Студентски домови

KvAzI

Дипломиран Ѓубрар
Член од
3 септември 2007
Мислења
173
Поени од реакции
49
Не може во нашава држава да се направи нешто независно а да се вртат толку пари. Од секој студент по 750 ден. Човече тоа се многу пари. Такво нешто не може да биде независно кај нас за жал :(
Абе врти сучи, ние го јадиме стапот... само не сфакам, како можеме да трпиме вакви неправди од страна на сите влади, си го играат ***** со нас. Зар не можеме да организираме студентска револуција, да создадеме француско сценарио...
 
KvAzI

Дипломиран Ѓубрар
Член од
3 септември 2007
Мислења
173
Поени од реакции
49
Знаеш ли колку репортажи и емисии се направија за мизеријата во која што живеат студентите?И што постигнаа,сликање на министрите за образование со најава за реновирање и на а1 и на Сител и слични на нив.Да не ја отвараме темата за становите во кој што треба да живеат постдипломците,а во нив се вселени декани и професори од факултетите во Скопје.Деканот на Музичка академија живее во гарсоњера,замислете.Дај да собереме сите по десет денари да му изнајмиме стан на човекот и слични на него со плати мин 60 000 денари,три стана во Скопје за издавање,и седат на местото каде треба да седат постдипломци.
Овде како решение гледам студенски протести,бојкот на институции,очигледно само на тој начин се добива нешто.
Sosema se soglasuvam so leandra mora da se intervenira, ako ne go sopreme nie ovoj "kriminal" togas koj? Definitivno mora da se kreneme na bunt protiv vakvoto obrazovanie koe ni go diktira ova "kapitalisticko" opstestvo? Ne sme svesni kolku sme mokni i silni site zaedno...
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.006
Поени од реакции
5.652
Ме интересира да не знае некој кога се уписните рокови за прием во студентските домови :)
 
Batistuta

..пак од скриен број...
Член од
16 февруари 2005
Мислења
1.945
Поени од реакции
50
Условите во студентските домови се само олицетворение на целокупната ситуација и организираност во образованието и државата. Сум имал прилика да престојувам во домови во неколку други држави од бивша Југославија и Европа, некаде е вистинско задоволство да бидеш сместен во студентски дом. За жал сеуште сме многу далеку. :toe:
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Периодот поминат во студентски дом би можел да биде еден од најинтересните периоди во животот, но за жал кај нас такво нешто не е возможно. Условите се катастрофални. Сум имала можност да посетам неколку свои пријатели/ки и да видам во какви услови треба да учат и да живеат. Секој студент плаќа за да престојува таму, најмалку што може да се направи е да им се обезбедат вистински услови за живот. Срамота е колку нашата држава всушност ништо не ја интересира што не е приватно.
 
B

Blacks

Гостин
Најубавите моменти во животот ги имам поминато во студентски домови. Пример првиот пат кога влегов во Гоце мислев дека ќе се онесвестам, темно мрачно место од хорор филм но после една недела поминато таму и после целосно реновирање на собата со поликолор и гипс и неколку добри постери не сакав да си одам од таму. 1200 студенти собрани на едно место ти го менат начинот на живот, на размислување, на функционирање. Секој ден сакал нејќел ќе научиш нешто. Некогаш ќе бидеш гладен, ќе се осеќаш мизерно но затоа пак во само еден момент сето тоа може да се измени и ќе бидеш најсреќниот човек во светот. Далеку од мама и од тато ти си тој што ќе треба да се снаоѓа за се и сешто а тоа те зацврстува, те прави појак и поспремен за тоа што те очекува т.е животот кој од година на година е се посуров. Во исто време се чувствуваш притиснат најчесто од финансиски причини но и слободен зашто секоја мала одлука е донесена лично од тебе и таа мала одлука ќе допринесе дали денеска ќе се чувствуваш убаво и пријатно.

Не би сакал да ги сменам кавгите со цимерите за ништо, казаните со кафе кои заедно ги имаме испиено, журките кои ги имаме посетено, буреците кои сме ги јаделе или сме ги гледале низ излогот кога сме немале пари, бабичките од мензата кои секогаш ме расположуваа со својата едноставност, тетка Маци хигиеничарката која беше одговорна за нашиот спрат и нејзините утрински посети за кафе и обидот да ти шитне некое ланче, делењето на последното парче ајвар со некој просјак кој ти тропнал на врата, бессоните ноќи во читална, милферката што работеше во бифе, роденденските забави во соба 2х2 со 20 луѓе внатре, туширањето со ладна вода после 10 саатот сабајле и најважното од се чувството дека припаѓаш некаде. Не, не би сменил ништо од тоа зашто сето тоа допринесе да се развијам во личноста што сум денеска, спремен на секаков предизвик зашто секоја случка која ќе ја доживеам можам да ја поистоветувам со некоја случка од моите престои низ студентските домови.
 
AleksandarT

Reckless
Член од
16 ноември 2005
Мислења
180
Поени од реакции
9

Зависи за кој , некој нема дефинитивно да ги поднесе тие лоши услови >
 
B

Blacks

Гостин
Зависи за кој , некој нема дефинитивно да ги поднесе тие лоши услови >
Во секое лошо треба да се најде доброто. Но не ја одобрувам моменталната ситуација на студентските домови во Македонија.
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Еве има една недела како ја напуштив Пелагонија. Не е нешто особено, но споредба со другите е Александар Палас. Народот е океј, врие од делчевци и радовишани :) интересни луѓе има, и јас дефинитивно ќе конкурирам пак за место таму.
 
good girl

Неискусна!
Член од
1 јули 2009
Мислења
66
Поени од реакции
0
Најубавите моменти во животот ги имам поминато во студентски домови. Пример првиот пат кога влегов во Гоце мислев дека ќе се онесвестам, темно мрачно место од хорор филм но после една недела поминато таму и после целосно реновирање на собата со поликолор и гипс и неколку добри постери не сакав да си одам од таму. 1200 студенти собрани на едно место ти го менат начинот на живот, на размислување, на функционирање. Секој ден сакал нејќел ќе научиш нешто. Некогаш ќе бидеш гладен, ќе се осеќаш мизерно но затоа пак во само еден момент сето тоа може да се измени и ќе бидеш најсреќниот човек во светот. Далеку од мама и од тато ти си тој што ќе треба да се снаоѓа за се и сешто а тоа те зацврстува, те прави појак и поспремен за тоа што те очекува т.е животот кој од година на година е се посуров. Во исто време се чувствуваш притиснат најчесто од финансиски причини но и слободен зашто секоја мала одлука е донесена лично од тебе и таа мала одлука ќе допринесе дали денеска ќе се чувствуваш убаво и пријатно.

Не би сакал да ги сменам кавгите со цимерите за ништо, казаните со кафе кои заедно ги имаме испиено, журките кои ги имаме посетено, буреците кои сме ги јаделе или сме ги гледале низ излогот кога сме немале пари, бабичките од мензата кои секогаш ме расположуваа со својата едноставност, тетка Маци хигиеничарката која беше одговорна за нашиот спрат и нејзините утрински посети за кафе и обидот да ти шитне некое ланче, делењето на последното парче ајвар со некој просјак кој ти тропнал на врата, бессоните ноќи во читална, милферката што работеше во бифе, роденденските забави во соба 2х2 со 20 луѓе внатре, туширањето со ладна вода после 10 саатот сабајле и најважното од се чувството дека припаѓаш некаде. Не, не би сменил ништо од тоа зашто сето тоа допринесе да се развијам во личноста што сум денеска, спремен на секаков предизвик зашто секоја случка која ќе ја доживеам можам да ја поистоветувам со некоја случка од моите престои низ студентските домови.
blaze tebe, i falati mnogu, so se najde za da procitam nesto so navistina vredi, za razlika od site dosegasni komentari deka e katastrofalno. A veke ako zboruvame za losi uslovi gi ima segde, a ne samo vo studenski domovi.
Kako i da e najvazno e da ja gledame pozitivnata strana na nestata voopsto, i sekako da se obideme da gi podobrime losite strani:wink:!!!
 
Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.442
Поени од реакции
9.828
znae li nekoj za ovaa godina koga ke bide konkursot za studentskite domovi?dali e naednas za site ili za brucosite e oddelno??
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562

Одделно е за бруцошите.Мислам дека сте септември како бруцоши.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Јас бев бруцош во 1996...
5 години се мотав во Скопје, и сите тие години бев во дом.
Од 2001 не сум влегол во дом...
Знам само дека мензата во која понекогаш јадев беше истата онаа од шеес' и некоја, евентуално рани седумдести, во која и моите родители јаделе, а, Богами, и приборот беше ист...:toe:
Отседнав 3 години во Пелагонија (тогаш сеуште беше хотел, АДГ Пелагонија го ренташе на студентски центар Скопје, и служеше како дом) и 2 години во Стив, демек тогаш пресно реновирана машка зграда (всушност варосани соби и префарбана дрвенарија, другото исто).
Не сакав да седам во стан, сакав да сум меѓу луѓе...
Секогаш, првата средба со собата ми беше катастрофална...и, подоцна, почнав да се навикнувам...па ќе си ја средуваме со цимерите, па ова, па она...па договор со цимерите да не се мотат тука, оти женска треба да дојде, хехехе...пијанчења, глупости...журки, седенки, но и учење...
И, тоа е тоа...
Интересно искуство, во секој случај.
Човек треба да е спремен на се. Треба се да се издржи, треба се да се проба.
 
KvAzI

Дипломиран Ѓубрар
Член од
3 септември 2007
Мислења
173
Поени од реакции
49
Одделно е за бруцошите.Мислам дека сте септември како бруцоши.
А за нас другите, кога е? Имаше една адреса, но ја заборавив... помош? :nesum:
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
А за нас другите, кога е? Имаше една адреса, но ја заборавив... помош? :nesum:
Немам поим за адреса,барај по министерство за образование.Летно време беше за постарите,ако добро се сеќавам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom