Странски зборови во македонскиот јазик

Член од
6 август 2006
Мислења
201
Поени од реакции
29
За зборот форум, иако веќе сега употребата на форум е општоприфатена, има еден збор: собор. Е сега, етимологијата. Доаѓа од старословенски корен, сбор/збор/сабор/собир... Во современиот чешки јазик зборот постои, и значи хор, или воопшто ситуација кога зборува повеќе од еден човек. Практично, зборот хор, којшто е со грчко потекло, а заминал преку латинскиот (chorus) во повеќето западноевропски јазици, означува групно настапување, било со пеење, играње, итн. Оттука и нашиот народен збор оро... Е сега, да се вратам на собор. Овој збор се корисел меѓу народот секогаш кога ќе се собереле луѓето на сред село, или воопшто во центарот на градот (имајте на ум и дека порано македонските села броеле и по неколку илјади жители). Тоа било најчесто за празници, имендени, слави,панаѓури. Но, доста често луѓето се собирале и во недела, кога не се работело. Ете, во народните песни многупати се спомнува соборот во различни контексти. Е сега, тие собори имале и друга функција. На нив помладите играле, пееле, се јадело, пиело, а постарите си прикажувале, се советувале, дискутирале, решавале прашања од јавен карактер. Токму тој аспект на зборот соборе аргумент за замена на форум, иако не знам колку јазикот би го примил новиот термин.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.132
Ако може дебатава за старословенскиов и македонскиов јазик на друга тема.Фала на разбирање.
Он-топик

Акустика(грч.Akoustiko-слушам)
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Целава тема е донекаде непотребна, секако дека ќе имаме зборови со потекло од други јазици, македонскиот јазик има околу 65 000 зборови, убаво средени во 3 книги. Од ти 65 000 во денешно време се користат само 18 000, другите се од дијалекти, архаични зборови итн.

Така да не е многу чудно што имаме многу "англицизми" ..., затоа што во споредба, англискиот јазик има 500 000 зборови, или скоро 1 000 000 со сите научни зборови.
 

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
Еве некои зборои коишто ги користи светот а се од мак потекло
КосМос - Кос (накривен) мост
ТелеВизија - Теле(млада крава) Визија --визија на телиња
Ретард (шо значи КАСНИ на француски)
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Целава тема е донекаде непотребна, секако дека ќе имаме зборови со потекло од други јазици, македонскиот јазик има околу 65 000 зборови, убаво средени во 3 книги. Од ти 65 000 во денешно време се користат само 18 000, другите се од дијалекти, архаични зборови итн.

Така да не е многу чудно што имаме многу "англицизми" ..., затоа што во споредба, англискиот јазик има 500 000 зборови, или скоро 1 000 000 со сите научни зборови.
Македонскиот јазик "официјално" има 65 000 зборови, според речникот, меѓутоа кога во него би влегле повеќето кованици, неологизмите кои не се внесени од последното издание на речникот (60тите години на минатиот век), сите архаизми, можеби бројката би се движела околу 100.000 зборови.

Околу англискиот, 70-80% од тие зборови се научни изрази и термини, а преостанатите се пола синоними, пола кованици. Англичаните имаат премногу кованици во нивниот јазик и скоро сите се влезени како различни зборови, за разлика од случајот кај нас.

Ајде де?

Учев старословенски јазик 2 семестри, барем тоа сум сигурна дека е така ко што напишав.
Во тоа е грешката на тие академски професори, што инсистираат на "заедничкото словенско" потекло на тој јазик, а не истакнуваат дека истиот влечи основи од Солун, од македонските дијалекти, дека македонскиот јазик треба да се земе за основа на тој старословенски, а не обратно. Од старомакедонскиот јазик, настанале и останатите варијанти на денешните модерни словенски јазици: руски, бугарски, српски, полски, чешки, словенечки и др.
Погрешен е и терминот црковнословенски, треба да е црковномакедонски или македонска варијанта на црковнословенскиот јазик.
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Абе незнам ни зошто дискутирате на та тема,за светската наука старословенскиот јазик или на англиски "Old Church Slavic" е јазикот(дијалектот) на македонските словени од Солун и околината.

Дури негде го нарекват и "Old Macedonian", како на Википедија.

После се јавуват разни рецензии, и веќе црковнословенскиот, "Church Slavic" e руска редакција на старословенскиот и тој не е македонски.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.132
Порта(ита.Porta=врата)
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.132
Виц(гер.Witz=шега)
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.132
Рикверц(гер.rückwärts=назад)
 
Член од
23 февруари 2010
Мислења
2
Поени од реакции
0
старословенскиот јазик води потекло од прасловенскиот и е прв писмено фиксиран словенски јазик кој го користеле сите словени(точно е дека се зборувал во околината на солун во селата суха зарова и висока) а со текот на времето дошло до појава на варијанти (јазикот секаде не се развивал исто, и дошло до негова типолшка промена , влијание од соседните несловенски јазици , различни гласовни промени ) и многу др фактори коои влијаеле врз создавањето на тие варијанти кои денес ги претставуваат различните јужнословенски јазици како бугарски ,српски....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom