Искрено ќе ти одговорам...
За фрчковски не сум размислувал , нема ни потреба...
Иванов го пратам од почеток и како што одминува времето ми влева се повеќе надеж дека ќе го биде...
Човекот нема медиумско искуство и апсолутно не е фотогеничен што го прави апсолутно одбивен...
Од друга страна тој е човек кој има многу знаење и пред се мислам дека е голем верник...
А тоа пред се значи ЉУБОВ за сите без разлика Албанци , МАкедонци и тн. и тн...
За мене многу битен критериум при мојот избор е да се избере претседател кој ќе биде за сите ист, а искрено имам некое чувство дека Иванов го има тоа во себе...Како што и Трајковски го имаше а тоа излезе на виделина дури после некое време откако стана претседател...
Ај сега и јас искрено да ти одговорам.
Фрчковски значи не. Единствено би гласал за Фрчковски само колку за да не гласам за Иванов. Односно да му одмогнам на Иванов.
Иванов не... Зошто не?
Бидејќи ДПМНЕ е националистичка партија (во мои очи). Градат цркви на плоштадот кој е сопственост на сите граѓани на Скопје, носи закони со кои само Македонките ќе добиваат пари за раѓање деца и со тоа ќе се намножат чистокрвни Македонци... и многу други примери. Значи бидејќи партијата која го предлага не ја симпатишам.
Не, бидејќи нема политичко искуство. Претседател на земја треба да биде голем "далаверџија", снаодлив. Да си го пика носот секаде и секаде да испаѓа победник. Иванов не ми личи ич на таков. Едноставно човекот од такт го вади "човек" како Фрчковски, замисли Бркојани што ќе му направи. Се лизга на свои кажани зборови, колне наоколу за глупости. Не го сакам бе.
Доколку Иванов се изгласа за претседател, ДПМНЕ добива целосна власт во сите полиња. Целосна власт го расипа и Хитлер, и може да го расипе и Груевски. Во овој дел размислувам да му одмогнам на Иванов со тоа што ќе му помогнам на Фрчко.
Ај да не набројувам повеќе.
Нема солуција за мене.
Во Недела планирам да излезам на гласање (освен ако не бидам спречен
) и сеуште не знам што ќе направам. Само си кажувам дека избор
НЕМАМ.