Crazy in Love
Here's looking at you kid.
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.859
- Поени од реакции
- 25.413
Лошото е што во Македонија, волонтерството не се признава како работно искуство, па така ти може да си волонтирал 3 години, ама повеќето фирми, а и самиот закон не го признава тоа како работно искуство, што според мене е огромен апсурд и под итно мора да се промени, затоа што нема логика секоја фирма да ти бара на пример три години работно искуство, а во исто време волонтерството не ти го признава како такво. Па како тогаш да добиеш работно искуство? Со тоа само уште повеќе се поттикнуваат вработувањата со врски, затоа што се разбира секој човек ќе направи се во негова моќ, ем да се вработи, ем да може официјално да му се брои тоа како работно искуство во случај да сака да конкурира во некоја добростоечка фирма. Од тоа штета има само општеството како такво.