Греота е што страдаат невини луѓе заради некои несовесни и невнимателни возачи, посебно малите деца што тек почнуваат да му се радуваат на животот.
Но, тоа е иронијата, потоа таканаречените возачи цел живот ќе го имаат на совест и ќе мораат да живеат со тоа дека уништиле невин човечки живот, а тоа сигурно ни најмалку не е лесно.
Добро е да се даваат вакви клипчиња по телевизиите како едукација, да бидеме што повнимателни и постојано да нѝ е во глава мислата дека животот е највредното нешто што го имаме и ништо друго не може да се споредува со тоа.