Студирам психологија

Член од
26 јуни 2012
Мислења
167
Поени од реакции
135
Некој да ја потврди информацијава? И за колку е поголема квотата? :)
Пошто постот завршил празен од непознати причини, некој друг да ми го потврди ова? Фала! Фала! :D
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Некој да ја потврди информацијава? И за колку е поголема квотата? :)
Офицјално секоја година, на психологија примаат 20 во приватна и 20 во државна квота + луѓето што се запишуваат на база на националност.
Меѓутоа секогаш ги зголемуваат квотите. Кога јас се запишував примија околу 80-90 души, следната година околу 100 итн.

Колку ќе примат зависи од тоа колку луѓе ќе аплицираат и колку поени ќе имаат тие луѓе.
Они одлучуваат, на пример, да ги примат сите што имаат до 60 поени. Ако оваа година аплицирале 150 луѓе од кои само 100 имаат 60 поени минимум - ќе примат само 100 луѓе. Така да никогаш не се одлучува однапред колку луѓе ќе примат - туку колкава ќе биде границата на минимални поени што ги има кандидатот.
 
http://fzf.ukim.edu.mk/files/psihologijaprel.pdf

Листава значи оти у 2011-та ги примиле сите до 40 поени шо имале? :O Пошто нели ако не си рангиран, би требало да не си примен, или како е? :O
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
http://fzf.ukim.edu.mk/files/psihologijaprel.pdf

Листава значи оти у 2011-та ги примиле сите до 40 поени шо имале? :O Пошто нели ако не си рангиран, би требало да не си примен, или како е? :O
Јас кога се упишував беа истакнати сите кандидати и имаше линија до каде се примени. Не беше на нет листата туку на факс а изгледаше исто вака.
Не верувам дека сите се примени зошто 160+ студенти се многу и на факултет нема услови за толкава група, особено за вежби, ама пошто сега студиите се намалени на 200 евра годишно - не би ме зачудило да има и толку многу.

Колку поени имаш ти, знаеш?
 
Член од
18 ноември 2012
Мислења
29
Поени од реакции
21
Има некој на форумот што е на Гешталд институтот за психотерапија?
 
Член од
15 август 2013
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво колеги!
Ме интересира дали некој знае некого што дава часови по статистика за психолози? На факултет не може да се најде број од професори бидејќи сите огласи ги тргнале... Доколку познавате некого што дава или некого што земал часови по статистика - пишете ми во инбокс.
Благодарам однапред!
 
Член од
14 јануари 2013
Мислења
81
Поени од реакции
16

si zaglavil so statistika? :)) bogami tesko na nas so nea jas od 2ra god ja vlecam i uste nemozam da se otarasam od nea inaku mislam deka ima edna zena vo cento ama ne sum sigurna idi na stranata danaucime http://danaucime.mk/ eve ti i linkce i ke pises statistika i ke ti izlezat site mozni odgovori i lica koi poducivaat
 
Член од
14 јануари 2013
Мислења
81
Поени од реакции
16
da ne ima slucajno nekoj informacija dali moze da se zapise 4ta godina so -2 od vtora godina uslovno?
 
Член од
12 октомври 2013
Мислења
3
Поени од реакции
0
здраво на сите,
Помагајте! Се запишав на ДУТ во Скопје, психологија вонредно и еве мака мачам со литература. Ги прашувам професорите и не ми препорачуваат литература. Ај, нека се јави некој и нека ми посочи литература за Физиологија, Вовед во психологија, Техники на комуникација и Филозофија. Јас гледав на УКИМ и најдов некои наслови... Она што ме интересира е дали ние самите си наоѓаме литература на овој факултет?! При крајот на нерви сум, ми доаѓа да се префрлам на Славјански... Мене ова ми е втор факултете, работам со полно раб.време и ми се чини дека нема да можам толку многу да се расправам со оваа неорганизација на факултетот. Нека се јави некој од Тетовски!!! :facepalm:
 
Член од
3 август 2012
Мислења
431
Поени од реакции
1.012
Хаи! Шо човек е Огнен? Многу океј впечаток ми остави, Филип ги држи предавањата, прееемногу интересни се, ама една тетка ми спомна дека Огнен бил таков целиот препотентен тип. Колку вистина има у муабетот? :)
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178

0% :) Јас оваа година прв пат слушам предмет кај него, ама едно е што мене ми остави исто така супер впечаток, а друго е што мои колеги во прва година слушаа Емоции и мотивација кај него и сите си завршија супер, презадоволни се :) Ни еден негативен збор немам слушнато за него :)
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Хаи! Шо човек е Огнен? Многу океј впечаток ми остави, Филип ги држи предавањата, прееемногу интересни се, ама една тетка ми спомна дека Огнен бил таков целиот препотентен тип. Колку вистина има у муабетот? :)
Огнен е таков тип на професор што ќе ти објаснува се дур не се осигура дека сите сте разбрале и знаете за што збори.
Објанува на долго и широко, и ако некој го препраша за нешто што само го објаснил - нема да му биде прблем да повтори. Радо влага у дебати и таман ќе помислиш дека ќе го победиш - ќе ти каже 2-3 реченици и ќе сфатиш зошто он е професор а ти си мрсулко :) Вљубен е во психологијата и мислам дека ја пренесува таа љубов и на студентите.
Омилен професор ми е (додуша мене ми беше асистент, ама сепак повеќе го почитувам него отколку некои прфесори).
 
Член од
3 август 2012
Мислења
431
Поени од реакции
1.012
Убаво си знам јас, ги осетив позитивните бранови од прва :D
 
Член од
31 март 2011
Мислења
102
Поени од реакции
18
здраво на сите,
Помагајте! Се запишав на ДУТ во Скопје, психологија вонредно и еве мака мачам со литература. Ги прашувам професорите и не ми препорачуваат литература. Ај, нека се јави некој и нека ми посочи литература за Физиологија, Вовед во психологија, Техники на комуникација и Филозофија. Јас гледав на УКИМ и најдов некои наслови... Она што ме интересира е дали ние самите си наоѓаме литература на овој факултет?! При крајот на нерви сум, ми доаѓа да се префрлам на Славјански... Мене ова ми е втор факултете, работам со полно раб.време и ми се чини дека нема да можам толку многу да се расправам со оваа неорганизација на факултетот. Нека се јави некој од Тетовски!!! :facepalm:
Mozesh nekoj den da si najdesh vreme i da otidesh do bibliotekata po psihologija na FZF i na bibliotekarkata da i pobarash priracnik .... taa ke ti go dade i ti ubavo ke si ja procitash programata i ke vidish koja literatura ja ima. Ako si zaintereseran isto taka ubavo bi bilo da ja razgledash i stranata na fakultetot kako na primer otvorigo linkov http://www.fzf.ukim.edu.mk/index.php/mk/2010-08-10-09-07-45/2010-08-10-09-09-00/2009-10-12-14-20-19 tuka se naogjaat premetnite programi dadeni po semestar. P.S. ne e sekogash do loshata organizacija i administracija, ima nesto i do licnoto angaziranje na studentot.
Imaj uspeshni studii.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom