ТА Евролига 2014/15

Статус
Затворена за нови мислења.

L.A

Член од
19 јануари 2014
Мислења
1.695
Поени од реакции
1.019
Туркиш Ерлајнс Евролига или само Евролига е најдобриот и најважниот турнир во кошарка на територијата на Европа. Основана е во 1958.

- FIBA ера: (1958–2001)


- FIBA Европски Куп на шампионите: (1958–1991)
- FIBA Европска Лига: (1991–1996)
- FIBA Евролига: (1996–2000)
- FIBA Супролига: (2000–2001)
- Од 2010 наваму името е FIBA Turkish Airlines Euroleague

Учествуваат тимови од 18 различни европски земји. Истотака, клубовите од Израел кои се на територијата на Азија учествуваат во овој турнир. Има телевизиски пренос во 199 држави.
Бројот на екипи заедно со елиминационата фаза изнесува 31, а во групната фаза 24, односно 4 групи со по 6 тима. Моментално, Претседател и ЦЕО на Евролигата е Жорди Бартомеу.
Официјални спонзори на Евролигата : Туркиш Еирлајнс,Бвин,Интерспорт,Ефес,Спалдинг.

Мотото и воедно Официјалната песна на Евролигата е : I feel Devotion
Последен шампион е Израелскиот претставник Макаби Тел Авив кој во финалето во Милан го доби Реал Мадрид после продолжение со 98-96. Барселона во дуелот за третото место ја победи ЦСКА. MVP на турнирот беше Серхио Родригез од Реал Мадрид
Најтрофеен клуб е Реал Мадрид кој има 8 титули и 8 финалиња, по него следи Макаби Тел Авив со 6 титули и 9 финалиња, а на третото место е ЦСКА со 6 титули и 6 финалиња.

Најмногу поени во историјата на Евролигата : Хуан Карлос Наваро, 3 496 поени
Најмногу скокови во историјата на Евролигата : Мирсад Туркџан, 1 287 скокови
Најмногу асистенции во историјата на Евролигата : Димитрис Диамантидис, 988 асистенции
Најмногу украдени топки во историјата на Евролигата : Димитрис Диамантидис, 389 украдени топки
Најдобар индекс рејтинг во историјата на Евролигата : Хуан Карлос Наваро, 3441.


Фајнл форот и Финалето сезонава ќе се одржат во престолнината на Шпанија, Мадрид.
Главни фаворити сезонава се Реал Мадрид,Макаби Тел Авив,ЦСКА,Барселона,Олимпијакос, но може да се очекуваат изненадувања :)

Еве како изгледаат групите сезонава :
draw-image-rs14-15.png

Феноменалното промо за оваа сезона :
Се надевам дека ќе уживаме во добра кошарка и забава нормално :)
 
Последно уредено:

L.A

Член од
19 јануари 2014
Мислења
1.695
Поени од реакции
1.019
Резултати од првото коло :
Вчера : Лаборал Куча 88-69 Нептунас
Денес : Анадолу Ефес 82-76 Уникс Казан, Цедевита 63-78 Уникаха Малага,
Макаби Тел Авив 92-76 Лимогес, Црвена Ѕвезда 76-68 Галатасарај, Валенсија 68-71 Олимпијакос.

Распоред за утре :
Нижни Новгород-Сасари 18.00, Реал Мадрид-Жалгирис 19.30
Алба Берлин-ЦСКА Москва 20.15, Панатинаикос-Туров 20.30, Фенербахче-А.Милано 21.00
Барселона-Баерн 21.00.
 

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.108
Поени од реакции
4.962
Каква партија на Гаудлок од Фенербахче или како и да се вика 10 тројки...
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
Темава умре некако,али затоа Звезда на чело со Вилијамс и те како е жива:vozbud:,им ја дупнаа главата:cuc:.И гледам кладилнициве пак ги потценуваат Макаби,ок јасно е дека не се она што беа од лани.Али да им дадеш 3 квота со уникаха:eek:,штета што бев глуп и не го искористив поклонот.
Инаку судијава спие:pos:
 

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.108
Поени од реакции
4.962
Темава умре некако,али затоа Звезда на чело со Вилијамс и те како е жива:vozbud:,им ја дупнаа главата:cuc:.И гледам кладилнициве пак ги потценуваат Макаби,ок јасно е дека не се она што беа од лани.Али да им дадеш 3 квота со уникаха:eek:,штета што бев глуп и не го искористив поклонот.
Инаку судијава спие:pos:
Па не очекуваше таков потег хаха иначе и на мечот Бајерн- Фенер имаше интересна ситуација не знам кој се залета од Бајерн не ја украде топката,се лизна и отиде под судијата. Не знам дали го собта и судије зато што камерата продожи да снима на друга страна.
 

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.108
Поени од реакции
4.962
Интересна утакмица изиграа Реал и Ефес. Ефес имаат одличен тим на чело со Дуда и дома можат секого да победат.
Иначе каква последна четвртина на Сасари
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.228
Поени од реакции
6.709
Колку е само празна темава,а на НБА веќе се испишаа 50-тина :cautious:. Ај по речиси комплетирано 6-то коло ќе се обидам да дадам мој осврт од досегагашните натпревари(а изгледав повеќе од пола утакмици изиграни до сега).

Според мене,фаворит број еден годинава се Барселона. Имаат одличен тим,Американците му се погодија,башка и Абрињес и Хезоња полека созреваат во играчи,башка надополнети со староседелците Наваро,Томиќ,Марселињо сигурно претставуваат огромен фаворит. Сега тепаа 22 разлика со Баерн нагости,и освен ајде да кажам киксот во прво коло кога одвај победија 2 разлика со Баерн,другите ги добија убедливо. Посебно вредна за обележување е победата нагости кај Фенербахче,уште еден од фаворитите за највисок пласман. Фајнал фор му е речиси сигурно обезбеден.

Фаворит број 2 ми е ЦСКА. Имаат одличен тим со потпишувањето на Нандо де Коло и играат навистина одлично од сезонава,доказ е победата од 20 разлика над Макаби,актуелниот шампион на Евролигата. Теодосиќ по одличните игри на СП во Шпанија игра НЕВЕРОЈАТНО сезонава,речиси без грешка,главен мотор е на екипата на ЦСКА,па очекувам тој да ги води кон највисок пласман,сигурно тоа шо во досегашната кариера нема освоен Евролига му е мотив плус да пружа константно добри партии.

Фаворит број 3 се Реал Мадрид. Имаа несреќен пораз во претходното коло кај Ефес,кога примија кош во последната секунда,но мислам дека најдобрите партии ќе почнат да ги покажуваат во топ 16,па понатаму само ќе влегуваат во подобра форма. Годинава по потпишувањето на Носиони и Ајон пред се мислам дека се одлично покриени на сите позиции и дека можат да состават 2 квалитетни петорки.

Фаворити кој може да изненадат од сенка се Фенербахче,Олимпијакос,Макаби и Панатинаикос.
Фенербахче имаа огромни промени во составот,му треба сеуште време на играчите да се уиграат. Ги донесоа Семих Ерден кој има настапувано во Бостон и Кливленд,Јан Весели по неуспешната НБА кариера од Денвер,најдобриот млад играч во Европа-Бојан Богдановиќ,еден од најдобрите играчи во Евролигата последните 2-3 сезони Рики Хикмен од Макаби и според мене најдоброто засилување-Ендру Гаудлок,играчот што минатото коло против Баерн постигна 10 тројки и со тоа е нов рекордер по бројот на постигнати тројки на една утакмица во Евролигата. Навистина силен тим,предводени од легендарниот Жељко Обрадовиќ,еден од најдобрите тренери во Европа. Ќе видиме колку време ќе треба да се уиграат.

Олимпијакос до сега имаат забележано 6 победи од 6 натпревари,но реално незнам колку може да се мери силата со екипи како Нептунас,Звезда и Валенсија. Сепак,предводени од Спанулис овие победи не треба да се занемаруваат. Дали можат да направат нешто повеќе останува да видиме.

Панатинаикос досега забележа 2 порази,против Барселона(очекувано) и против Баерн Минхен(неочекувано). Во меѓувреме убедливо го совладаа Фенербахче. Предводени од Диамантидис на теренот и од Душко Ивановиќ на клупата,мислам дека ќе бидат тврд орев за сите,а како по обичај очекуван да тргнат посилно од Топ 16 фазата.

Макаби како актуелен шампион не смее да се изостави од оваа листа,но сметам дека се далеку од можно изненадување како лани. Пласман во плејофот според мене би било најдалеку до каде што би можел да отиде овој тим. Го вратија Џереми Парго,еден од најдобрите плејмејкери,но според мене го изгубија човекот што го крена Макаби на ова ниво-Дејвид Блат.

Има и некој други тимови што би можеле да му ги замрсат сметките на фаворитите како Анадолу Ефес,Армани Милано,Уникс Казан итн. но сметам дека тие сеуште немаат доволни силни тимови за нешто повеќе. Мој тип е дека Фајнал 4 ќе играат Барселона,ЦСКА,Реал и Фенербахче,финалето ќе биде Барселона-ЦСКА.[/quote]
 

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.108
Поени од реакции
4.962
Искрено најака екипа ми е Реал ама исто како и претходните две години играат одлично и на крај ја заебат
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.228
Поени од реакции
6.709
Ауу Зоран Ерцег..Звезда ја имаше добиено утакмицата,незнам зошто не правеа фаул и му закопа тројка Ерцег од центарот. Сега продолженија,мислам дека ќе тепа Галатасарај на крајот.
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
Утакмичиште:vozbud::vozbud::cuc::cuc:.
Ерцег бе брат:eek:,кој знае у која црква зејтин носел,ако не му е ова утакмица на кариерата еве ве(y).[DOUBLEPOST=1416600175][/DOUBLEPOST]
Pustite Sassari-Nizhny da vidite sto e luda kosarka.:vozbud::vozbud::vozbud:
Пушти Звезда да видиш што е Нба утакмица
 

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Ni samiot Williams ne znaese sto saka da napravi.Ni vamu ni tamu.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom