Судењето на Светсково Првенство

  • Креатор на темата Креатор на темата 'Никола'
  • Време на започнување Време на започнување
Погледни во сите мечеви каква игра покажаа сите тие екипи, па запрашај се дали судиите се воопшто криви. Јас вчера Португалија не ја видов, Мексико исто слабо, Англија покажа лице на 15 минути, а Италија... приказна сама за себе.

Да да во право си доста слабо изигра мексико. Само што направи илјада шанси повеќе од сите екипи заедно што беа во првата група, и само што направи три четири шанси повеќе од Аргентина на тој меч (и покрај судиската неправда). Дефинитвно изиграа многу слабо и заслужија да отпаднат!
 
Катасртофа се судиите на оваа светско првенство..По бедно судење не сум видел одамна..
 
Читам и неможам да сфатам какви се глупости не се пишуваат. Значи според некој членови на форумов само затоа што Англија, Мексико, Србија и Португалија ''не покажале'' некоја игра на првенството треба да бидат елиминирани со голови од офсајд, со непризнаени чисти голови, со недосудени пенали итн. Па ако е така тогаш ај нека нема нерешени утакмици и судијата нека си процени која екипа подобро се покажала и нека иде даље. Гол од офсајд е гол од офсајд и е нерегуларен, независно како играле екипите и колку шанси имале.
 
Referees Jorge Larrionda & Roberto Rosetti Dropped From World Cup Following Last-16 Error

Клошарот Ларионда, и според некои овде на форумов, '' најдобриот '' ( читај, најпреценетиот ) светски судија се исфрлени од СП поради нивните кардинални грешки кои ги направија на натпреварите кои ги судеа.

Уште двајца
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=46&egId=5&eventId=62238

Коман Кулибали од Мали и Стефан Ланој од Франција повеќе не се на листата арбитри во продолжението на Мундијалот во Јужна Африка одлучи ФИФА.
 
Досега судењево е катастрофа........... !!!!!!!!!! после она што му го направија на САД и Англија кога не му признаја чист гол што можиш да очекуваш.....или вчера кога Виља постигна гол од офсајд.....такви случаеви имаше повеќе....Тевез од офсајд.....Фабиано играше два пати со рака и судиата тоа го виде но сепак голот го призна......овие судии кои ги направија овие грешки не треба повеќе да судат......
 
Абе сето тоа ок, ама сватете една работа. Одсекогаш постоеле судиски грашки, само сега се обрнува многу внимание. Од кај знаеме порано што било и како било, од кај знаеме дека сите досега што освоиле титули колку се "заслужени". Не бранам и не напаѓам никого, само потсетувам дека судиските грешки се од кога постои и фудбалот. Да не беа, можеби Бразил немаше да има 5 титули, можеби, да не беа, можеби Реал немаше да има 9 титули во ЛШ, можеби, да не беа можеби Баерн немаше да има ниедна, можеби. (онака, земам примери без врска).
Сега со развитоков на технологијава може да се подобри евентуално судењето, да се намалат овие грешки до некој степен, но да напаѓате некого, или да браните некого дека бил оштетен не држи место, токму поради овие претходни примери.
 
Е баш држи место! Ај за Англија и онака врска немаа па голот можеби ќе сменеше нешто но тешко веројатно.Но погледни што се случи со Мексико.Тие прикажаа игра,создаваа шанси но голот од офсајд на Тевез да не беше,не верувам дека ќе се случеше баш тоа што се случи.
Во краен случај,можеби аргентинците ќе беа елиминирани.
 
Дочитувај другпат за да видиш што ми е поентата. Знам сето тоа што напиша, бла бла бла, туку сакав да кажам дека абер немаме како релативно порано поминувале другите репрезентации на светските (и другите) првенства. Ги броиме петте титули на Бразил незнаејќи како ги освоиле (дали имало или немало значителни или незначителни судиски грешки на нивниот пат до титулите)(само пример земам). Затоа и оваа на Аргентина ќе ја броиме, ако освои. Затоа кажувам дека џабе ги напаѓаме судииве, сигурен сум дека секогаш се случувале грешки, и дека да не биле тие, немало ваков да бил редоследот на земји и титули како што е сега. Тоа ми е целата поента, да не се повторувам со претходниот мој пост.
 
Јас живеам сега, 2010 година, не во 1970. Титулите на клубовите ги рачунам само оние кои што јас сум ги доживеал, па за мене Реал и нема баш 9 титули (на пример). Не ми е гајле како се судело пред 30 или 50 години, сакам сега, додека јас гледам фудбал, да гледам атракции, да уживам и да победува оној што ќе заслужи, а не оној што ќе победи заради тоа што судиите не ја виделе топката во голот, имало само 10 цм офсајд и судијата не бил наместен убаво и слично.
 
Другарче, ти како сакаш гледај и сметај си, но факт е дека одсекогаш вака се судело, и ќе се суди, се додека не се превземи нешто (ако се превземи нешто), со технологијава. Тоа е.
 
Епа баш тоа и треба да се направи. Уживањето во фудбалот не е целосно. Или барем за мене не е. Ме иритира кога ќе видам како победува некој што не заслужил, било да е Манчестер Јунајтед, Македонија или било кој друг. Срамота е да се радуваш на незаслужени победи. Мора да се воведе технологија, МОРА!
 
Јас незнам што толку им смета да се гледаат снимки за време на натпревар...??? Зар на луѓето од ФИФА не им е важно натпрварот да е фер и да победи подобриот, т.е. оној кој дал повеќе голови или оној кој ќе победел ако му се досудило пенал, или оној кој изгубил од нерегуларен гол итд...итд... Што мислат кога велат ќе се уништел фудбалот ако биле воведени видео снимки... Уништен е сега без тие снимки...!!!

Ај сега да замислиме трка на сто метри и да нема фото финиш туку на некој судија му се видело дека е победник оној што на снимката е втор или трет и...??? Тој шампион, а најбрзиот му останува да се жали и разочарува...

Да постоеше гледање на снимка денес другше ќе изгледаше распоредот на репрезентациите на светсково првенство... Што сака да постигне ФИФА со тоа не ми е јасно...??? Нерегуларен победник ли...???
 
Па нормално, си имат свои фаворити и си ги буткаат... исто како шо и Платини го прави тоа во натпреварувањата каде што царува УЕФА :)
 
Во досегашниот тек на Првенствово,можам да го издовјам само Нишимура, што го судеше мечот Бразил-Холандија.Се останато пиши-пропало.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom