Страотно злостроство во Велика Иванча во Србија, човек убил 13 души

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Nenormalen...a mozese samo sebe da se ubie.....
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Полицијата вели немаат индикации засега дека бил ненормален или дека имал некакви ментални отклонувања. Сите што го познавале рекле бил нормален и не бил конфликтна личност. Единствено нешто што упатува на отклонувања е неговото учество во последната војна во подрачјето на Славонија. Имал дозвола за поседување пиштол. Треба голема траума да е во праање за да ја убие мајка си, синот, двогодишно дете, итн.

--- надополнето: 9 април 2013 во 12:52 ---

Истражителот Вељовиќ истакна дека убиецот е од мирно семејство, немал полициско досие.

-Допрва треба да откриеме што е мотивот за убиството, едноставно сите сме запрепастени, истакна тој.
Како што наведе директорот на полицијата, Богдановиќ во деведесеттите години бил во војна во Славонија. Тој додаде дека убиецот имал дозвола за чување оружје која му била издадена во 1981 година, наведувајќи дека Љубиша и неговиот син минатата година останале без работа.

-Немал здравствен картон. Немаме евиденција дека се работи за човек којшто можел да направи вакво нешто. Сите велат дека тој бил нормален човек, но ние моментално ги проверуваме сите информации, додава Вељовиќ.

Тој додава дека неговите соседи истакнале оти Љубиша Богдановиќ никогаш не бил конфликтна личност и дека никој не знае што довело до оваа трагедија.

Според неофицијалните податоци, Богдановиќ пукал во себе дури откако видел дека пристигнала полицијата.

Портпаролот на итната помош, Нада Макура, вели дека според нејзини сознанија, убиецот не бил психички нестабилен, а според неофицијалните податоци неговиот татко и вујко од непознати причини извршиле самоубиство.

http://www.kurir.mk/svet/vesti/111365-FOTO-Ova-e-covekot-koj-ubi-13-lica-vo-Srbija
.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
За жал глупостите од САД, секогаш доаѓаат на Балканот. Пишав во една тема дека она што се случува во САД по универзитите, маркетите и кино салите, еден ден ќе дојде и тука. Еве го пристигна... Лошото е што не знаеш кој каков е и кога ќе прсне. Страшна работа...
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Колку е лошо кога погрешно ќе ти се спојат жичките у мозокот, па после кога ќе избие куршлус, другите страдаат.

Сочувство до блиските на убиените и нивните фамилии, а за убиецот можам само да кажам себичен гад.
 
T

templar55

Гостин
Гледам бил повратник од војната и вакви злосторства може да направи само човек со Виетнамски синдром.
Почнува полека,нервоза,депресија, има 0 толеранција спрема блиските се додека не дојде до вакво нешто.
Неговото семејство сигурно не замерувало на неговите избувнувања и ете дошло до тоа.
Има некој да знае дали има институции за воени ветерани во Србија баш со вакви проблеми? Ако има кривицата е и делумно нивна.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Зар не најде во цела србија арамии и „заслужни граѓани“- за ваква постапка
Зар мораше во најблиските и недолжни луѓе да се пука. Има мети за ваков хоби.
Секаде. само треба да се правилно лоцираат за да не се греши друг пат.
---------------------
Бог да ги прости невините жртви.
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.478
За жал глупостите од САД, секогаш доаѓаат на Балканот. Пишав во една тема дека она што се случува во САД по универзитите, маркетите и кино салите, еден ден ќе дојде и тука. Еве го пристигна... Лошото е што не знаеш кој каков е и кога ќе прсне. Страшна работа...
Што од САД влијаело тип од 60 години да направи масакр? Насилни видео игри, Мерилин Менсон, насилни филмови, верски фанатизам, дрога, алкохол и остали дежурни виновници или можеби е нешто што се случувало внатре во психата на човекот со години, некое внатрешно разјадување кое на крај оставило од него психо?
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.438
Поени од реакции
9.345
Колку малце треба за човекот да се претвори во ѕвер...
Мислиш дека го знаеш човекот што се буди до тебе, човекот што те створил, човекот што го знаеш цел живот, а уствари не си го познавал дур не си ја покаже темната страна.
Страшно!
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Бесилка одма.
Или не, може да се влечеме по судови со месеци, години и во зависност од адвокатот во најдобра рака да се пресуди дека е луд. Шо!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom