Сумираме за убавите работи во 2008.

Статус
Затворена за нови мислења.

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Да деновиве сумирајки ги во себе настаните што ми се случувале во ова година, на памет ми дојде дека на почетокот на годината размислував дека ќе бидам задоволен доколку годинава ми помине со убави работи.

Темава ја отварам за да видиме колку добри работи или убави нешта имаме направено во оваа година.

Значи да се обидеме да наброиме 5 убави работи кои сме ги направиле. Тоа се работи кои се гоордееме. Или можеби е тешко?

И да наброиме 5 убави нешта што ни се имаат случено. Тоа изгледа е малку полесно.

Да видиме да направиме паралела.
Можеби ќе сфатиме дека сакаме да ни се случуваат убави работа, а самите ретко правиме убави дела.

Да сумираме за убавите работи во 2008. Колку сме задоволни од делата кои ги оставаме зад нас во годинава која изминува.
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
1.Матурата = најубавиот ден во мојот живот досега, и очекувам и се надевам да има уште многу такви денови.
2.Уписот на факс
3.Моето прво внуче = од братучетка, едвај чекам да го видам, но за жал тоа ќе се случи дури наредната пролет
4.Мојот 18-ти роденден, кој исто така нема никогаш да го заборавам, и кој е уште еден од моите најубави денови досега во животот.
5.Првиот работен ден како едно необично искуство, кое можеби нема толку да го паметам поради важноста, туку поради тоа што беше прв односно формално.....................
Има уште многу убави но и важни работи кои ми се имаат случено годинава, и дефинитивно ова ми е една многу посебна година токму поради многуте посебни моменти, и се надевам дека секоја наредна ќе ми носи уште повеќе такви. Тоа значи дека ова е само почетна листа, во друга прилика ќе наведам друга.:helou::helou:
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
1.Матурата = најубавиот ден во мојот живот досега, и очекувам и се надевам да има уште многу такви денови.
2.Уписот на факс
3.Моето прво внуче = од братучетка, едвај чекам да го видам, но за жал тоа ќе се случи дури наредната пролет
4.Мојот 18-ти роденден, кој исто така нема никогаш да го заборавам, и кој е уште еден од моите најубави денови досега во животот.
5.Првиот работен ден како едно необично искуство, кое можеби нема толку да го паметам поради важноста, туку поради тоа што беше прв односно формално.....................
Има уште многу убави но и важни работи кои ми се имаат случено годинава, и дефинитивно ова ми е една многу посебна година токму поради многуте посебни моменти, и се надевам дека секоја наредна ќе ми носи уште повеќе такви. Тоа значи дека ова е само почетна листа, во друга прилика ќе наведам друга.:helou::helou:
A другото прашање?

За убавите работи што си ги направила?
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
1. Запознав убава женска
2. Возачка
3. Упис на факс
 

babydol

Copy...
Член од
15 јули 2008
Мислења
1.561
Поени од реакции
92
-Се преселив во новата кука, ова го чекав веке подолго време.
-Се вработив.
-Запознав луге на кои можам целосно да им се доверам.

А што сум направила.....

-Неможам да се сетам , веројатно сум направила нешто добро:kesa:
 
С

Сатори

Гостин
Значи да се обидеме да наброиме 5 убави работи кои сме ги направиле. Тоа се работи кои се гоордееме. Или можеби е тешко?
Себична сум малку, правам убави работи само за луѓето што ги сакам.:icon_lol:
1.Ги држев за рака моите најдобри пријателки кога животот не беше добар со нив, почетокот на годината кога едната од нив прекинуваше врска со љубоморно-посесивен манијак со кој лично имав одредени пресметки само за да ја остави на мира, сега кога на другата и се случија крајно грозни животни ситуации, смртта на една нејзина преблиска личност, направив се што можев за да биде добра и да биде океј.
2.Бродоломите на татко ми во периодот после разводот.
3.Временскиот период кога имав концепт да насмевнам барем 3 личности денес и да им пренесам позитивна енергија.Сонциња имам во клас, убаво е да ги гледаш како се смеат. :)
4.Кризата на најдобриот пријател кога не знаеше дали животот ќе му се смени поради една грешка, сме зборувале во 1 навечер само за да се смири.Само тешам луѓе.
5.Најбитната работа што ја направив годинава, само нема да ја опишам и да ја сврстам целосно во оваа категорија зошто е една од најдобрите работи што и мене ми се случиле.
И да наброиме 5 убави нешта што ни се имаат случено. Тоа изгледа е малку полесно.
1.Конечно малку повеќе внимание и труд за да излезе првата книга до крајот на годината, еден од соновите.
2.Врската во која што сум, среќна што го запознав и што ми е толку битен дел од животот.
3.Почеток на остварувањето на уште еден сон на професионална база сега кон крајот на годинава.
4.Летото со сите негови промени и вртоглави турбуленции, ја сакав до срж секоја од нив и секоја ми беше убава.
5.Емоционалната стабилност која што е секој ден поконстантна е најдобрата работа која што можеше да ми се случи.

Убава година имав, малку тешка, ама продуктивна ... наредната ќе биде уште подобра! :pipi:
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.440
Поени од реакции
7.907
1. Се заљубив, и таа личност стана неизбежен дел од мене, иако никогаш не мислев дека вака сериозно ке се заљубам,пред 5 месеци бев убеден дека никој неможеше да стане дел од мене, а сега еве што се случи... :wub:...
2. Најдобрата вечер у мојот живот, забавата на мојот роденден
3.Зачленувањето на овој форум, оттогаш научив доста работи(добри и лоши), запознав куп супер луѓе... едноставно стана дел од мојот живот :pipi:, и фала многу на сите членови на овој форум, со кои цела(т.е половина за мене) година се дружевме,споделувавме мислења,тепавме досада и тн...
4.летниот распуст, закон... цело време со другарите и другарките, со кои споделивме многу добри моменти... фала и на вас за една преубаво лето, и преубава година во целост....
5. играњето и тренирањето кошарка, покрај кое заборавав на сите глупаци,шутраци, на сите лоши работи кои ми се случија во текот на оваа година, кои ги имаше во голем број...

Сепак, останувам оптимист, и знам дека наредната година ке ми стане боље, бидејки крајот на оваа беше нешто нај нај, кое никад нема да го заборавам...
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Па 2008 беше во глобала добра година,изоставувајќи некои ситници. Започна доста смирено и успешно,пролетта ми беше една од најубавите кои досега сум ги доживеала,летото исто така,им се посветив доста на моите родители и ги зајакнавме односите,па тука е и концертот на Kravitz и дружењата после него :)icon_lol:)
Крајот на летото и почетокот на есента беше еден период кој ме порасна и ме направи taller in more ways,научив да не пристапувам наивно на секоја работа,да не верувам а сепак да верувам,ме зајакна. И сега по некој период не можам да поверувам дека сум благодарна за тоа што ми се случи,затоа што никогаш немаше да знам што сум криела во себе и колку силна можам да бидам. Фала за она брусење на дијамантот за кое ми велеше дека треба да ми се случи,се случи,на лепрозен начин,но сепак,успеа во мисијата.

Него,да убави работи што сум ги направила,па од каде да почнам ?:)

Секојдневие ми е да им го зашеќерам денот на блиските барем малку,со некоја моја чукната изјава или гаф.
Убаво е да добиеш признание дека си лојален пријател од кој можеш да добиеш безусловна поддршка и разбирање,без непотребно `упикување и лижење газови`.
И помогнав,мислам дека меѓусебно си помогнавме повеќе,на една личност со која односите секој ден се повеќе ни зацврснуваат.
Ум...тоа што ги одвикнав пријателките да не земаат пластични кеси кога не им е потребно се брои ?:pos:

Се на се,сите работи,точки како што ги нарекувате,се вртат околу зајакнување на односите со околината,посветување на обврските и имплементација на моите замисли.

Убави работи,па да,имаше и убави работи,и тоа многу.

Честитката од брат ми за роденден во која со неумешен ракопис но со многу труд и љубов ми напиша дека сум најдобрата и најкул сестрата на светот. :pos:
Признанието од една организација во која сум, за придонес кон подобрување на вмрежувањето и остварувањето на целите за 2008.
Двете ноќи во Охрид,дружењата на плажа со оган и гитара,пеејќи лудувајќи и собирајќи камчиња хахаха.
Појавувањето сосема неочекувано на една личност која ми помогна многу кога ми беше најтешко.
Преродбата која се случила во мене,а станав свесна за неа пред неколку дена:)
И конечно,што некој се сетил да роди еден Ленон со примеси на Кјузак само за мене и за никој друг:back::pos2:
2009 нека тече спонтано,не ја планирам,така секогаш излегува најубава:)
 

пробистипка

малечка
Член од
13 август 2008
Мислења
2.026
Поени од реакции
130
Оваа година ми беше ептен црна со многу малку убави моменти срекни моменти но ете ке издвојам некои кои ми го сменија црнилото на годината.
1.денот кога станав тетка:vozbud:
2.денот кога на татко ми му се исполни животниот сон
3.запознавањето на нови пријатели од форумот
4.почнувањето со занимавање со спорт конечно после толку години пауза
5.ептен доброто лето со сите непреспиени луди ноки
али се надвам дека следната година ке биде подобра, и нема да биде толкаво сивило и црнило како оваа:toe:
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
За оваа година можам да кажам дека ми е релативно добра . ми се случија и убави и неубави работи но се беше премостиво . Се трудев да имам поголемо трпение према луѓе на кои им беше потребно тоа , им давав морална и финансиска помош на луѓе на кои им беше потребна, се трудев да опростам на оние кои ми згрешија и се обидував да имам поголемо разбирање,да не поаѓам од себе,да не ги судам луѓето и да ги прифаќам онакви какви се . Не можам да кажам дека потполно успеав во тоа ама доста напреднав. Најубава работа што ми се случи е посетата на Перт и запознавање со моите внуци и правнуци од сестра. Решението на мојот син да почне со хирургија и неговото заминување во индија на пракса.Записувањето на мојата внука на медицина. Најдобро од се е дека моето семејство е добро и целосно. Фала му на бога .
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
1. Ја поминав матура со резултати кои луѓето не очекуваа да ги добијам и со тоа ги победив предрасудите на сите.
2. Отидов на годишен одмор се само за да направам услуга на 1 другарка. Мене лично не ми беше убаво али другарка ми си помина најубаво па затоа се помирив со сето тоа.
3. Се запишав на факултет кој за мене е најтежок со тотално непривлечни предмети со кои ке ја добијам струката која ме привлекува ненормално.
4. Два пати се откажав од девојки кои ми привлекле внимание се само заради другари. И не погрешив.
5. Ниту 1 караница цела година.
 
Член од
19 јануари 2008
Мислења
22
Поени од реакции
0
се прашувам дали воопшто имав убави работи во 2008:toe:
но за 2009 решив дека нема да планирам ништо
и за разлика од досега,оваа година ќе го слушам повеќе срцето,а помалку разумот,за промена...веројатно така е подобро:raz:
 
Член од
19 јуни 2007
Мислења
3.422
Поени од реакции
116
екстра журки на саем :) (во 2009 сакам уште повеќе :))
запознав топ луѓе од форумов :)
најдобро лето до сега :)
(ова се само дел од прексрасните работи кои ми се случија годинава која уште малце ќе измине)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom