- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Една работа да се разбереме. Моето мислење го темелам, исклучиво согледувајќи ја реалната ситуација во која се наоѓа државава. Врз база на тоа и коментирам.
Кога би коментирале за личните желби, биди сигурен би биле поголеми и поамбициозни од твоите.
Но вреди ли тоа нешто ?
На маса имаме - или компромис со контролирана штета....или прекин на преговорите.
Трето нема!
Гледаш можност за прекин ?
Гледаш човек во државава кој би го направил тоа ?
Не.
Значи останува контролирана штета, виткање кичма, разумен компромис...попуштање, како сакаш наречи го.
Епилогот е ист:
Промена на референцата со компромисно име.
Ова го знаев јас. Ова го знаеше целата меѓународна заедница.
Ова го знаеа сите упатени аналитичари, интелектуалци, кодоши предавници...или како сакаш наречи ги.
Што мислиш. Дали Груевски знаеше за ова ?
Да.
Што е најтрагично го знаеше и терминот.
И наместо да се фокусира на изнаоѓање најповолно решение кое ќе оди во прилог на иднината на Македонија, тој во изминатите три години водејќи се од неговиот фамозен рејтинг, бараше предавници одродници и буба шваби.
И сега ќе ни мачка очи тука со некаква стратегија за името.
Што содржи ова стратегија која тој ја нуди ?
Ништо поразлично од условно кажано, стратегијата на "предавниците" Геро, Фрчко, Ѓунер, Бранко, Жарко, Гелевски, Ерол, Реален.......
- Замена на референцата ФИРОМ со компромисно име, и зачувување на Македонскиот идентитет и јазик.
Има нешто што е поразлично во ова таканаречена нова стратегија???
Нема.
Се е исто, само што повеќе темите за соросоидите и предавниците ги нема повеќе на форумов.
Знаеш зошто ?
Затоа што партиската заслепеност и вистинскиот патриотизам не одат заедно.
Oва можеби ќе го разбереш денес...утре или задутре.
но биди сигурен дека ќе го разбереш.
Замена на референцата со ново име...
Дали навистина Гејовите би се сложиле на такво нешто???
Што мислиш ти???
Тоа значи замена на референцата само во ОН и Европските институции, а државите кои не признале да го задржат правото така да ни се обраќат...
Добро бе реален до кога со мачкање очи...
И никако не ми се уклапа дека ти самиот веруваш во такво нешто...