ВМРО - ПРАВДА
Првиот конгрес во Град,тоа е под Градско,кај Росоман.
Делегати од источна Македонија,од повардарјето,од ресенско и од Скопје.
Еден преставник од Воден,тројца од Солун.
Повеќе преставници од Пиринска Македонија.
Декларација од конгресот.
„ Иднината на Македонија е во младата генерација која треба се повеќе
да се организира за да се поведе заедничка борба со целекупната
младина од Егејска и Пиринска Македонија за нејзино обединување.
Една единствена ќе ни биде целта - слободна,независна и обединета
Македонија“
Зошто име ВМРО - ПРАВДА
„ ПРАВДА“ -затоа што организацијата требаше да ги исправи сите
неправди што им се нанесени од тогашната власт на Македонија и на
македонскиот народ.
Наш став е дека Македонија е посрбена,дека треба да се бориме за
нејзино обединување бидеиќи Пиринска Македонија не ја приваќаме
како бугарска,туку како дел од Македонија продадена од Србите...
...таа слобода што ја имавме не е слобода, Во таква состојба ние
членовите на ВМРО - ПРАВДА,треба да се бориме да ја обединиме
Македонија, а дека во секој случај ќе ни пријде на помош Америка и
ќе ни даде оружје.
Таа работа беше готова,ако не настанеше таа провала во 1950 година.
Се беше потготвено за тоа.
Тајноста на организацијата беше беше многу голема и затоа беше чудно
како не испозатворија. Во еден ден и една ноќ не испоапсија сите.
А не предаде една , Невенка Ципушева,од Радовиш...
---------------------
Мислам дека нема отворено тема што го опваќа ова прашање со ова
организација.Во 1971-1972 година повторно се апсат членови на оваа
организација,како и други млади лица,кои се судат истата година,
„ за дела против народот и државата“ и праќаат на робија.
------------------
Илија Максимовски - политички затвореник за Македонија