Кратово беше интересно за гостување во секоја прилика. И Кичево ми е останато во убаво сеќавање од 2014 година.
Тогашната Екипа Корео мислам дека недела дена око немавме склопено, 24/7 се работеше на мотките кои беа рачно цртани околу 60 на број. Д**о будалата мислам дека не знаеше ни кај се наоѓа, само што влезе на стадион отиде 5-6 столчиња подоле од Комити, си легна и заспа. Од ЕБР му се чудеа
Во Кратово, секое гостување со кола одевме мислам. Седевме во Корнер пабот, да се убиеш од јадење и пиење за ич пари. Дали беше гинис оргинал или некоја кратовска верзија не знам, ама беше четвртина од цената во Ајриш паб кај нас. Нема лоши спомени од Кратово, тепање или не, најубавите гостувања ми се таму.
За разлика од на пример мртвото Турново, ми се сереше секое одење. Интересно беше и она ненајавеното во Битола на ракомет. Еден автобус сите кежуал, ама само што дојдовме пред сала, се отворија вратите од автобусот, се фрли по некоја бакља, пендрек падна, налево круг и за Скопје
Жално навистина што групите не дејствуваат повеќе кај своите управи, и што не се врши притисок кај ФФМ/МВР за гостувања. Фудбалов ионака ни е мртов, штета е и на оние 200 будали што се канат да го гледаат да им забраниш влез. Ќе дојдат веројатно поубави денови...