Има ли извадено некаде линк за електронското аплицирање, наводно било од 12.07 до 12.08 , ама сајтот шо беше од лани не им работи...
Исто така сакам да прашам за Гоце, свесен сум дека состојбата е очајна ама колку очајна. Во која зграда машките соби имаат вц внатре, каква е читалната (дали има услови за учење), храната во менза(настрана лебарките и тие се месо), и дали има топла вода (барем 2-3 пати неделно)
Добро е во Гоце ако успееш да фатиш некоја врска за соба во пониските спратови до 4 макс.
Лифтовите знаат да се расипат и да нема лифт ден - два.
Топла вода има редовно, проблемот е тоа што притисокот е слаб за спратови над 6ти.
Храната е средно мизерна ама добра е. Ќе си комбинираш понекогаш со готовите јадења во СП маркет и кои се прилично ефтинки или пак со сендвичарите околу.
Инаку Б и В се машките згради (иако се е измешано таму) В блок се собите со ВЦ внатре.
Предност е тоа што добиваш прилично голем простор за себе споредено со другите студентски. Собите посторно се задоволувачки. Собите се на Г.
Еден ќош е твој еден на цимерот. Во ќошот имаш кревет и биро. При влез во собата имаш ВЦ со туш метро и пол на метро и пол и еден плакар за двајца. А средината на собата ти е празна. Лани јас таму си сместив фриждеридер метро и пол висок, маса прилично голема + имаше простор за телевизорче. И пак не беше пренатрупано. Секако ако ти фалат полици можиш сам да си вградиш. По една - две години во Гоце ќе научиш сам да менуваш брава, туш, да си монтираш полици, да менуваш штекери и такви мали работи.
Пелагонија се големи собите ама се по 4 , Стив по 5, Кузман по 2 ама се премали собите.
Гоце ти е идеален за учење. Имаш еден цимер само + имаш голема читална која сега малку ја потсредија и е многу добра.
Плус идеален студентски ако си имаш девојка. Лесно ќе убедиш еден цимер да прошета малку

, место да се убедуваш со 4 рица.