да влезе, а бидејќи немало место за сите, 100-тина навивачи си заминале дома.
Вечерта пред натпреварот, односно во раните утрински часови, екипа од 30-тина Чкембари со редовната линија со воз заминале за Скопје. Управата поканила еден од воџите на Чкембари од тоа време да им биде гостин во хотел „Панорама“, каде што биле сместени фудбалерите, меѓутоа наместо сам, тој пошол со уште 30-мина навивачи. Кога пристигнале во Скопје, со 8 зелено-бели такси возила кои постојано свиреле, се упатиле од Железничка станица до „Панорама“, а претходно направиле и еден круг низ Скопје (во тоа време во Скопје имало такси компанија чии возила биле зелено - бели).
На денот на натпреварот групата од „Панорама“ со автобус се упатила на стадион и биле сместени на источната трибина, каде ги чекале останатите Чкембари да пристигнат од Битола. Во меѓувреме на трибините им се придружиле и Војводи, кои во тоа време беа братска група на Чкембари, но и битолчани кои што служеле војска или студирале во Скопје.
Кога Чкембари пристигнале на стадион, за да влезат на источната трибина морале да поминат покрај север и од помошното игралиште кое што било во близина, биле каменувани од страна на Комити. Следувал јуриш кон Комити, кој во тој момент се повлекувале кај јужната трибина. Се додека траело влегувањето на Чкембари на исток, траело каменувањето меѓу двете групи.
Со Чкембари на трибина покрај Војводи, се појавила и екипа од 20-тина навивачи од Фаланга Штип. На северната трибина биле сместени Кратери, кој биле дојдени во голем број. Кумани, кои во тоа време навивале за Силекс, исто така со два автобуси дошле на помош на Кратери. Имале и солидна баклијада. За оваа утакмица Чкембари имаа и добро пиротехничко шоу, со фонтани и кореографија со големото покривно знаме.
Во продолжение слики од исечоци од весници и изданијата на Чкембари и Кратери и Кумани. И слика од екипата од "Панорама".
 
Attachments

Член од
18 март 2019
Мислења
435
Поени од реакции
1.975
Малку ретро од мене, 2012/2013 шо ко ќе размислиш е пред појќе од 10 години и многу работи се сменати од тогаш во навивачкава култура општо, не само кај нас како група.

2011 Есенска полу сезона
Прво дерби после многу години, и прво дерби општо за новата генерација активирана 2007/8 година.
Сабота 1МФЛ ФК Охрид - ФК Ренова, Драган Антич тренер на Охрид, местена цела полусезона, Охрид 4ти на табела. На таја утакмица беше суспендиран и праеше тензија со судииве од кровон на влезон во соблекувални на старата трибина. Охрид водеше 2:0 на полувреме, заврши 2:2 после некој дискутабилни судиски одлуки, се крена огромна тензија. Судииве за да влезат кај нив во соблекувална мораше да поминат под нас на монтажна трибина кај шо беа нападнати со столици едвај спасија жива гла, имаше и уапсен член. После та утакмица со фудбалот се тргна надолу, Антич поднесе отставка, Охрид испаднаво 2ра па после згаси.
На истата утакмица се истаде и најава за дербито шо беше следниот ден.(второ видео)

Другиот ден прво ракометно дерби, хајпнати недела дена унапред. Со неколку другари купивме платно 2x2 и цефка за водовод да прајме бајрак. Цртавме коса линија, слободна мерка со спреј кај другар на тревникот, платното пропушти се, остадовме сина линија на тревата, татко му за малку шо не не запали со се бајракот. За условите шо ги нудеа тие времиња, прилично добра бројка на собир на полигон, солидно кортео до сала. Колку шо беше прво дерби за нас и не знаевме кај тераме, и СВР Охрид беа уште толку изгубени. Паткари гостовет еден автобус, шо стигвит пред сала исто време со кортеово наше, отворет врати и одма се залетвет двеве групи. Тие неколку џандари шо беа спречија близок контакт и следеше кратко каменовање од двеве страни и се расчисти ситуацијата.

Истата година се паднавме во купот со Струга, ја игравме дома. Цело школо од кај мене собираше билтени од кладилница за да се сечат конфети и се собираја фискални ролни. Памтам на состанок неколку дена пред дерби ни се даде задачава и сите ја сфативме озбилно. Два дена без прекин сечев билтени по дома.

Пролетна сезона 2012
На фудбал не се сеќавам баш најточно со се дешаваше, дома се одработвеа сите утакмици ама некаде околу велигден беше последна утакмица пред групава да влезит во бојкот ради ситуацијата шо се дешаваше во клубот. Велика Сабота, 2012 следит гостовање во Струга на ракомет. Исто хајп недела дена унапред, имав напраено календар 10 дена до дерби и секој ден шкртав по еден ден. Масовна заинтересираност имаше за гостовањето и се рашири дека ќе се примат само 16+ години, а ние цела екипа бевме по 14/15 години. Појдовме на собир со другар, веќе прегреана атмосвера, екипа спремна за хаос. Тогаш и прв пат се сретнавме со старата гарда од 80/90ти, односно основачите на групата шо не поддржаја за гостовањето. Обезбедени 2 автобуси, ние на собир скоро 200 души, пошо со другаров бевме поредовни на утакмици и не знаеја постариве дечки не пуштија да влезиме во автобус и заминавме. Таму делириум, скоро цела трибина полна со Охриѓани шо беа дојдени во приватна режија. То беше периодот ко се случи масакарот на Смилковци, па имаше заедничко скандирање за Македонија за прв пат меѓу двете групи. На полувреме еден наш член им ја собра коцката од пред нив. После утакмица каменовање од страна на Паткари, дури ги чекавме автобусите на бензинската спроти салата.

Сезона 2012/13
На фудбал 2МФЛ се појавивме прво коло дома против Победа, се сеќавам истураше дожд цел ден. Тука веќе се виде колку е сатот и дека клубот ќе згаснит, па тука и заврши нашата приказна на фудбал до рестартирањето на клубот пред неколку сезони.

Та година на ракомет навиваше само екипата од Young Firm, по 20-30 души, присутни на секоја утакмица дома, со константно навивање цели 60 минути, вадење гласни жици до максимум. Поддршка од постарите добивавме на дербината против Струга.
Исто се паднавме во куп со Струга и првото дерби го игравме дома, тогаш беше целокупното обединување на сите групи, ама нешто пред дербито се прекина после скандирањата на запад на утакмица од репрезентација, за најава против Пелистер, шо се играше следно коло. Со Паткари имавме интерен договор дека на утакмицата немат да скандираме едни против други и ќе имат заедничко навивање. Имавме парола преку цела ограда кај нас, "СО ПАТКАРИ ЌЕ ПУШТИМЕ РАКА, ОД ДУШМАНИ ДА НЕМАМЕ МАКА". Се си беше океј прво полувреме, имаше заедничко навивање, дури кај нас не стигна екипата шо се нареквеше "Нов Пазар", составена од подгрупи и членој од цел источен Охрид. Влегоја како ураган всала некаде 20та минута, после целодневно загревање и веќе утакмицата доби друга димензија. Тогаш за прв пат истадовме доста солидна бројка, односно полни 2 блока од Јужна трибина. Паткари околу 70тина души.

Таја сезона исто го одбележа гостовањето во Струга, кај шо појдовме пак прекрцани два автобуси, само шо овај пат не ни ја имаја остаено цела трибина, и 50 души останаја надвор до полувреме па беа пуштени на полувреме. Тогаш беснееше некој ураган Синди низ Америка, и беше истаена песна и парола "РИБАРИ ВО СТРУГА КО СИНДИ ВО САД" (Додуша песната појќе беше посветена до еден играч од Струга, шо после потпиша за нас ко влеговме прва лига)

Истата година, последно коло, дерби. Веќе со тро појќе искуство двете групи, ама нишо посебно од навивачки аспект и доста сиромашно. На крајот имаше инцидент меѓу играчите, влезе скоро цела трибина втерен, па после та утакмица за прв пат следеја многу пријави, беа гонети и малолетни лица.
980026_580580755306134_1067009603_o.jpg

Бонус "Young Firm", прича и екипа тие што знаат, знаат. Сликата е за време на навивачкото обединување, на хуманитарна утакмица меѓу легендите на РК Охрид и тогашната екипа.
68903_200725823398175_1525757876_n.jpg
 
Последно уредено:
Член од
18 септември 2020
Мислења
1.039
Поени од реакции
5.766
Пелистер-Слога куп финале 2001

Еден од оние незаборавни натпревари е финалниот меѓу Пелистер и Слога Југомагнат одигран на 25.05.2001. Во едно тешко и мачно време за Македонија, а особено за Битола се одигра финалето, што со оглед на противникот, не беше само обично финале. На помалку од еден месец пред натпреварот се случи масакрот кај Вејце. На 28-ми април беа масакрирани осумина бранители, од кој 4-ца беа од Битола. Марјан Божиновски, Кире Костадиновски, Бошко Најдовски и Илче Стојановски беа хероите од Битола кои го положија својот живот за одбрана на татковината. Веднаш по нивното загинување во Битола започнаа насилни демонстрации кои што траеа неколку денови и резултираа со десетици запалени продавници и домови.
Околу 600/700 Чкембари од Битола со воз се упатија за Скопје. За разлика од денес, кога за натпревар од ваков тип би се ангажирал цел специјален полициски батаљон, тогаш на железничка станица, Чкембари ги пречека и до стадион ги спроведе обична полиција. Кортеото до стадион било хаотично и не било добро организирано. Некаде кај центарот на Скопје се појавила и тогашната прва екипа на Комити, кои дофрлиле на групата дека денес се дојдени да навиват да изгуби Слога.
Чкембари биле сместени на западната трибина а Шверцери кои биле во поголема бројка, биле на источната трибина. Иако ќе звучи, но на тој натпревар немало ниеден инцидент со нив и никаква провокација.
Пред стадион, кортеото од Битола го пречекале и над 200 Битолчани кои во тоа време биле на воените жаришта. Натпреварот заврши со победа од 2-1 за Пелистер и конечно во Битола пристигна првиот фудбалски трофеј.
Во продолжение слики од изданија на Чкембари и Шверцери и неколку исечоци од весници.
 
Attachments

Член од
2 декември 2022
Мислења
27
Поени од реакции
185

Чкембари/Фк Пелистер сезона 2007/08

Овие години започнуваа или веќе беа оформени одредени подгрупи на Чкембари. Во тој период подгрупите беа многу ангажирани околу мотивирањето на членството да доаѓа на натпревари, изработуваа реквизити, едноставно функционираа. Затоа и масовноста на домашните натпревари беше на завидно ниво оваа сезона. Green Front Јени Маале, Баир, Ultras Ушици, BFC на некој начин се натпреваруваа меѓу себе кој повеќе ќе има на трибина свои членови. Голем минус оваа сезона се гостувањата. Освен против Победа и Вардар на два пати, Чкембари немаа друго гостовање.
Прв натпревар на кој Чкембари започнаа да се појавуват во голема бројка беше третиот домашен меч од оваа сезона, против Работнички. Над 300 Чкембари, односно околу 3.000 публика Под Тумбе Кафе. Наредно коло Пелистер во гости ја победи МЃП, и во Битола ја пречекавме Победа. На трибини полн стадион, 5.000 публика и полн Чкембарски коп. На овој меч бевме околу 500 навивачи, се навиваше одлично и имавме голема баклијада. https://www.youtube.com/watch?v=ZbLnNuI1Th8

Нареден натпревар кој вреди да се спомне е гостувањето во Скопје на 11.10.2007. Четри автобуси и две комбиња, или некаде околу 300 Чкембари беа присутни на Градски. Супер навивање, иако на влез ни запленија доста пиротехника сепак успеавме да направиме солидна баклијада. https://www.youtube.com/watch?v=X8Zq2yrYboI

Наредно нешто навивачко, вредно да се спомне е гостувањето во Прилеп. Натпреварот се одигра на средината декември на студено и снежно време. 120 Чкембари, беа присутни на дербито. Мајмуни не беа ни 50 навивачи.

Играч кој ја одбележа полусезоната беше бразилецот Жуниор кој дојде на позајмица од Литекс. Во змискиот трансфер период во Битола пристигна уште еден бразилец од Литекс, Миранда. Со нетрпение се очекуваше стартот на продолжението на сезоната. Сезоната започна со победа над Цементарница, а нареден натпревар беше против Вардар во Битола. Еден час пред почетокот на мечот, Под Тумбе Кафе немаше игла каде да се фрли. 8000 публика, Чкембари над 1200, Комити не беа присутни. На ова дерби Чкембари имаа огромна баклијада од над 100 бакли, и а Пелистер победи со 2-1. Радоста беше огромна, цел град славеше, се славеше во секоја населба во секое маало. Битола таква еуфорија немала доживеано години. https://www.youtube.com/watch?v=JUzBNgR9uG4

Наредните натпревари стадионот беше полн. Одлична атмосфера со пиротехника и полн коп имавме на домашните натпревари против МЃП и посебно против Победа. Наредна интересна навивачки утакмица е секако гостувањето во Скопје против Вардар. Дербито се одигра на ден пред Велигден. Три автобсуи со околу 150 Чкембари беа присутни. На теренот по долго долго време Вардар го победивме среде Скопје со 1-3 и тоа со хет-трик на Миранда. https://www.youtube.com/watch?v=VkQb4mICrAQ
Фудбалската треска во Битола го достигна врвот. Следниот домашен меч, повторно се испиша историја во посетеност на домашен натпревар. Сликата од натпреварот со Вардар се преслика повторно со Милано. Одлична атмосфера 8000 публика Под Туме Кафе, надополнета со некоја димна, победа на Пелистер од 3-2 и обезбедување на местото кое водеше во квалификациите на Уефа. https://www.youtube.com/watch?v=w2MJ05hBrpQ
Последен домашен натпревар таа сезона беше против Напредок. Повторно одлича посета на стадион и полн Чкембарски коп. https://www.youtube.com/watch?v=67vBJn5P4lc

За противник во Уефа квалификациите го добивме кипарски Апоел. Првиот натпревар требаше да го одиграме на домашен терен. Поради неисполнување на никакви услови на Под Тумбе Кафе, домаќини бевме на Градски во Скопје. Натпреварот се одигра на средината од Јули. Поради големата заинтересираност се обезбеди навивачки воз. Над 800 Чкембари беа на источната трибина на скопскиот стадион. Бројката беше одлична и имавме многу нови транспаренти на ограда. На “домашениот” терен остваривме нерешен резултат со силниот противник, а во Кипар загубивме 1-0 со доцен погодок на домаќините. https://www.youtube.com/watch?v=DTAT2O0at4U

Во продолжение слики од изданијата и неколку исечоци од весници.
 
Attachments

Последно уредено:
Член од
12 септември 2022
Мислења
48
Поени од реакции
301
Чкембари/Фк Пелистер сезона 2007/08

Овие години започнуваа или веќе беа оформени одредени подгрупи на Чкембари. Во тој период подгрупите беа многу ангажирани околу мотивирањето на членството да доаѓа на натпревари, изработуваа реквизити, едноставно функционираа. Затоа и масовноста на домашните натпревари беше на завидно ниво оваа сезона. Green Front Јени Маале, Баир, Ultras Ушици, BFC на некој начин се натпреваруваа меѓу себе кој повеќе ќе има на трибина свои членови. Голем минус оваа сезона се гостувањата. Освен против Победа и Вардар на два пати, Чкембари немаа друго гостовање.
Прв натпревар на кој Чкембари започнаа да се појавуват во голема бројка беше третиот домашен меч од оваа сезона, против Работнички. Над 300 Чкембари, односно околу 3.000 публика Под Тумбе Кафе. Наредно коло Пелистер во гости ја победи МЃП, и во Битола ја пречекавме Победа. На трибини полн стадион, 5.000 публика и полн Чкембарски коп. На овој меч бевме околу 500 навивачи, се навиваше одлично и имавме голема баклијада. https://www.youtube.com/watch?v=ZbLnNuI1Th8

Нареден натпревар кој вреди да се спомне е гостувањето во Скопје на 11.10.2007. Четри автобуси и две комбиња, или некаде околу 300 Чкембари беа присутни на Градски. Супер навивање, иако на влез ни запленија доста пиротехника сепак успеавме да направиме солидна баклијада. https://www.youtube.com/watch?v=X8Zq2yrYboI

Наредно нешто навивачко, вредно да се спомне е гостувањето во Прилеп. Натпреварот се одигра на средината декември на студено и снежно време. 120 Чкембари, беа присутни на дербито. Мајмуни не беа ни 50 навивачи.

Играч кој ја одбележа полусезоната беше бразилецот Жуниор кој дојде на позајмица од Литекс. Во змискиот трансфер период во Битола пристигна уште еден бразилец од Литекс, Миранда. Со нетрпение се очекуваше стартот на продолжението на сезоната. Сезоната започна со победа над Цементарница, а нареден натпревар беше против Вардар во Битола. Еден час пред почетокот на мечот, Под Тумбе Кафе немаше игла каде да се фрли. 8000 публика, Чкембари над 1200, Комити не беа присутни. На ова дерби Чкембари имаа огромна баклијада од над 100 бакли, и а Пелистер победи со 2-1. Радоста беше огромна, цел град славеше, се славеше во секоја населба во секое маало. Битола таква еуфорија немала доживеано години. https://www.youtube.com/watch?v=JUzBNgR9uG4

Наредните натпревари стадионот беше полн. Одлична атмосфера со пиротехника и полн коп имавме на домашните натпревари против МЃП и посебно против Победа. Наредна интересна навивачки утакмица е секако гостувањето во Скопје против Вардар. Дербито се одигра на ден пред Велигден. Три автобсуи со околу 150 Чкембари беа присутни. На теренот по долго долго време Вардар го победивме среде Скопје со 1-3 и тоа со хет-трик на Миранда. https://www.youtube.com/watch?v=VkQb4mICrAQ
Фудбалската треска во Битола го достигна врвот. Следниот домашен меч, повторно се испиша историја во посетеност на домашен натпревар. Сликата од натпреварот со Вардар се преслика повторно со Милано. Одлична атмосфера 8000 публика Под Туме Кафе, надополнета со некоја димна, победа на Пелистер од 3-2 и обезбедување на местото кое водеше во квалификациите на Уефа.https://www.youtube.com/watch?v=w2MJ05hBrpQ
Последен домашен натпревар таа сезона беше против Напредок. Повторно одлича посета на стадион и полн Чкембарски коп. https://www.youtube.com/watch?v=67vBJn5P4lc

За противник во Уефа квалификациите го добивме кипарски Апоел. Првиот натпревар требаше да го одиграме на домашен терен. Поради неисполнување на никакви услови на Под Тумбе Кафе, домаќини бевме на Градски во Скопје. Натпреварот се одигра на средината од Јули. Поради големата заинтересираност се обезбеди навивачки воз. Над 800 Чкембари беа на источната трибина на скопскиот стадион. Бројката беше одлична и имавме многу нови транспаренти на ограда. На “домашениот” терен остваривме нерешен резултат со силниот противник, а во Кипар загубивме 1-0 со доцен погодок на домаќините. https://www.youtube.com/watch?v=DTAT2O0at4U

Во продолжение слики од изданијата и неколку исечоци од весници.
Од ова сезона во сеќавање најпоке ми остана во Прилеп гостувањето, многу снег имаше паднато и студ голем ,и голем судир со Прилепската полиција,и плус ЕБР ,ишарани бевме од пендраците големи рани по цело тело ,пендрачење имаше од трибина до автобусите ,и та утакмица со Напредок Кичево ,не знам која сезона беше ,и таму многу тепање ,со полицијата, ко не му дадовме да уапсат наш член, ко викнаа 3 марици засилување од зајас,сега ко ми се вратат спомените какви судири сме праеле со полицијата, буквално глај пукаа ,раце се кршеа ,и на крајо се знај, навивачите криви ,после секој судир одма паѓаше надолу групата ,казни ,повреди ,репресии немаше поке деца да дојдат ,шо и не сме биле цвекиња за мирисање на многу пати али се во свое време
 
Член од
2 септември 2016
Мислења
611
Поени од реакции
1.092

taa vo kicevo mozi edna od najbrutalnite da bese barem jas ja pamtam ko takva ni ja zatvorija vratata demek pocekajte avtobuso da dojdi a se gledase avtobuo deka e nadvor i se znaese so sledva:D
pamtam deka so kola bev jas od tolku so mavaja kucinata ne mozese v avtobus da se vlezi 7 dusi si begavme do izlezo na kicevo so kolata pa da zastani avtobuso tamu za da se prekacat ovie mislam deka 2013 bese
slednata sezona ispadnavme 2ra liga igravme so vlazrimi trgnavme dve koli nezz dali se sekavas mislevme deka na gradski se igra vo kicevo ama ispadna deka e v selo u picku mater :D ko vlegovme 8 dusi so dresoj od pelister so shaloj kako ne gledaja sipcite hahahhaah istio dzandar ili komadir bese i togas dojde i tebe ti rece bas se sekavam deka ne pamti i deka ke ne iskrsat od kjotek pa ne ne ostavaja znameto da go klajme pa go kladovme pa trgacise tuka pak
interesni gostivanja imase to vreme
samo ke napomenam uste ne se sekavam koja godina bese vo miravci isto 2 koli brato @Goran Bt cela utakmica ja pomina po trcanje po liniskio sudija mu kazvase so da sviri:pos: pa na poluvreme vlegovme tamu ko loza so bese to mu velevme na predsetalo togas da ni ja dat utakmicata oti ke otpadnevme treta liga
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom