- Член од
- 20 јуни 2007
- Мислења
- 287
- Поени од реакции
- 0
Абе еве јас како т.н. непристрасен малку и против СДСМ.Еве како СДСМ вчера ја оцени едногодишната работа на владата:
СДСМ: Владата нереално ја претставува економската ситуација
СДСМ вчера на прес-конференција обвини дека Владата нереално ја претставува економската ситуација во Македонија. Потпретседателот на партијата, Игор Ивановски, посочи показатели од Заводот за статистика за индексот на индустриското производство, според кои во мај имало пад од 5,8 отсто, во јуни 7,1 и во јули 2,2 отсто во однос на истите месеци лани. Тој забележа и дека стапката на невработеност останала иста и оти нема нови вработувања, а од јануари досега се намалил и бројот на работниците во индустријата.
„Македонската економија се' подлабоко тоне и очекуваме ваквата ситуација уште повеќе да се влоши со започнатото зголемување на цените на основните производи и на трошоците за живеење“, рече Ивановски, според кого таквата ситуација Владата се обидува да ја прикрие со ветувањето за повисоки плати и пензии. (МИА)
Ич не ги бива бе за ПР. Па мојата „анализа“ е испред нивната. Тоа се прави со Видео Бим, Пити, Графици, малку глума, сензационалност, рад руку, eye contact за да се сфати во првата секунда, овака мора да се прочита целиот текст за да укапирам дека паднал ГДП-то од лани и што ? Ептен ме насекира.
Јас попрво би се насекирал ако паднале акцизите на 2.0 HDI-ата :helou:.
Тој ГДП и така постојано паѓа , единствено што сите лажат дека им расте тие кога си се на власт потпомогнати од статистичарскиот завод и виагра за ГДП.
Камо слајд со "we can do better" и тоа конкретни понуди :
- 5000 нови штали,
- 30000 нови пиљари,
- 20 нови airporti
- 100 нови паркови во градовите
Вакви стерилни анализи не палат СДСМ ја губат трката во ПР-от и тоа дебело.
Грујо ќе си добие втор мандат obviosly :tv: