Суровата вистина зад огласите за работа

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Лошото е што во Македонија, волонтерството не се признава како работно искуство, па така ти може да си волонтирал 3 години, ама повеќето фирми, а и самиот закон не го признава тоа како работно искуство, што според мене е огромен апсурд и под итно мора да се промени, затоа што нема логика секоја фирма да ти бара на пример три години работно искуство, а во исто време волонтерството не ти го признава како такво. Па како тогаш да добиеш работно искуство? Со тоа само уште повеќе се поттикнуваат вработувањата со врски, затоа што се разбира секој човек ќе направи се во негова моќ, ем да се вработи, ем да може официјално да му се брои тоа како работно искуство во случај да сака да конкурира во некоја добростоечка фирма. Од тоа штета има само општеството како такво.
 
Кои глупости мотивациони писма кои фарси лицемерие садистичко прикажување на моќ од страна на работодавецот, и понизност кандидатска со широко отворено деколте. Тоа се интервјуата за работа....
 
Кои глупости мотивациони писма кои фарси лицемерие садистичко прикажување на моќ од страна на работодавецот, и понизност кандидатка со широко отворено деколте. Тоа се интервјуата за работа....

Oрѓинално пренесено...

Освен што на огласите за работа, претежно стои “Се бараат девојки за работа“ бараат и со искуство.Претежно, огласите кај нас во македонија, се посебно за скопје односно едно 75 % за скопје и скопска околина. Во нив наведено е дека се бараат девојки, иако истата работа би можел да ја работи маж. Претежно како крупиери во казина работат жени, за келнери веќе стандард стана да се бараат жени, благајници,продавачи..скоро секаде бараат ЖЕНА.
Со самото тоа од старт се дискриминирани да речеме мажите до некој степен,а далје,онаму каде што може да се вработи маж, зборам за македонските огласи следува работа како “Механичари со искуство“ “Работа во перална СО ИСКУСТВО“ “Работа како молер,тесар,ѕидар,и друго градежно-СО ИСКУСТВО“ итн...

Е сеа може да се вработи и по НЕКОЈ АПТЕКАР, ама сигурно дека ќе го претрка некоја негова колешка од факултет што завршила и таа за продавачка за лекови, упс АПТЕКАРКА...
 
Прифаќам услови поставени од работодавачот само за работното место за кое конкурирам,меѓутоа кога ќе ги кажам моите услови:месечни примања најмалку 12-15000 денари,потпишување договор на полно работно време а тоа е 8 часа дневно,5 евентуално 6 дена во неделата (законски е 40 работни часа неделно или 160 работни часа месечно),потпишување договор за работа на најмалку 12 месеци а 3 месеци пред изминување на договорот писмено да ме информираат дали постоечкиот договор ќе биде продолжен е тогаш е знак прашалник дали ќе ја добијам работата.
Затоа ќе дојде некој друг и ќе ги прифати само условите на работодавачот,само за да дојде до работа притоа не помислувајќи дека може и на него да му се случи истото,односно да биде избркан бидејќи работодавачот нашол друг работник кој ќе работи за помалку пари,злоупотребувајќи ја ситуацијата на ГОЛЕМА НЕВРАБОТЕНОСТ.
Се додека има работнички синдикати кои го дудлаат на владата,а зимаат членарина од нивните членови ситуацијата ќе биде ваква каква што е,можеби и полоша
 
-ќерками полни осум години бара-чека работа
иако е со диплома од УКИМ-2005 за најдобар студент
а утре со бога напред брани-зема магистерски со 9,9
и што ако пак чека уште осум години тоа се 16 години
чекање-барање работа и оп на крај ќе и речат
“се барат млади стручни кадри“
а сиве овие години што дудуци и дибеци се запослија
од истата струка, ама тие беа нечии а никакви
што е тоа битно за Македонија па затоа е и таква
каква што е, (???????????????????????????)
кој ни е крив што сме без име и презиме........
 
Абе Анчо што те гледам чуден, па во мк магистри и доктори на науки има колку сакаш.
Дојде време магистратура да вреди колку трет степен.
 
-ќерками полни осум години бара-чека работа
иако е со диплома од УКИМ-2005 за најдобар студент
а утре со бога напред брани-зема магистерски со 9,9
и што ако пак чека уште осум години тоа се 16 години
чекање-барање работа и оп на крај ќе и речат
“се барат млади стручни кадри“
а сиве овие години што дудуци и дибеци се запослија
од истата струка, ама тие беа нечии а никакви
што е тоа битно за Македонија па затоа е и таква
каква што е, (???????????????????????????)
кој ни е крив што сме без име и презиме........

Steta stvarno steta za tolku ucen kadar ..a sto zavrsila ako ne e tajna bas me interesira i od koj grad e ??
Vidi i jas cekav rabota mnogu vreme i vidov deka postoi edna surova vistina koj ja svati ce prosperira koj ne steta ,a toa e deka ako sam ne probas nesto da izmenis nikoj drug nema da ti pomogne ..primer kaj cerka ti sto ce vredi ga ceka uste 9 ili 10 godini nekoj da ja zaposli upropasten zivot ,beznadeznost
 
Единствено, некој кој не толку пристрасно вработува, а вработува вистински, се големите компании, кои немаат ќар да вработат син на братучедката на шефицата. Затоа се и големи компании.
Не е тачно.
Johnson Mathey и Johnson Controls вработуваат само партиски, пријатели, роднини и претежно машки.
 
Не е тачно.
Johnson Mathey и Johnson Controls вработуваат само партиски, пријатели, роднини и претежно машки.

Тогаш мора да е мн опасна братучедка ми, ем СДСовка, ем жена, ем машински инженер :)
 
Тогаш мора да е мн опасна братучедка ми, ем СДСовка, ем жена, ем машински инженер :)
Сигурно е опасна. А да и спомнеш ти два три збора на братучедка ти за мене... за работа пошто ептен се снашла да влезе :)
Бај д веј во Контролс за нијанса повеќе од Мети се применуваат тие непишани правила за вработување.[/quote]
 
Сигурно е опасна.
Бај д веј во Контролс за нијанса повеќе од Мети се применуваат тие непишани правила за вработување.

Работеше во Контролс, но бидејќи ја префрлија од погон во финансии, даде оставка и се вработи во Мети.
На интервјуто беше сигурна дека нема да ја добие работата. Али... ја доби.
Не познавам други луѓе кои работеле/работат за една од овие две компании, само неа. Затоа не би можела да го негирам, или да се согласам со твоето мислење :)
--- надополнето: 21 март 2012 во 01:02 ---
Всушност, сега се сетив дека познавам уште еден во Контролс. Не дека нешто посебно го знам, ама кај мене во маало живее. И тој е СДСовец :)
Може ств. овие само од опозиција вработуваат бе :)
 
Сигурен сум дека знаеш и повеќе само во моментов не можеш да се сетиш. :cautious:
 
Незнам дали некој спомна но во повеќето случаи прво се бараат работниците(нормално со врски) и после се пушта огласот да биде се регуларно :eek:
 
Незнам дали некој спомна но во повеќето случаи прво се бараат работниците(нормално со врски) и после се пушта огласот да биде се регуларно :eek:

Мислам дека сите го знаеме тоа. И не е така само за вработување. Жими мајка е со тендериве, однапред се знае кој ќе го добие. Распишувањето е само маска.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom