Незнам дали имам јас пишано на темава за едно од моите први искуства на интервју. Влегувам во една голема компанија која до ден денес котира високо во бизнис секторот.
На самиот влез ме пречекува едно големо куче не се разбирам од раси, наоштрено да ме јаде. И излегува од таму секретарката вели не се плаши влези овде почекај. Седнувам гледам фино средено и гледам уште едно куче како си влегува и си се шета. Си викам стисни заби ваљда нема да ме изедат. Од таа канцеларија на секретарка, ме повикуваат во друга канцеларија на секретарка. Таму се појавува трета секретарка да ме спроведе, изгледот нема да го коментирам го подразбирате. Се вртам наоколу само жени во канцелариите и стасувам до главниот менаџер и ми вели седи што ќе се напиеш и слично. Со мене на интервју беа уште две девојчиња, он фино лепо си седна меѓу нас, не гушна и ни вели ајде почнете претставете се со онаков манијачки поглед. И девојчињава се уплашија, мене сеуште не ми беше јасно дали се заебава човекот или таков му е стилот. Додека збореше едното стана директоров и ја заклучи вратата викам нема бегање сега, крај на програмата. Иде и повторно гушка, јас станав и му викам доста беше од интервјуто изгубив желба за работа. Среќа го остави клучот на врата за да може да си излезам. По мене и двете девојчиња излегоа трчанка. Надвор неможевме да се собереме од смеа, до ден денес кога ќе се присетам на тој вол ми се креваат цревата, сфативме зошто само жени работат и зошто има три секретарки