Супа

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
После посетата на Париз - француската со кромид, багет и гриер сирење, потпечена во фурна,

Се заљубив и умирам по таква супа, сега, во Скопје.
Te молам, раскажи ни поопширно.
Многумина од нас, никогаш нема да отидат во Франција, Барем да чуеме нешто.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Се прави доста едноставно, била наменета за поскромната класа, и во Франција станува редовен оброк после француската револуција.
Се прави од многу кромид - за 4 порции ви треба килограм кромид.
Начин на подготовка:
Во малку путер се пропржуваат главиците кромид, исечени на крупни но тенки парчиња.
Пржете на тивко 30 мин, да стане карамелизиран кромидот.
Во тенџере на страна, во литар вода ставете две коцки бујон супа, говедска е најдобар избор. Оставете ја супата да се вари 20 мин. на силен оган, па исклучете ја.
Откако ќе биде испржен кромидот, налејте од варениот бујон, и мешајте. Додајте ловоров лист, бибер и по желба сол. Нека врие неколку минути.
Во одделни длабоки садови, ставете од супата. Одозгора наредете дебели парчиња багет, сув леб или пак кришки од обичен домашен леб. Нарендајте гриер, или друг тврд кашкавал обилно врз секоја чинија.
Ставете ги чиниите во рерна и печете во рерна додека да се фати коричка на кашкавалот.
Внимавајте лебот да плива, не го топете во супата.

Многу прост, едноставен рецепт, но вкусот е... Ух!
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Се прави доста едноставно, била наменета за поскромната класа, и во Франција станува редовен оброк после француската револуција.
Многу прост, едноставен рецепт, но вкусот е... Ух!
Vive La France!
Постои нешто што се вика - Нематеријално културно наследство. UNESCO има донесено Конвенција за заштита на истото и е направена листа. На таа листа се наоѓа и и „ Гастрономски оброк од Франција “ кој се прави по повод разни семејни или лични прослави. Погледни на страницата на UNESCO:
http://www.unesco.org/culture/ich/index.php?lg=en&pg=00011&RL=00437
Погледни ја, ако имаш време и целата листа на UNESCO. Таму нема ништо од Македонија.
Што мислиш, дали би можеле, на овој Форум, да отвориме страница на која би ставале, што од Македонија заслужува да биде на листата на UNESCO?
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Може, зошто да не! Има доста оброци кај нас кои фигурираат како македонски, иако можам да кажам дека ниедна храна не може да се присвои или да има идентитет само на една земја. Би било ограничувачки. Конкретно француската супа, се прави и во Белгија. Лично, јас ја јадев во белгиска пивница, а на менито стои - french soup.
А тема, бујрум, ајварот ќе биде на прво место, шопската салата исто, компир манџата... Но и други јадења оставштина од отоманско време, без кои не можеме - на пример бурек или баклава.
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.100
Омилена супа ми е онаа што јас си ја приготвувам по мој рецепт, супа од зеленчук. Во зовриена вода ставам една коцка супа а потоа го додавам зеленчукот кој претходно се ренда една главица кромид, компир и морков. Ставам и брокула, неа ја сечам на ситни парчиња. И бибер обавезно употребувам. Брзо и лесно за подготвување и вкусно.
Кој сака може да си додаде и тестенини.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Се прави доста едноставно, била наменета за поскромната класа, и во Франција станува редовен оброк после француската револуција.
Многу прост, едноставен рецепт, но вкусот е... Ух!
Супата, што ја предложи, ја има дури и на Wikipedia, погледни:
http://en.wikipedia.org/wiki/French_onion_soup
Инаку, ја пробав и одушевен сум!
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
Најубава ми е домашната супа, посебно онаа што ја прави баба ми со јајце. Не знам како ја прави.
Потоа супата која јас сама ја правам:
Во тенџерето најпрво ставам малку путер, а потоа мали парчиња морков, брокула и компир. Откако малку ќе се потпржи зеленчукот и ќе зацрвенее се става претходно зовриената вода, фиде и коцка за супа и се остава десетина минути да се свари добро.
И во краен случај, супата од Подравка.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Телешката супа на мама....
Телешко месо околу 200-300 гр., се пропржува со кромид, се додаваат зачини (сол, crn пипер, вагета ..), се додава зеленчук по избор, целер, морков, брокула и т.н. и се налева вода и се остава да се вари. Кога месото ќе биде сварено се сече на мали парченца, се додава фиде, се вари уште малце и после се срка директ од тенџере :D
Денес ќе ја направам, ама мама нешто ми крие, знам дека става некој таен зачин... :)

И чорбата на баба (лесна и земја). Дури денес дознав дека е всушност шќембе чорба, со дробче и цревца и мозок мислам, и ориз, но месото толку ситно го сецкаше што не се познаваше од што е ... - ова сигурно нема да го зготвам јас, зошто баба како и мама имаше тајни зачини кои ги користи и да си пукнеш од мака кога јадењето нема да излезе исто како нивното.. :(
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.899
Се прави доста едноставно, била наменета за поскромната класа, и во Франција станува редовен оброк после француската револуција.
Се прави од многу кромид - за 4 порции ви треба килограм кромид.
Начин на подготовка:
Во малку путер се пропржуваат главиците кромид, исечени на крупни но тенки парчиња.
Пржете на тивко 30 мин, да стане карамелизиран кромидот.
Во тенџере на страна, во литар вода ставете две коцки бујон супа, говедска е најдобар избор. Оставете ја супата да се вари 20 мин. на силен оган, па исклучете ја.
Откако ќе биде испржен кромидот, налејте од варениот бујон, и мешајте. Додајте ловоров лист, бибер и по желба сол. Нека врие неколку минути.
Во одделни длабоки садови, ставете од супата. Одозгора наредете дебели парчиња багет, сув леб или пак кришки од обичен домашен леб. Нарендајте гриер, или друг тврд кашкавал обилно врз секоја чинија.
Ставете ги чиниите во рерна и печете во рерна додека да се фати коричка на кашкавалот.
Внимавајте лебот да плива, не го топете во супата.

Многу прост, едноставен рецепт, но вкусот е... Ух!
Убаво..само имам 2 прашања ..

Што е првиот болд,а што вториот :icon_lol:
 

Goxyto

#FinoAllaFine
Член од
31 јануари 2010
Мислења
2.589
Поени од реакции
2.534
Било каква да е само оцет да има. :D
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Убаво..само имам 2 прашања ..

Што е првиот болд,а што вториот :icon_lol:

Гриер е швајцарско сирење, лесно се топи и има мек вкус, најдобро одговара за овој вид супа.


Багет е француски леб, долгнавеста векна.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.899
Гриер е швајцарско сирење, лесно се топи и има мек вкус, најдобро одговара за овој вид супа.

Багет е француски леб, долгнавеста векна.
Аха..ама може и наше сирење и леб ..нема да е проблем ? :icon_lol:
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Аха..ама може и наше сирење и леб ..нема да е проблем ? :icon_lol:
Може и обичен леб, само да не е премногу бајат, ќе ти се распадне во течноста.

Препорачливо е кашкавал, сирењето не се топи исто како кашкавалот, а и поинаков вкус ќе и даде на супата. Во секој случај, пробај, може ќе ти се допадне.
Јас со бело сирење ја немам пробано.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom