Picasso`
Schizophrenic!
- Член од
- 26 јануари 2007
- Мислења
- 4.149
- Поени од реакции
- 197
Акција пиле ќе биди легитимна а пред се ОПРАВДАНА кога таа роба, воопшто нема да ги помине царинските терминали.Акцијата си е легитимна и оправдана
Имам пријател кој царини роба веќе 4 години. Полицијата и државата, прво треба да разреши со корумпираните цариници, после со корумпираните началници на полиција и царинска алфа, после да разреши со силните веќе олигарси во тој бизнис кои го носат тоа и профитот го делат, е тек после да оди во Шутка и Битпазар и да праи циркузи.
Од кај им е таа роба ним? Не ја донесе штркот неа. Таа роба е царинета како друга, т.е. марките се куцани како други. Кај им беа очите на цариниците? Ставени се таму да бројат една по една фармерка, џакето, ролка, гаќи, чорапи, и ако таму се најде брендирана марка, да се уништи, да се одземе и да се казни сопственикот.
Барај ја грешката, пак кај истите Македонски цариници и институции со коишто раководат Македонци. Не ја барај по други табори.
Се изнајадовте на темава бурек, се изнакостреживте, мрсевте таквото, а не знајте работите на терен како стојат.
Ромите и Битпазарчани, не ја ништата Македонската економија, тоа го прават самите Македонци, кои што се дел од таа администативна бирократска приказна.
Престанете да обвинувате други.