Eve nesto sto e vo izgradba vo nasava Strumica. Vo zivo e navistina ogromno!
Трговскиот центар се наоѓа во централното градско подрачје на локацијата на старото Градско пазариште, во строгиот центар на градот, меѓу двата големи булевари “Маршал Тито” и “Ленинова”.
Трговскиот центар се гради по најстрогите европски норми и стандарди. Тој ќе содржи:
- затворен градски пазар по најсовремени стандарди
- трговски центар
- товарни дигала за дотур на стока по катовите и електични скали – ескалатори за луѓе
- катна гаража со капацитет од 400 лесни возила
Трговскиот центар со вкупна површина 34.000 м2 ќе биде еден од најголемите трговски центри во земјата. Неговата големина ќе овозможе присуство на проширена и разновидна колекција на малопродажни имиња. Тој ќе биде пример како разновидноста на еден објект може да му даде нов квалитет на урбаното живеење во градот.
Се очекува големиот број на малопродажни места собрани густо на едно место, да дадат висок поттик на локалнате економија, а трговскиот центар да го опслужува целиот регион со што Струмица ќе биде крајна шопинг дестинација.
Деловните простории во објектот ќе бидат погодни за бутици, кафетерии, пицерии, салони за убавина, хипермаркети, банки, менувачници, бела техника, мебел, службени простории и друго
Волуминозноста на објектот во просторот и околината ќе биде надоместена, од надворешната страна, со стаклена фасада изведена во два дела: долен, структурален дел (приземје и први кат) и горен дел, изведен од панели од стаклени делови, кои ќе ги красат горните катови. Секој кат и катната гаража ќе имаат директна комуникација и ќе бидат во функција 24 часа.
Трговскиот центар ќе профункционира до 30.04.2008 година.
izvor
www.strumica.gov.mk