Стратегија за името: Никој да не си игра со идентитетот

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Единствен чувар на идентитетот е НАРОДОТ.
А кај политичарите се е на продажба.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.695
Поени од реакции
12.108
Дел од народот е доста разочаран од сопствениот економски статус, значи на него не му е више така битно дали во весник пишува дека сме за компромис или двојно име, ниту му е битно за референдум оти добар дел од истите ниту оди по референдуми -тешко е да се грижи за тоа и истовремено да гледа да земе денеска 150-200 денари од листови од лозница на пазар-такви има солиден број. Друг дел и покрај "нормалниот" за нас економски статус (условот двајца вработени), исто одамна му е здосадено се едно исто да верглаат низ медиумите, а ништо да не пресечат (а во меѓувреме да читаат дека тие наши челници-борци за името-се богатат со тендери и ЕЛЕМИ). Значи останува еден не толку голем дел кој е навистина заинтересиран.

Можеби тоа е и целта, дел од агендата на долгогодишното влечкање на овој "проблем со името".
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Мислиш, не „фаќаат“ на кондиција? Жилави сме ние, не се даваме лесно... :smir:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.695
Поени од реакции
12.108
Жилави, но за кондицијата голем фактор е исхрана, облека, плаќање сметки...сето тоа негативно се одразува на народот како фактор во општеството за името -се прашувам дали тој што не зема плата ќе мисли за името или како да најде денеска некоја пара, макар за исхрана.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Жилави, но за кондицијата голем фактор е исхрана, облека, плаќање сметки...сето тоа негативно се одразува на народот како фактор во општеството за името -се прашувам дали тој што не зема плата ќе мисли за името или како да најде денеска некоја пара, макар за исхрана.
Шега на страна, реалноста е многу поболна и полоша... Секој ден слушам за некого дека останал без работа... Многу е сериозна ситуацијата и упорно се игнорира економијата...

Упорно верувам дека постојат многу начини да се подобри состојбата ама факт е дека таму некаде има глуви и неми камени глави од Велигденските острови до кои не допира никаков глас...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom