Странски зборови во македонскиот јазик

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Објаснување некое ????!!!!!!

Што означува суфиксот „ИЗАМ„ пример во зборовите "механизам", "хероизам"?

Зошто има "деспотизам", но не и "тиранизам"?

Има "монархизам", но не и "демократизам"?

зошто има будизам и марксизам, но нема христијанизам??????
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544

-изам потекнува од старогрчки -ισμός (-ismos), преку латинскata верзија -ismus и е суфикс за образување апстрактни именки што изразуваат акција, процес,состојба, наука (дисциплина), систем, верување, класа, доктрина (учење), итн.

Одлично ти е прашањето за несиметричноста во употребата на -изам. Одговорот е: поради многу различни причини, меѓу кои веројатно најчеста е јазикот изворник. Најчесто, -измите потекнуваат од латински зборови кои влегле во македонскиот преку некој друг светски јазик. Патем, во доцниот средновековен латински постоела формата chrīstiānismus односно „христијанизам.“

Интересен е фактот дека јазиците не се математички логични системи со совршена симетрија односно аналогија. Имаш илјадници примери на несиметричност во било кој јазик -- примери за тоа се неправилни глаголи, множини, несиметрична употреба на заемки која ја посочи во твоите примери, итн.
 
фала за објаснувањето, но мене сеуште не ми е јасно во целост- по се изгледа суфиксов изам се употребува САМО кај зборови кои би рекол се тешки, мрачни, грди, ЛОШИ ;)... тероризам, варваризам...
а никаде кај зборови кои се спротивни- и означуваат нешто добро.
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.964

Земи ја книгава од Култура.

Објаснување за -измите, првенствено за исихазмот преку учењето на Берѓаев. :)
 
Па не се сите мрачни, грди или лоши -- што има лошо во романтизам, хуманизам, урбанизам, плурализам, велосипедизам, или алпинизам? Како што реков, она што е заедничко за -измите е дека најчесто се апстрактни поими или именки, научни дисциплини (правци во уметност), итн. Освен тоа, суфискот -изам се додава на основа која е странски збор па затоа често пати таквите зборови се неразбирливи и звучат „опасно.“ ;)

На шега (или во сленг) ќе чуеш некој да рече, Ова е претеризам, сељачизам или педеризам. Се разбира, овие -изми не припаѓаат во категоријата за која зборував.:)
--- надополнето: Jun 29, 2011 5:37 PM ---
Земи ја книгава од Култура.

Објаснување за -измите, првенствено за исихазмот преку учењето на Берѓаев. :)
Хмм...мислам дека Бердјаев не е баш најсоодветна популарна литература за лингвистичка анализа на -измите. Да се разбере исихазмот потребни се теолошки познавања и личен опит во молитвата.

Поздрав Вокерче!:)
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.964
Точно.

Ова го предложив зашто има еден дел каде што одлично објаснува за наставката од тој аспект (поинаков од лингвистичкиот), односно дали е позитивна или негативна, наспрема теолошките размислувања.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom