Студирам психологија

Член од
12 октомври 2013
Мислења
3
Поени од реакции
0
Mozesh nekoj den da si najdesh vreme i da otidesh do bibliotekata po psihologija na FZF i na bibliotekarkata da i pobarash priracnik .... taa ke ti go dade i ti ubavo ke si ja procitash programata i ke vidish koja literatura ja ima. Ako si zaintereseran isto taka ubavo bi bilo da ja razgledash i stranata na fakultetot kako na primer otvorigo linkov http://www.fzf.ukim.edu.mk/index.php/mk/2010-08-10-09-07-45/2010-08-10-09-09-00/2009-10-12-14-20-19 tuka se naogjaat premetnite programi dadeni po semestar. P.S. ne e sekogash do loshata organizacija i administracija, ima nesto i do licnoto angaziranje na studentot.
Imaj uspeshni studii.
Se ova sto si go napisal/a e vo red. Pregledav i predmetni programi uste od koga i obezbediv literatura. Megjutoa prasanjeto se odnesuvase za nekoi koi studiraat na Tetovski, da mi kazat kako tie go resavale problemot so literatura. Od druga strana postijat razlicni predmeti na UKIM i Tetovski...Nie voopsto ne se poznavame za da kazes deka ima malo angaziranje od moja strana. Znaes so kakov problem se soocuvam? Odam na fakultet, gi cekam profesorite, gi prasuvam da mi posocat literatura na makedonski jazik, mi davat nivni mejlovi ili FB profili za da gi kontaktiram, im pisuvam i ne odgovaraat na porakata...
Zbuneta sum od odnosot, diplomirana sum na Ekonomski i imam magistratura na Filozofski i nikogas nemav takvi " tehnicki" problemi i nedostig na komunikacija.
Blagodaram za ubavite zelbi...;)
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
здраво на сите,
Помагајте! Се запишав на ДУТ во Скопје, психологија вонредно и еве мака мачам со литература. Ги прашувам професорите и не ми препорачуваат литература. Ај, нека се јави некој и нека ми посочи литература за Физиологија, Вовед во психологија, Техники на комуникација и Филозофија. Јас гледав на УКИМ и најдов некои наслови... Она што ме интересира е дали ние самите си наоѓаме литература на овој факултет?! При крајот на нерви сум, ми доаѓа да се префрлам на Славјански... Мене ова ми е втор факултете, работам со полно раб.време и ми се чини дека нема да можам толку многу да се расправам со оваа неорганизација на факултетот. Нека се јави некој од Тетовски!!! :facepalm:
- За Физиологија најди книги од средно ’’Анатомија и Физиологија’’ 1 и 2
- Вовед во Психологија најди ја Психологија од Илина Тодорова (за гимназија) и од Ружица Керамичиева Психологија во воспитанието и образованието.
- Техники на комуникација најди ја на нет од Павао Брајша - Комуникологија (мислам дека така се викаше) на хрватски е.
- Филозофија неам појма.

Друго што предмети имаш?
 
Член од
12 октомври 2013
Мислења
3
Поени од реакции
0
- За Физиологија најди книги од средно ’’Анатомија и Физиологија’’ 1 и 2
- Вовед во Психологија најди ја Психологија од Илина Тодорова (за гимназија) и од Ружица Керамичиева Психологија во воспитанието и образованието.
- Техники на комуникација најди ја на нет од Павао Брајша - Комуникологија (мислам дека така се викаше) на хрватски е.
- Филозофија неам појма.

Друго што предмети имаш?
Фала ти многу... Тоа е се што се однасува на прв семестар...Останаа само уште англиски и Педагогија, но за тоа сум обезбедена. За втор ќе ти пратам порака да ме оправиш за понатака :)
--- надополнето: 26 октомври 2013 во 23:51 ---
- За Физиологија најди книги од средно ’’Анатомија и Физиологија’’ 1 и 2
- Вовед во Психологија најди ја Психологија од Илина Тодорова (за гимназија) и од Ружица Керамичиева Психологија во воспитанието и образованието.
- Техники на комуникација најди ја на нет од Павао Брајша - Комуникологија (мислам дека така се викаше) на хрватски е.
- Филозофија неам појма.

Друго што предмети имаш?
Те молам погледни го линков http://www.varazdin.com/psihijatrija/brajsa_knj.htm и кажи ми на која точно книга мислиш? Има неколку книги кои во насловот имаат Комуникологија... (n)
 
Член од
3 август 2012
Мислења
431
Поени од реакции
1.012
За у летен семестар планирам да одберам развојна психологија oд Ана Фрицханд. Некој го има ли одбрано? Какво искуство имал со предметов? :D
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.027
За у летен семестар планирам да одберам развојна психологија oд Ана Фрицханд. Некој го има ли одбрано? Какво искуство имал со предметов? :D
Ви ја гледав сега студискава програма зошто ме зачуди дека развојна ви е изборен предмет... Не можам да најдам нешто слично. Сигурна си дека е изборен?
 
Член од
3 август 2012
Мислења
431
Поени од реакции
1.012
^ Јас изгледа не се докажав. :)
Развојна психологија ми е изборен предмет бидејќи сум студент на дефектологија.
 
Член од
31 март 2011
Мислења
102
Поени од реакции
18
Aj nekoj ako saka neka spodeli iskustvo so predmetite Psihodijagnostika i Detska i mladinska psihopatologija ? :)
 
Член од
25 јануари 2014
Мислења
3
Поени од реакции
2
Здраво, јас сакам да се запишам на психологија оваа година но како што гледам има некој проблем најверојатно со мене: јас завршив средно техничко училиште и како што кажувате треба да се има положено биологија филозофија... а јас немав такви предмети и плус полагав математика матура и положив со 2, прва година бев многу добар а останатиет одличен, како ѓто читав јас овдека на форумов за мене би било подобро да се откажам од намерата што ја имам бидејќи незнам дали би можел да се снајдам ( и ако би се запишал тоа ке биди мн тешко за мене) и уште нешто сакав да ве прашам: сакам да се запишам вонредно (а тоа е да бидеш во приватна квота) и дали јас ќе имам големи пропусти? ме плаши исто така и математичките предмети (Инференцијална статистика)... ве молам за совет позз
 
Член од
25 јануари 2014
Мислења
40
Поени од реакции
12
polagaaaaaa nekoj ponedelnik psiholgija? da ne znaete kako e na ispit kaj ognen?
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.027
Здраво, јас сакам да се запишам на психологија оваа година но како што гледам има некој проблем најверојатно со мене: јас завршив средно техничко училиште и како што кажувате треба да се има положено биологија филозофија... а јас немав такви предмети и плус полагав математика матура и положив со 2, прва година бев многу добар а останатиет одличен, како ѓто читав јас овдека на форумов за мене би било подобро да се откажам од намерата што ја имам бидејќи незнам дали би можел да се снајдам ( и ако би се запишал тоа ке биди мн тешко за мене) и уште нешто сакав да ве прашам: сакам да се запишам вонредно (а тоа е да бидеш во приватна квота) и дали јас ќе имам големи пропусти? ме плаши исто така и математичките предмети (Инференцијална статистика)... ве молам за совет позз
Вонредно на психологија нема. Има само еден уписен рок, тогаш ја пополнуваат цела квота.
Најубаво е да отидеш на факултет на студентски прашања работат од 11 до 14 и да прашаш со твоето средно кои оцени ги рачунаат. Зошто ако си завршил средно за време кога немало матура - различно ги рачунаат оцените. Земаат во предвид дека можно е да се завршил школо од типот на техничко на пример и рачунаат други предмети. Повеќе ќе пишува во огласот кога ќе дојде време за уписи, ама ако сакас да дознаеш сеа - или оди на факс и прашај или види на нет на страната на фзф дали има нешто.

Што се однесува до статистика - на психологија има повеќе математички предмети не е само тој ама ако следиш на предавања што се дешава, си редовен и активен - нема да имаш проблем. Само не очекувај да биде лесно и едноставно.
 
Член од
23 февруари 2014
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво, нз дали порано е поставувано прашањево ама ме мрзи да се раскопувам до толку па ќе си почекам на готово. Дали е можно во Македонија да се стане психијатар или само психолог (и ако може, на кој факс се изучува струката. Знам дека е на филозофски психологијата, пред скоро време прочитав дека треба да имаш завршено медицински факс а не филозофски итн итн....) затоа сум малку збунет моментално бидејки мн се мислам каде да одам на факс а ова баш мн го обожавам :)
 
Член од
22 февруари 2014
Мислења
51
Поени од реакции
35
а кој се другите математички предмети на психологија[/quote]
 
Член од
14 јануари 2013
Мислења
81
Поени од реакции
16
а кој се другите математички предмети на психологија
[/quote]
statistika ti samo ama ako ne go polozis na kolokviumi sansite za da polozis na ispi se 10% a dokolku ne polozis ti vlece uste 2 predmeta metodologija 1 i metodologija 2 i tuka se isto mali sansite za da polozis na ispit posto nenormalno teshki prashanja davaat jas sum zaglavena kaj niv i dusha mi izvadija, posebno metodologija profesorata e krajno zabolena zena....
 
Член од
3 февруари 2013
Мислења
26
Поени од реакции
10
4:30am во моментов изгледа како совршено време за мал осврт на факсов, професорите и предметите, за луѓето што у иднина би сакале да се информираат што и како да запишат.

Најбитното што повеќето прашуваат - Да, цел ден си на факултет. Особено трети (па и 4от) семестар прости се од социјален живот, освен ако неќеш да скратиш спиење на 4 саата дневно (кхм!) Најлошата работа кај катедрава е што распоредот е катастрофален и наизглед нема абер да се опраи. Предметите;

Вовед во психологија кај Ачковска (задолжителен) - Интересен. Солидна основа за понатамошна работа. Професорката е дефинитивно една од подобрите на катедрата. Активноста ептен може да те извади, а и на колоквиуми/испити е лесно ака може да се препише тук и так.

Психологија на перцепција кај Арнаудова (задолжителен) - Малце (повеќе) тупаџиски, али се проаѓа некако. Многумина имаа проблеми на колоквиуми и тешкотијата на истите, што на крај се испостави точно на некој начин, затоа што испитот беше навистина полесен.

Физиологија кај Ицко (изборен) - Подоцна за предметов, а сега предупредување. Втората опција (наместо физиологија) беше генетика, што слободно можам да кажам да НЕ се бира во ниеден случај. Неќеш, не глуми лудило, не презапишувај за џабе. Не дека е кај Ицко полесно, али е. Бтњ, професорот (и декан на ПМФ) го фаќаш у добрите. Ако не е, бек оф.

Филозофија кај Цуцуловски (изборен) - Обавезна 9/10ка, али меракот е во предавањата. Човекот има што да каже. Супер.

Социологија кај ? (изборен) - Професорот има проблем со ставање оцена над 7:) И прилично хард кор може да се стави во дискусија, али цени мислење и спротиставување со аргументи. До негде. Комплицирано чоече.
------------------------------------------------------------

Сознајни процеси кај Ачковска (задолжителен) - Потежок од Вовед, али па и прилично подобар. Јул лајк ит.

Емоции и мотивација кај Арнаудова (задолжителен) - Не ми текнува толку на предавањата колку што имаше одлични дискусии на вежбите. Арнаудова знае како да извлече емоција. И колку и да изгледа (професорката наивна) дека можеш да си дозволуваш ствари - немој. Ќе те поебе и око нема да и трепне.

Социјална заштита кај Сунчица (изборен) - Оценката ќе ја имате сите, но битното е што предметов ги имаше најдобрите вежби во цела прва година. Искусување на професијата на лице место односно во пракса, повеќе или помалце ќе ви ја одбележи I-ва како студент на психологија. Барем за мене беше така. Интересно е што предмет од друг институт повеќе ќе има практичен допир со тоа што го студирате отколку од било што друго понудено од тука.

Етика кај ? (изборен) - Нема зборови за да се опише левелот на лабавица што се дешаваше. Колоквиумот се завршува за 5 до 7 минути. Ај шит ју нат.

Ликовна семиотика кај Чаусидис (изборен) - Цутот на прва година!:icon_mrgr: Иако (бар за мене) предавањата не донесоа ништо што на овој или оној начин не го знаев претходно, дискусиите што се водат, атмосферата и енергијата на предавањата и вечното мењање на перцецпијата за одредени ствари по завршувањето, носат дефинитивна препорака за Никос.
------------------------------------------------------------

Развојна психологија 1 кај Фрицханд (задолжителен) - Жената спаѓа во топ 3 професори на катедрата за психологија. Толку треба да знаете.

Основи на статистика кај Кениг (задолжителен) - Се што ви кажале или ќе слушнете е точно. Нешто што увек се заборава да се каже се позитивните ствари, а тоа е дека Кениг е фантастична професорка и има принципи од факинг адамантиум. Нејзиниот збор е закон. И за вас и за неа самата. Едини совет што може да се даде е: Не правете ја грешката да седите у задни редови. Во спротивно.. Ги знаете приказните. А, да. Задолжително присуство. И секако. Ужасно досадно е.:D

Личност кај Јанаков (задолжителен) - Ова испадна е*анка голема. Нема конкретен совет за како да се положи, затоа што професорот има теорија дека само 10 души од целата генерација ќе/заслужуваат да бидат прави психолози (што и да значи тоа). Иако ова требаше да биде д предметот, на крај испадна хаос од секоја гледна точка (предавања и полагања).

Позитивна психологија (изборен) - Не. И не. Тешка е одлуката помеѓу Личност и позитивна за д лоуест поинт.

Социјална патологија кај Татјана (изборен) - Интересен. Се водат жустри и креативни дискусии.
------------------------------------------------------------

Развојна 2 кај Фрицханд (задолжителен) - Читај кај кецот.

Психолошко тестирање кај Кениг (задолжителен) - Нешто што навистина ќе ви послужи во иднина. Предавањата и вежбите дефинитивно се 180 степени од тоа што е статистика. Далеку подинамичен.

Психологија на лица со посебни потреби (задолжителен) - Огнен бара пишување и елаборирање на секое мислење. Нормално ако е спротивно од неговото (плус точно), никад нема да го одобри или признае, али шта је ту је.

Интелигенција кај Ачковска (изборен) - Дис ис д шит. Вреди за сите пари.

Образовен менаџмент кај Трајан Гоцевски (изборен) - Нај"мех" предмет до сега. Се поминува. Професорот бара креативно субјективно "справување" со дадените прашања (дали на предавање или колоквиум). Купете ја книгата за бонус 10 поени.

Тоа е тоа. На крајот на мај повеќе.;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom