Стравот, како една од основните емоции „програмирани“ во човековата психа, се јавува за да не` заштити од ситуации и нешта што можат да ни наштетат. И како таков е полезен, односно предност.
Поентата е што кај луѓето се јавуваат разноразни благи disorders у психа, па оттука има некои видови на „некорисни“ стравови, како на пример фобии- кои се најбизарна работа што човек може да си ја уврти у глава затоа што се јавуваат без никаква реална причина и затоа што се преувеличени. Сликовито прикажано, како пример: во реалност да ти се појави сериски убиец со сатар во рака и да проба да те заколе, природно и полезно е да ти се јави страв што ќе те поттикне да го уклучиш „снаоѓај_се_како_знаеш“ копчето и да се одбраниш. Во ваква ситуација е нормално да се плашиш. Од друга страна, ако ти имаш константна фобија од темница затоа што хипотетички има некои 0.0000001% шанса да ти се појави убиец со сатар и да проба да те убие, само зошто ова си го видел некогаш на филм, тоа е ирационален страв затоа што е јасно дека it`s all in your head.
Таквиот страв е неполезен и за џабе ја напнува психата и ствара тензија без никаква причина.
Леле, ќе фатам да пишувам студија на оваа тема, ко што тргнав.
Сума сумарум: има страв и страв. Во некои ситуации и форми е полезен и предност, во некои други е штетен за психата и маана.