Па да се прочита и нешто позитивно за крај на сезонава , доста беше муабетов овој тепал тој тепал , а уствари немаше ни една тепачка сезонава
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
И кој победил на тенис тоа не интересира
Ако возиш во недела за Струмица, јас ќе ти раскажам за збратимувањето на Чкембоси со навивачите на Белчатов по пат. Те частам и стикери од полските браќа на Чкембари
Кога сме веќе кај гостувањата во Струмица. На враќање од Вардар-Малме, на
@Kire Ultras му откажа електрониката по пат за назад. Црна темница, позади нас цела колона коли што се враќаат од утакмица. Нас ни откажуваат сите светла и он уште вика "абе некако и кочнициве како да откажуваат".
Во животов не сум се усрал повеќе, само чекав да не собере некој со 150 од позади и да не разнесе
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Налетавме на една чистинка кај Овчеполка фабриката и во последна секунда спасивме гз
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Моравме да продолжиме кај другар од Штип на црвено вино и бурек во 12 вечерта. Такво тровање (можно е да беше и од еден хамбургер од улична сендвичара во Струмица) во животов не сум добил. Две недели од вц не излегов, температура над 39 имав. Надвор сто степени, мене треска ме тресе ко епилептичар. Али вредеше за цела радост од победата
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)