Сe` се случува со причина

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Не се случува нешто со причина,туку се случува како последица на нашите постапки,тоа е единствената причина.
 
Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.258
Поени од реакции
2.253
Не се случува нешто со причина,туку се случува како последица на нашите постапки,тоа е единствената причина.
А зарем нашите постапки не се последица на нашето (не)искуство? Нели е (не)знаењето ПРИЧИНА за нашите постапки??? Направи мала систематизација на редоследот на нештата и ќе видиш дека се се случува со причина.

Општо, не сум од оние(а и не можам да ги разберам) кои веруваат дека се се случува на основа на случајноста. За се има причина, а од секоја причина има последица. Најневеројатни ми се поедниците кои сметаат дека настанокот на светот, настанокот на луѓето и животните се сведува на случајност.
И ден денес нашите научници се целата `болиглава` технологија не можат лабораториски да прозиведат еден од милионите сложени протеини што влегуваат во состав на клетката(зборувам за живите битија) или пак `божествената` честица(зборувам за настанокот на светот). Е сега која е веројатноста милион протеини СЛУЧАЈНО да се групират и да создадат клетка, па илјадници клетки СЛУЧАЈНО да се групират и да создадат ткиво и се така СЛУЧАЈНО да се одвива додека не настане жив организам. Исто е и за материјалната природа. Која е веројатноста случајно да се групирале зилионите честици кои ги даваат милионите минерали од кои е изградена земјата.

Да не зборувам за случајноста за настанување на вселената...
 
bounty_hunter

Фатенко
Член од
13 октомври 2009
Мислења
1.268
Поени од реакции
322
Mislefte deka Zuljfi nemoжe da bide pameten? EPa sega ke izfilozofiram na ovaa tema...Se se slu4uva so pri4ina zosto taka odredil nasiot sozdatel Bok koi napravil se da bide povrzano i da nema slu4aionosti kako so nekoi vikaat.... :toe:
Се се случува со причина затоа што за секоја акција постои реакција. :)

И она што јас не верувам во "твојот" создател Бог, следува како реакција на некои мои логички убедувања.:baeh:
 
*It's Gold*

Break Of Dawn
Член од
23 октомври 2009
Мислења
30
Поени од реакции
7
:wink:Се се случува со причина!!! Колку е ова само точно и како што поминува времето се повеќе си ја потврдувам таа мисла
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Дури и нешто случајно лошо да се случи а да не е по универзалниот план, Бог брзо ќе не утеши поради тоа. За уште поголема утеха, ако ни се случи нешто случајно а убаво, и тоа брзо ќе помине бидејќи не е по планот. :)
Едноставно, се лошо што нас не боли, не боли затоа што сме имале дефект во нас кој што го заслужил тоа, па всушност не боли повредената суета, разоткривањето, а не самото зло. Што мислите?
 
wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.532
Поени од реакции
33.734
Уште едно.. мото, што го користиме да се чуствуваме добро.
Као се е тоа од големиот план. Исто како се` се врти се` се враќа. Ништо не се враќа. Ништо не се случува со причина. Реченициве делуваат како placebo. Но ако тоа ве прави среќни, заебете објективност, господ ќе ви реши проблемите ионака.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308

Токму големиот план во иронични наводници што го имаш ставено се коси со болдираното. Ако сакаш да се ослониш на објективност, ќе земеш предвид факти. Животни факти. А тие велат дека можеш ако сакаш да бидеш и ѓаволот лично и Мајка Тереза сеуште на крајот на денот она кое си го заслужил ќе ти се удри од глава. Нормално, циклусот немора да значи дека ќе се комплетира баш за 24 часа, може да трае децении, ама “големиот план“ ќе биде исполнет, то ест работите ќе си бидат израмнети, со тебе или без тебе на светот.

“Се се` враќа се` се плаќа“ и “Се` се случува со причина“ не ти одат едно со друго.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Да се се случува со причина затоа што природата е синџир на причини и последици, кои непрестајно излегуваат една од друга. Ништо не е случајно, случајни ги нарекуваме оние појави за кои не ги знаеме причините. Едноставно секое зошто има свое затоа.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Сепак не ни е дадено да знаеме со конкретен доказ дали е со причина или не. Има мудрост во тоа, по мене :) Кога би знаеле, не би се преиспитувале, не би се калеле, не би не болело, а тоа е лошо. :) Мастр оф папетс. :)
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Сепак не ни е дадено да знаеме со конкретен доказ дали е со причина или не. Има мудрост во тоа, по мене :) Кога би знаеле, не би се преиспитувале, не би се калеле, не би не болело, а тоа е лошо. :) Мастр оф папетс. :)

Па малку глупо ти е напишано. Зошто да не се преиспитуваме ако ја знаеме причината, не донесуваме секогаш разумни одлуки, исто и затоа има зошто и да се каеме, баш ако ја знаеме причината можи да е поболно.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Како за кого, на некој уво не му чуе, го направив го направив тоа, ми го направија ми го направија тоа. Но кога ќе го удри нешто наизглед од чиста мира ќе се чуди што го снашло. Повредена суета боли. А за некои работи дефинитивно не можеме да знаеме дали биле поради тоа и тоа.
 
El 'Borracho

Riot Maker
Член од
18 јули 2009
Мислења
822
Поени од реакции
238
Не си во право...
А демек се се случува онака... ? Најнормално дека за се што правиш ти во својот живот има причина... трепкаш со очите заради причина да не се засушуваат, дишиш за да можиш да живеш, одиш до веце затоа што имаш причина. Истото е и со природата наоколу. Има облаци бидеќи е преголемо испарувањето, грми заради електрицитетото кој се најдува на релација облак-облак и облак-земја.... се е со причина. Секое дејство започнува со причина
 
Antagonist

Systematic Victory
Член од
7 април 2007
Мислења
842
Поени од реакции
41
“Се се` враќа се` се плаќа“ и “Се` се случува со причина“ не ти одат едно со друго.
А демек се се случува онака... ?
Не ,
Апсолутно стојам позади тоа дека Се се случува со причина....
(затоа стојам позади тоа, дека постои судбина , не постои бог затоа што не би имал смисла , дека се е детеминистички предодредено , дека не постои слободна воља , дека универзумот се движи по строго одредена механика без одстапки)
Ама види сеа :wink: ,
Се се враќа се се плаќа !!!!
Значи некој прави нешто (Акција) , истото тоа има ефект врз околината каде на подолг временски период драстично ја променува состојбата на унивезумот (Теорија на хаосот , ефект на пеперутка)
, и затоа што претходно споменатиот причинител е дел од овој универзум , Универзумот ќе влијае назад кон него.
Причинско поледично поврзана приказна.....Тоа што е темата , едноставно одат заедно двете изјави .... пробај да согледаш.

cheers :smir:
 
А јас апсолутно се сложувам со секој збор што го кажа. Само не си приметил дека контекстот е различен постот кој ми го имаш цитирано. :smir:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom